Дали пијанството го оправдува неверството?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пијанството го оправдува неверството?

  • Да

    Гласови: 69 17,4%
  • Не

    Гласови: 328 82,6%

  • Вкупно гласачи
    397
Абе @Crazy in Love страна да завезмам? Со тоа што ќе завземам страна да се согласувам целосно со ставот на едниот или другиот?
Не е црно бел светот по кој одиме. Посебно кога си со некој и го сакаш. Ставот ми е дека секој е поразумен кога е сингл - погрешно го форулирав ова. Мислев на човек кој не е заљубен во некој туку има еден вид на „монашки“ живот. Се репрограмирал несвесно (најчесто поради нанесена болка од надворешен фактор. Истотака ставот може да се смени кога ќе видиш (а со тоа и осетиш) некои за себе нови работи. Само прашај се порано колку друкчие си ја идеализирала љубовта, па види до кај ќе стигнеш.
Човекот што признава дека се менува од степен до степен, ги разбира нештата пообјективно. Оној кој не признава, ги разбира субјективно.
 
Абе @Crazy in Love страна да завезмам? Со тоа што ќе завземам страна да се согласувам целосно со ставот на едниот или другиот?
Не е црно бел светот по кој одиме. Посебно кога си со некој и го сакаш. Ставот ми е дека секој е поразумен кога е сингл - погрешно го форулирав ова. Мислев на човек кој не е заљубен во некој туку има еден вид на „монашки“ живот. Се репрограмирал несвесно (најчесто поради нанесена болка од надворешен фактор. Истотака ставот може да се смени кога ќе видиш (а со тоа и осетиш) некои за себе нови работи. Само прашај се порано колку друкчие си ја идеализирала љубовта, па види до кај ќе стигнеш.
Човекот што признава дека се менува од степен до степен, ги разбира нештата пообјективно. Оној кој не признава, ги разбира субјективно.
Јас се имам променето од вакви или онакви причини. Имам созреано, сосема поинаков ми е погледот кон светот за разлика од пред 7 години. Сосема нормално нешто. Еволуција.
Но, во поглед на варање, алкохол и се останато, јас уште го имам истиот став. Дури и во 2007 отвори тема за тоа дали пијанството го оправдува варањето, каде исто вака жестоко си го бранев ставот.
Мене не ми прави разлика дали сум сингл или со дечко. Варањето не го оправдувам никогаш! Без разлика дали е со намера, без намера, под дејство на алкохол или не. Не знам како тој што е сингл размислува поразумно, ама ете сингл сум, па пак е тој ставот, што има врска едното со друго?
Не постои објективност. Се е субјективно, посебно кога станува збор за вакви теми, бидејќи секој си ги креира според сопствено искуство.
 
Не сум сигурен дали темава е за сите или за приватна конверзација се работи. :pos:

Инаку ми се има десено блекоут на друго место да се разбудам ама чисто сумњам дека во таква состојба би можел да правам било што вклучувајќи и изневерување. :eek:
 
@Crazy in Love јас па друкчие би го формулирал ова:
Секој кој се имал начукано а знае дека не може да се контролира, дефинитивно си има проблем во главата.
Пошо коа човек е начукан, отиден е. Човек кога е трезен а знае дека ќе отиде ако се начука, има проблем кој треба да го решава. А девојката ако знае за неговиот проблем и цело време и стои на страна, не треба да вика дека човекот ја варал, затоа што самата таа знае дека човекот си имал мака со алкохолот а нема ништо помогнато за да го натера да престане. Настрана „алкохолизмот“ целата поврзаност е колку алкохолот е изговор за оправдување на неверството. Што по мене, има мноооогу за дискусија и е независно од случај во случај. Некој се опива за да се опушти и на крај не му паѓа да се случат несакани сценарија. Но има и такви кои ти ги кажуваш дека вадат изговор во неверството со пиење. Исто ќе се повторам како папагал, ама тука игра и улога колку човекот е подложен на алкохолот и колку може да се самоконтролира ПРЕД да ја посегне првата чашка.
Воглавном ти и јас имаме слично гледиште, само што вака форумски што би се рекло, повеќе хипотетички ја дискутираме работата отколку реално би дејствувале. Посебно фактот дека ете за себе зборам пошто сум сингл во моментот - разумноста повеќе делува сега. Кога би ме удриле емоциите и хормоните, би пишувал сосема друг одговор.

Се случува. Секому се има случено да се напие и утредента да си се смее на глупостите што ги има лупано.
Ама има разлика меѓу лупање киксови и варање. Ако знаеш дека не треба да извараш, нема да извараш, макар и најпијан.

Го тераш муабетов кон алкохолизам, а нема никаква поврзаност. Има луѓе пијат секој втор-трет викенд, лабаво, не се начукуваат ко стоки секој ден, тоа не значи дека имаат проблем со алкохолот. И сега ако некој извара пијан, другиов треба да рече, леле има проблем, кутра душа. Како да не.
Алкохолизмот си е посебен проблем, што нема врска со варањето. Посебно во 20тите години. Едно е некој секој ден на пие и да љока и да се начукува, друго е од време на време да се опушта за време на викенди и при тоа да прави глупости од типот на варање.

Потполно се согласувам со Саладин.
И за да го доловам ставот ќе кажам една случка што ми се има случено, што не сакам баш многу многу да ја кажувам, ама ај.
Значи бев излезена со двајца другари и имаа текила. И само ние тројца земавме да пиеме текила. Едниот што возеше се откажа од пиењето (паметно!), а јас и другиов другар продолживме. И мислам дека цела текила ја испивме. Значи јас не се сеќавам на ништо од вечерта. И тој што возеше уствари ми кажа дека наводно сум се смувала со третиот. Значи, незнам детали што и како, освен дека он го направил првиот чекор. Е сеа, тогаш не бев во врска, и веројатно не би искочила со нив да бев, ама тоа не е поентата. Поентата е што јас тој тип никогаш не сум го гледала на друг начин освен како другар. И ако сум се смувала со него, може ќе сум се смувала и со друг некој додека сум во врска.
Така да, тоа што Саладин го има пишано, го имам доживеано и знам како е. Значи, јас затоа што знам дека можно е да направам нешто глупаво ако се начукам до толку, не би било препорачливо да пијам толку многу кога сум во врска. И не го ни правам тоа. Ама некој некогаш може пример ненамерно да претера или да направи лоша проценка кога му е доста и сл...

Е сеа, знам дека ако некого сакаш не треба ни во потсвеста да ти стои изневерувањето, и колку и да си пијан не би требало да направиш некоја таква глупост. Ама, не сите знаат што ни се крие во потсвеста. И НИКОЈ, ама баш НИКОЈ, не е совршен.

Што се однесува до простување, да можам да бидам сигурна дека партнерот мој бил до толку пијан да не се сеќава ништо, има шанси да му простам. Зашто која е поентата да се љутам за нешто што не се ни сеќава дека го направил, нити пак осеќал нешто? Ама, многу зависи и причината од која се начукал и колку му верувам дека стварно никогаш не би го направил тоа на трезно.

Така да, ни за мене не е ништо црно бело. И мислам дека неможеш да знаеш многу работи, се додека не ги искусиш.
 
Хм, имаше едно, ја се стварно не сечам кад сам био трезан.

Океј, не до толку ама склон сум да претерам со алкохол (што прекинува лека-полека) али ипак, сум бил пијан, сум бил во врска. Никогаш, значи, никогаш не сум помислил да отидам со друга. Може сум зјапал ко попален мајмун или сум си правел филмови но не, не сум тргнал.

Така да валда е самоконтрола. Исто и со тие што прават проблеми кога се пијани, скроз исто, самоконтрола.
 
кога се начукував за да не се сеќавам што сум правела дур сум пијана....па имав негде 18, ај и 20 нека се. ама после бе луѓе, не пијам за да не знам што правам! пијам за да се забављам :) а мене лично не ми е забавно да паѓам, да не знам кај сум, што сум, најмалку што правам. срам ќе ми е следниот ден, нема баш да се смеам...
за изневерувањето под алкохол...можеби и би простила, ако е еднаш и крај, толку! втор пат више ако се деси ееј се начукав, извини, не сум ја крив, алкохолот, ма пииип мајката! ако знаеш дека не се контролираш кога ќе се начукаш, нема да се начукаш и готово :) не е толку тешко
 
Ништо не оправдува изневерување, па ни алкохол.
Ќе се најде некој шо ќе рече дека еден бакнеж (песни рој) не е нешо страшно и не мора да се крева толкава галама, шо можда и е точно ако ти е дисфункционална врската.. Ама да се трудам ја околу некој, да го пазам ко очите, и несакајќи да се цивнат во поздравување со другарка ќе го кастрирам, не па да дознаам дека начукан гејмал и смувал некое девојче.
Ќе се најдат и луѓе со изговор дека стварно не знаат шо праат кога пијат. Нив им препорачувам да си стаат на кантар дали повеќе им вреди либето или тоа да се отворат, коа се више свесни дека се' може да се случи кога пијат. У крај краева, сигурно искачате со луѓе шо ги знаете, нека ве пази некое другарче или нешто -.-
Енивејс, изговори има 600 ама оправдување нема на темава. Стварно.
Да си ја изгубиш врската, или у најмала рака да ја изгубиш довербата ако ти прости партнерот, зашо не знаеш да се контролираш и да бидеш одговорен човек е дебилно. Пијан бев, не знаев шо правам, она мене ме смува, ја нејќев, ништо не значеше, не ја ни познавам.. Fuck off.
Ако си доволно возрасен да си нарачаш алкохол, доволно возрасен си и свесно и совесно да го конзумираш, или да си ги сносиш последиците otherwise.
Ја не би простила ништо вакво.
 
Ајде прво да елиминираме од муабетов ситуации на коматозно пијанство, пијанство од кое не се секаваш на ништо. Еве прво за машките. Кога си дрво пијан нема таква дроља што ке легне со тебе а и да се најде некоја да легне, сонот ке биде побрз од ерекцијата и тоа под услов повраќаницата да не е во игра. За женските е малку подруго оти секогаш има типови на кои никоја трезна не би им дала па за нив е вистинска прилика ако начекаат некоја комирана, немаат проблем ако комираната спие или повраќа, ке си ги испразнат мудата а може да си ги повикаат и другарчињата да го сторат истото па дотичната да си добие и реданка... и утре на ништо да не се сеќава. Затоа сметам дека тешкото пијанство не е тема на муабетов туку вистинската тема е дали кога сме поднапиени умерено, повеке или помалце пијани ама не сме комирани, можеме да заборавиме на верност и партнер па да изневериме а потоа да се правдаме со алкохолот. Алкохолот ги симнува маските од нашите лица. Многу е точна поговорката дека во виното е вистината. Значи дека ако некој изневери кога е пијан тој изневерува или ке изневери и кога е трезен. Алкохолот не е причината за изневерувањето, алкохолот е само алатката, тоа што ќе те опушти и ке ти даде храброст да го направиш она што го сакаш и кога си трезен, алкохолот само ке ти ја симне маската и ке ти ги олабави стравовите кои си ги носиш со себе кога си трезен. Ако не бил алкохолот неверството ке се случело или ке се случи и на трезно само тогаш под влијание на некоја друга слабост на која ке се правдаме ако не фатат. Така да неможе алкохолот да биде оправдување.
 
Koa e pijan:
Missed call 3:30
Missed call 3:42
Missed call 3:56
Missed call 4:12
Missed call 4:27
Missed call 4:50
Missed call 5:05
Messages (23)

Uopste ne stravuvam :-D
Zatoa i ne mi e decko :-D

Dali ke prostam? Kako da ne prostam? :-D
Kako vi uspeva toa "ne prostuvam" ne znam. Ke se lutam, but he will awlays be my sweetheart. <3
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Koa e pijan:
Missed call 3:30
Missed call 3:42
Missed call 3:56
Missed call 4:12
Missed call 4:27
Missed call 4:50
Missed call 5:05
Messages (23)

Uopste ne stravuvam :-D
Zatoa i ne mi e decko :-D

Dali ke prostam? Kako da ne prostam? :-D
Kako vi uspeva toa "ne prostuvam" ne znam. Ke se lutam, but he will awlays be my sweetheart. <3
супер... такви како тебе се бараат... ај ке те вара дечко ти секоја недела под изреката „пијан бев“ и ти верувај му вечно. Ти одговара вака?
 
Па нели кога си пијан се јавуваш на саканата личност то ест на партнерката/партнерот? Нели, затоа што во виното е вистината? :pipi:

Инаку не оправдувам во никој случај. Се изјаснив во темата за љубовни проблеми дека доколку ти мрда газето раскини па крши глава, ем тогаш нема да мора да даваш изговори. Не прифаќам ништо. Биди ако сакаш дупка пијан, неверство е неверство. Се ебел/а со друг додека ти си го/ја чекал/а дома, што не е јасно?
 
Не би рекол дека го оправдува, но е олеснителна околност, под услов некој да не се начукал намерно за да има изговор после...

Ултимативно, јас се прашувам, кој воопшто би сакал да остане во врска со некој што дозволува да се опијани до таа точка што не знае што прави, па не сакајќи завршува во кревет со некого.
Тоа не е особина што е баш пожелна за мене и не гледам како би можела да биде пожелна кај било кого.

Така да, да ми се случеше вакво нешто, веројатно би размислувал долго како да постапам и ако сум сигурен дека ете било случајно и еднаш, нешто како freak accident и нешто што никогаш не би се случило под нормални услови, тогаш веројатно би преминал преку тоа.

И фала богу не би ја оставал да пие многу!!!!! Позз Саладин.
 
супер... такви како тебе се бараат... ај ке те вара дечко ти секоја недела под изреката „пијан бев“ и ти верувај му вечно. Ти одговара вака?
Epa here I am, sto uste baras? :-D
Nemam decko hehehe :-D
 
Па нели кога си пијан се јавуваш на саканата личност то ест на партнерката/партнерот? Нели, затоа што во виното е вистината? :pipi:
Има луѓе што се начукуваат со ракии и чуда па затоа не вртат кај саканите личности пошо у ракијата не лежи вистината.
 
Има луѓе што се начукуваат со ракии и чуда па затоа не вртат кај саканите личности пошо у ракијата не лежи вистината.

Џабе се трудиш да бидеш интересен кога не ти успева.
Туку зборувам за делот кога некој е пијан и тогаш се појавува периодот кога си го кажуваш она што го чувствуваш, она што сакаш да излезе на површина без разлиак колку си сакал да го криеш. Тебе тоа ти се случувало? :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom