Дали патриотизмот е христијанска наука?

Мики многу контрадикторности изнакажа, на едно место викаш елиминирајте ги непријателите.. на друго сакајте ги непријателите..
Ќе поставам едно прашање да знам во која насока да го насочам муабетот.
Дали ти и останатите христијани кои се декларирате како патриоти би ја бранеле својата држава,народ,општествено уредување.. доколку би биле нападнати од надворешни агресори?
 
Мики многу контрадикторности изнакажа, на едно место викаш елиминирајте ги непријателите.. на друго сакајте ги непријателите..
Ќе поставам едно прашање да знам во која насока да го насочам муабетот.
Дали ти и останатите христијани кои се декларирате како патриоти би ја бранеле својата држава,народ,општествено уредување.. доколку би биле нападнати од надворешни агресори (еве Грција ќе ја земам за пример)?

Ќе реплицирам само во делот каде што за пример ја имаш земено Грција и ќе те замолам да ја избришеш, затоа што ниту е реално таква ситуацијата, ниту пак има некоја шанса за да се случи тоа. Значи најлесно ви е за лоши примери секогаш да ја земате Грција, а тоа допринесува за зголемување на револтот кај македонците и недобрососедски односи со сите земји околу нас.
Поздрав.

едит: ако ние не се бориме против надворешни агресори, нашите комшии сигурно нема.
 
Мики многу контрадикторности изнакажа, на едно место викаш елиминирајте ги непријателите.. на друго сакајте ги непријателите..
Ќе поставам едно прашање да знам во која насока да го насочам муабетот.
Дали ти и останатите христијани кои се декларирате како патриоти би ја бранеле својата држава,народ,општествено уредување.. доколку би биле нападнати од надворешни агресори?


Не изнакажав никакви контрадикторности, туку изнакажав онака како што е одредено во Црквата. Живеењето според православната христијанска вера, значи уредување на својот живот, доброволно, според волјата Бојжа но не претворање на самиот себе во автомат, во компјутер, на кој, кога ќе му се инсталира одреден софтвер, тој компјутер работи само во рамките одредени од софтверот, без никаква слободна волја и можност да стори нешто кое е надвор од тие софтверски рамки и услови на работење.

Да, точно е дека Бог забранува убивање, тоа е совршено јасно. Но, што ако некој или некои сакаат да ме елиминраат? Што во тој случај? Треба да им проповедам дека Бог не сака убивање, а баткиве сакаат да ме „збришат„? И што би било тогаш „попрактично„ јас да ги „збришам„ или тие мене да ме „збришат„? Јас би се одредил за првата можност! Убиството на непријателите, иако се непријатели, сепак останува грев на душата од убиецот и тој (убиецот) иако сторил оправдано убиство (самоодбрана, обрана на своето, одбрана на својот народ, држава, татковина...) и таквиот грев треба да биде исповедан! Не постои оправдување за никаков сторен грев, дури и тој грев да има своја силна причина!

Да, бранењето на татковината од непријатели е и патриотска но и верска должност-ако веќе не постои друг начин за одбрана од непријателите и од нивната злонамера, нивната елиминација се наметнува како единствено решение, но сепак, како чин, убиството е грев, кој ќе треба да се исповеда!
 
И што би било тогаш „попрактично„ јас да ги „збришам„ или тие мене да ме „збришат„?

Доколку би бил во војската на Хитлер кој патем бил подржан од папата би бил спремен да убиваш цивили,деца како и "непријателски" војници пошто нели "христијански" е а и "практично" истовремено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom