Горе долу се познаваме какви сме на пијанство и како реагираме. Еден е позборлест, друг е терсен и агресивен, трет прави други далавери, но една работа која сите ги поврзува е туркање на бариерите кои ги поставуваме при трезност.
Пијанството не го оправдува неверството во никој случај. Секое претерување со алкохол и исклучување од реалноста е пост-состојба, која причинско-последично резултирала од претходна состојба во која лицето било трезно и внесувало одредени количини на алкохол. Што значи умислено љока, љока и љока, свесен е дека можи да се задефектова(познавајќи се себеси) но не превзема ништо, туку се препушта на задоволството кое го има во умислата, кое на крајот ,,излегува од границите" и резултирано со неверство.
Постои едно нешто што се нарекува самоконтрола, која се ограничува со тоа Супер егото на Фројт, преку Егото, за да се потисни Идот и нагоните кои се наоѓаат во него.