Дали музиката ви претставува инспирација?

Дали музиката ве инспирира?


  • Вкупно гласачи
    113
музиката ме инспирира посебно кога сум емотивно скршено, е тогаш почнувам некои текстови да пишувам да забегувам.
иначе музиката знае и многу да ме расположи...
 
Ако се разбудам и си пуштам музика имам инспирација за убави чувства и ми тргнува денот убаво , исто и кога заспивам сакам да заспивам со музика да ме инспирира за убаво да си заспијам исто кога сум паднат скроз коа ќе си пуштам нешто музиче знае да ме крене да си запеам и да заборавам на се :wink:
 
Не само што ме инспирира туку и ме води во многу голем дел од животот.
На музиката и на лириката која ја следи:pipi:
 
Сакала или не, музиката секогаш ме инспирира, помалку или повеќе. Треба само доволно длабоко да навлезеш во неа, во нејзината суштина, во испеаните зборови и сликата која ти се создава во меѓувреме. Додека ја слушам, се раѓаат неверојатни умотворби, дела, приказни кои некогаш ги запишувам на лист хартија, некогаш остануваат во мене, а некогаш и ги реализирам замислените замисли. Се е плод на музиката! :)
 
И тоа како многу. Често пати кога пишувам нешто, состав, песна, страници од романчето, морам да слушам музика, обично ја пуштам според расположението, но најчесто е некоја посмирена, кулирачка, која ми прави некој филм без да сакам. Бојата на гитарата, целата поврзаност ми помага во остварувањето на зацртаното, ми го пружи допирот со истото од поблиску.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom