Blazen e onoj sto ne videl a poveruval!
Нели...? Мислам ова Христ му го рекол на Тома . Иииии воедно ова е една од најзлоупотребуваните работи -реченица од страна на религиите . Демек верувај во ветришта , мразој , м'гли и виулици . Оваа е само половна реченица . Библијата и те како ја има издефинирано ова работа , ...не оставила место за нагаѓање .
Римјани 1 - ред 17...цитат
"Бидејќи во него се открива Божјата ПРАВЕДНОСТ , ОД ВЕРА ВО ВЕРА , како што е напишано "ПРАВЕДНИКОТ ЌЕ ЖИВЕЕ ПО ВЕРА " -затворен цитат
Се е кажано јасно и недвосмислено .Значи верник не е некој што нагаѓа постои непостои ...и само тоа и го вергла..........ТУКУ мора да се изјасни преку еден заокружен систем на праведност во кој верува и го практикува .
Затоа и вели "Христ е крајот на Законот на праведноста"...."Слово на праведноста"..."Законот на праведноста"...итн
Е за да не се види целата лажност кај религиите овие фино лепо НИКОГАШ не се изјаснуваат што подразбираат под праведност и за каков заокружен вредносен систем на праведност се залагат а нелиииии како би се оправдала догмата "Црквата е вечна"..........оти ако било кога се изјаснеа....оооооодамна и ќе ги немаше .
Уствари после 300-тата год кога састанчеле на тие васељенски собири...тогаш за пари и статус кај Римјаните ....христијанството го прогласиле насила за религија ..иако ова било идеологија. Успешно ширена идеологија која многу личела на комунизам . Сега прашањето дали на Исус и апостоли и многу други им требал еден Бог кој дава вечен живот а која е многу примамлива понуда...за да си ја шират идеологијата....е друго прашање .Ама ќе видиме понатаму во што навистина верувале тие луѓе ....што поимале под тие термини што се споменуваат во библија и која им била логиката да го прават тоа што го правеле по цена на сопствени животи.