Дали на плоштад треба да се изгради воопшто било каков објект!?

  • Креатор на темата Креатор на темата bezvezen
  • Време на започнување Време на започнување

Дали на плоштад треба да се изгради воопшто било каков објект!?

  • Не треба!

    Гласови: 118 70,2%
  • Треба!

    Гласови: 20 11,9%
  • Не треба, ама ако е црква тогаш може!

    Гласови: 15 8,9%
  • Треба, ама ако е црква тогаш не може!

    Гласови: 8 4,8%
  • Не знам!

    Гласови: 7 4,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
Можда и тоа, не ги знам состојбите таму, но ако ги вработуваат како во министерствата...само претпоставка дека е слична ситуацијата.
 
419d1677a6b5bf027184ba7d34f5a373.jpg

Прво неколку факти.
Сликава е од некаде 56-57 година, кога почнува да се гради зградата на ЕСМ.
1. Заокруженото е старата црква која што е срушена мислам 60 г. после поплавата во Скопје не после земјотресот како што се мисли.
2. Црквата се наоѓала кај што “почитуваниот“ г. Грчев го смести трговскиот Лумикс (или како се вика) и овој факт сигурно му беше добро познат но “испушти“ да го каже.
3. Црквата си била во солидна состојба пред да ја срушат, можеби и требала само ситна санација. И си се наоѓала на сосема прописно место покрај улицата, денес кај што стојат таксисти а тогаш нели во функција и не се наоѓала над „клоака максима“.
4. Со политичка одлука тогаш да не се трошат народни пари за “глупости“ како санација на црква таа е срушена и на нејзино место беше познатата „Коцка“ каде се случуваа свирки.
5. Господинот Грчев иако знаејќи го фактот што имало на тоа место заедно со уште двајца колеги го проектираат и го туркаат да се изгради ова за мене грдо чудо од трговски наречено Лумикс.

Мое мислење.
Граденење на црква не може да е штетно. Местото и времето на градење на оваа црква се дискутабилни.
Државата може да кофинансира градење на секави објекти од јавен интерес. Твдењата дека овој објект не е “интерес“ на сите граѓани не држат бидејќи на пример исто е како градење на некоја улица или незнам спортска сала, некаде во свирипичино и јас да викам дека не сакам да се гради, бидејќи јас никогаш нема да поминам по таа улица или да играм во таа сала.:toe:
Местото каде што сега се планира изградбата и според мене не најсоодветно и најправилно би било да се сруши грдосијата Лумикс и на негово место, врз старите темели на црквата да си се изгради нова.
Е сега тоа е нели скапо и не знам колку исплатливо ама треба да се поведе постапка и некој да сноси одговорност за сите небулози кои се направени со непланското и неодговорно градење на секави грдосии во и околу центарот на Скопје.

Црква да, но на местото на Лумикс.
 
На локација на која што е предвидено да се изгради тоа ќе значи капитална недоместрлива грешка. Да се затвори и да се загуши тој дел, од каде веќе продолжуваат улиците кон и од плоштадот е смешно.
 
Не се согласувам. Баш вчера бев да видам што се случува на Баскер Фест, и впечаток ми остави преголемата гужва, загушената атмосфера... Уште ако се изгради таков објект како што е планирано, завршија работа...:toe:
 
На локација на која што е предвидено да се изгради тоа ќе значи капитална недоместрлива грешка. Да се затвори и да се загуши тој дел, од каде веќе продолжуваат улиците кон и од плоштадот е смешно.

Точно се сложувам дека новата локација е спорна.

Но прашање до сите Архитекти КАДЕ БЕА кога:
1.Се изгради МНТ.
Проект предвиден за изградба во пустина, некоја од арапските земји имала потреба и распишале конкурс. Словенци учествувале и биле одбиени и како резервна варијанта ај ќе им го увалиме проектов на Македонциве. Објектот е тотално нефункционален и неуклоплив во околина.
2. Се изградија НБМ, Пошта, студентскиот Гоце...
Било модерно некаде во тунгузија, градење со бетон и ајде и кај нас ќе правиме така.
Со кој памет и која економска оправданост се изградени овие објекти во Скопје. Зимно време имаш игало, оди затопли го да те видам. А летно време имаш фурна па повели издржи внатре.
3. Најновиве згради како аквариуми (од стакло) што се.
Исто тераме мода ама со мнооогу големи пропусти.
Не сме во Дубаи или Сингапур... или не знам каде. Немаме Море и Сонце и не патиме од влажен воздух. Во другите европски градови кај што има вакви аквариумски фасади се внимавало да стаклото е поставено под таков агол да се рефлектират фасадите од околните стари градби и со тоа и погледот на нив е пријатен и во склад со околината. Кај нас имаме заслепувачко светло кога е сончево и тотално отстапување од околината.

Со набројување може да се оди до недоглед, бидејќи 60 г. имаме хаос во градењето и неоправдано рушење на значајни објекти како во Скопје така и во другите градови во Македонија.

Не сум архитект затоа критиките ми се чисто од естетски и економски карактер, што сум ги забележал и ми сметаат лично. Не настапувам како некаков стручњак. Затоа барам одговор од стручни лица (архитекти) да ми појаснат ако сум грешка, и да одговорат зошто немаше тогаш “Архитектонски востанија“.

ПС. Не сум припадник ни на политичка партија па не сакам да ме ставате во некаков кош, ако ме нападнете нешто. :smir:
 
Не,Не треба да се гради никаков објект на Плоштадот..
:salut:
 
Не треба се знае плоштад за што е не може на никола груевски му прднало црква да се гради и ке се гради ,плоштад се знае за што е претераа више го упропастија градот
 
Нема потреба од никаков објект на плоштат
 
1.Се изгради МНТ.
Проект предвиден за изградба во пустина, некоја од арапските земји имала потреба и распишале конкурс. Словенци учествувале и биле одбиени и како резервна варијанта ај ќе им го увалиме проектов на Македонциве. Објектот е тотално нефункционален и неуклоплив во околина.
2. Се изградија НБМ, Пошта, студентскиот Гоце...
Било модерно некаде во тунгузија, градење со бетон и ајде и кај нас ќе правиме така.
Со кој памет и која економска оправданост се изградени овие објекти во Скопје. Зимно време имаш игало, оди затопли го да те видам. А летно време имаш фурна па повели издржи внатре.
3. Најновиве згради како аквариуми (од стакло) што се.
Исто тераме мода ама со мнооогу големи пропусти.
Не сме во Дубаи или Сингапур... или не знам каде.
Со набројување може да се оди до недоглед, бидејќи 60 г. имаме хаос во градењето и неоправдано рушење на значајни објекти како во Скопје така и во другите градови во Македонија.
Добро бе мајсторе, еве јас сум архитект...кажи го материјалот од којшто треба да се гради!!! Кога не е бетон, стакло, метал, што треба да биде: кал, слама, камен!?!
Хаосот во Скопје е дека сите си дозволуваат да се праат експерти на тема архитектура, а не дека архитектите не знаат. Ме интересира, како не прават луѓето вакви анализи кога се болни од нешто, туку одат во болница, на лекар.
Анализава ти е тотално паушална и за несреќа се поистоветува со мислењето на голем број скопјани што немаат поим што во Скопје кога е изградено и од кого. Се даваат оценки за објекти како за наредени тикви, без грам познавање од историја на архитектура и развој на град. Најлесно е да прекрстиш раце и да кажеш што не чини, а тоа затоа што и тој што денес го гради објектот не слуша никого дали тоа чини или не чини.
Сите објекти горе наведени по многу нешта се разликуваат од тоа што денеска се замислува (вклучително и црквата на плоштадот), а тоа е што се вистински одраз на времето во кое се градени, поголемиот број неписмени ќе кажат комунистички, ама не се свесни дека така во моментот се размислувало на поголем простор, во целиот цивилизиран свет. Тие може рамноправно да застанат до објекти што се граделе во Франција, Италија, Шпанија, Германија итн. во истиот временски период. Проблемот во однос на климата е многу важен, ама ако сериозно се разгледа, тој доаѓа оттаму што таквите објекти бараат посоодветен третман, одржување и поголема сериозност во изведбата (што за нас не е случај). Состојбата со тие објекти такви какви што се денеска е резултат на негрижа и несовеснот.
МНТ е објект што ниеден скопјанец не го сака (веројатно само архитектите), ама кога тој би бил во вистинска кондиција, сеуште би бил дел од светски архитектонски магазини. Јас не сум којзнае колку импресиониран од него, ама многу повеќе би се гордеел кога тој објект би го симболизирал времето во кое сум живеел, отколку некакви си квази-еклектични официрски домови или средновековни цркви (21 век е).
На крајот на краиштата, сите сакате да имате скап мобилен, лаптоп, да возите убава спортска кола и спротивно на се ова до сега да живеете во куќата на Барби со антички столбови - патетично.
Проблемот со црквата, поточно со објектот на таа локација (не е проблем што е црква) не го правете политички и верски. Локацијата не издржана за каков било објект. Не е лошо да бидете космополити и да ги послушате архитектите и урбанистите, ако не за друго, барем за овој случај...
 
Не, не треба да се гради било каков објект!

Проблемот со црквата, поточно со објектот на таа локација (не е проблем што е црква) не го правете политички и верски. Локацијата не издржана за каков било објект.
:toe:
 
Ne znam sto se zapnale tolku so gradenje na plostad. Pa od cela Makedonija zasto bas vo centarot na Skopje? Neka izgradat vo Tetovo, vo Strumica, pa i vo Skopje, ama so mera, vo druga naselba, ne vaka. Kolku ke bide natrupano be... Ili ako bas mora vo Skopje, neka ja smenat lokacijata. Nasiot plostad ne e tolku golem za da mozeme da si dozvolime izgradba na crkva na nego.
Znaci, mene mi e seedno dali objektot e crkva, spomenik, ili bilo sto drugo. Smetam deka ne treba da se naoga na plostad.
 
Не знам јас сум против градење на црква на плоштад го силуваме Скопје без разлика на која партија припаѓаме да не го силуваме Скопје достасе се само спомениците па и црква и каде плоштад никаде ве молам господа не ни го силувајте Скопје оставетего каков што е плоштадот а за да градите имате многу не ви е битен плоштад.
 
На “Македонија“ фали само Александар на Букефал. И тоа не 22 метри висок, туку 44 :) Спомениците на Гоце, Јане, Марко и др. можат да се распределат насекаде низ градот.

Квази-патриотизам со воскреснување на Официрски и други објекти, е лицемерие.
 
Квази-патриотизам со воскреснување на Официрски и други објекти, е лицемерие.
Па да, и за Офицерски и "воскреснување" други објекти е исто, прашање е колку му треба на Скопје и на тоа место...Во стил ќе ги изградиме подобри и постари. А чуму?
 
на плоштадот треба да се стават рампи и да се забрани пристап на сите дневни кафетерџии кои даваат по 100 денари за кафе...значи на рампите ке се наплака влезот 100 денари...а навечер младите ке бидат ослободени...да си ватат женска де:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom