Дали може љубов помеѓу братучеди?

  • Креатор на темата Креатор на темата love_comes_again
  • Време на започнување Време на започнување
Еваааа забегани. Во која група не знам да ве класифицирам. Како бе љубов помеѓу братучеди освен роднинска- другарска јас не разбирам како поинаку. Далеку од нормално е ова
 
чек сеа, проблемот за љубов со фамилијарни членови е биолошки или религиозен?
 
Се вљубив во моја трета братучетка...тоа го дознав откако почнав да и се пуштам,сега е више прекасно за назад.Треба ли да ја окончам врската или да продолжам да се гледам со неа?
 
Јас не знам кој ми се вторите братучеди, а ти си се засекирал за третите. Ако гледаш малку подалеку во државава до 1,5 мил жители ги рачунам само етничките македонците секој на секое е некој 4ти, 5ти.7 ми братучед. Инаку не сум сигурен но мислам дека дека за трето колено за братучеди не се рачуна за крвно сродство, мада провери си закон и прашај некој доктор во врска со тоа дали ќе има генетски последици ако евентуално некат имате дете. П.с Кај рамковните и со први и со втори брачудеи се плескаат и се женат ти си се засекирал за трети братучеда. П.С.С Јас не ни знаев дека постоји терминот трети братучеди.
 
У нашето село се имаат втори братучеди земено и немаат проблем :)
 
Според мене едино лошо со братучеди се ако се ептен блиску први/втори тука има проблеми ...а све над тоа не гледам зашто би било лошо...
 
Еј ова ми е болна тема. Шо убаво пиче требаше да си ќарам,на крај дознаваме дека сме 2ри братучеди :tapp:
 
Според семејното право Со секое раѓање доаѓа до намалување на заедничката крв меѓу роднините, (мешање со туѓа крв), и со тоа се намалува интензитетот на сродничката врска.
 
Добро бе, од толку многу луѓе кои не ви се роднини, да се прилепите за братучеди/ки?!? Нормални ли сте?
Кој има ваков проблем, нека си побара стручна помош, дур не е доцна. Да не ви дојдам таму да ве истепам сите:D
 
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 16:31 ---
Добро бе, од толку многу луѓе кои не ви се роднини, да се прилепите за братучеди/ки?!? Нормални ли сте?
Кој има ваков проблем, нека си побара стручна помош, дур не е доцна. Да не ви дојдам таму да ве истепам сите:D

Братучетке, не рипај и ти сеа, да не те издадам.

;)
 
Според законот се што е трето колено и нагоре е легално,реално ват д фак е тоа трети братучеди,досега не сум запознал такво нешто у животов ..:facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom