Да, може да се рече дека стариот телефон Nokia 3310 ме потсетува на едно време и на една личност од тоа време, го користев тогаш интензивно телефонот за пораки до таа личност. Сегашниот телефон Motorola E398 не ме потсетува на никого освен на себе, бидејќи тој 99% ми служи како вокмен а не како телефон: во него ако би можел и целиот компјутер со се сите MP3-ки, слики и спотови би го пренел ама за жал телефонот собира само 512MB! Во него чувам и стари пораки, кои иако се стари-ми значат, го користам и како аларм, и како калкулатор, и како потсетник, дневник и се останато-така да ако ми го снема, ќе ми треба подолг период да се привикнам на неговото остсуство!