Дали мислите дека со форумов созревате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Созревам умствено, има грст на луѓе од кој стварно можат да се научат фасцинантни работи, повремено и да смениш ставови околу некои нешта за кои си бил скептик и слично.
Телесно се уназадуваш, те боли кичмата, гзот од седење и те печат очи... али јебига нема 2 добра одеднаш. :smir:
 
Хм, не, не се чувствувам така. Едноставно, уште кога се зачленив на форумов знаев дека во него нема да гледам како на нешто многу сериозно... Едноставно, извор на забавни информации, постови, цитати и други слични работи. Секако, се наоѓаат тука голем број теми кои во себе содржат паметни размислувања, корисни текстови и поуки, и што ли уште не, но сепак, на овој форум гледам како на едно големо виртуелно поле, а барем јас за себе правам голема разлика меѓу виртуелното и реалноста.
 
Да.

Веројатно тоа е затоа што на форумов дојдов есента, летото господово 2006то, со тазе наполнети 15 години се приклучив на дружината тука. Царуваа теми на кои се дискутираше од философски аспекти, се споделуваше животното искуство на постарите членови од мене и некои нивни совети мислам дека придонесоа за и јас денес да се развијам во „нормален“ тинејџер кој знае да пресуди што е добро, што е лошо за него. Имаше а и сега има многу теми од информативен карактер од кои можеш да научиш многу ако сакаш. Кога ќе си ги погледнам постовите тогаш и тие сега, забележувам голема промена во моите ставови, за среќа на добро, со моралот и совесноста на ниво.

Дивајн, Форчн и Крејзи ин Лав во „Љубов и секс“ и „Општи муабети“, Ада и Серпико во „Философија и психологија“, Бацилус Гагус насекаде:), Мистичен, Фликс и Точкест во „Фотографија“, Фантом и Син во „Фудбал“, Викторгг од аспектите на јазикот и моралот.. да не набројувам, има многу членови кои можат да не` научат нешто плус и да го споделат нивното знаење, кое за жал, не се добива на училиште :(. Затоа, би им рекла само едно големо благодарам. :)
 
Иако сум многу малку на форумов т.е само 2 месеци сватив дека
ако сакаме можеме многу да научиме .. се разбира зависи како го гледаме форумот ... дали само како една занимација/забава или како нешто посериозно ..
Има многу интересни а и воедно информативни теми од кои може да се научи за буквално се... од љубовта до политиката, спортот, здравјето, семејството и слично ...
 


Кратко и јасно-ДА
Да ви го кла.


Ако направам сопствена ретроспектива, увидувам дека форумов влијаел премногу на мене. Покрај секојдневното читање и постирање на форумов, на некој начин незабележливо доаѓа до промена на ставовите и одредени гледишта кои на позитивен начин ме сменале. Иако се` помалце квалитетни членови, мене ми е мерак да читам секакви мислења, бидејќи веќе знам на што да се ослонам за понатаму.
 
Не би можела да напишам дека созреав со форумов, ама научив некои работи кои после се испоставило дека ми требаат.
Форумов е убав начин да го искажеш своето мислење, да продискутираш, има многу интересни теми можеби порано имаше повеќе или јас грешам, сега некако како да преовладуваат препуцавања за тоа кој е од една партија кој е од друга. Луѓето кои и првиот пат кога го отворив форумов и почнав да читам по темите беа оние кои ги водеа дискусиите и понатаму ги почитувам и сакам да им ги читам мислењата. Кога си ги читаш минатите постови сфаќаш дека веќе стануваш поинаков, размислуваш критички, ги разглобуваш работите и сл. Тоа може и сеуште ме држи до форумов да го отворам да ѕирнам по темите и да останам активна:pipi:
 
па фино е кога ке се согледаат мислењата и ставовите на другите, со тоа си се пронаоѓам понекогаш себеси а и добра прилика e да се прошират и знаењата за некои работи ;)
 
Да, мислам дека созреав многу на форумот на моиве години. Разменувањето мислења, теми кои ме „натераа“ да размислам малку и многу други работи прават да учам нешто ново. Фала му на форумов.:smir:
 
Читам различни размислувања, искуства и совети, некои теми ме тераат да размислувам длабоко... со еден збор ќе речам да но само за овој форум бидејќи имам профило и на други но се немам навратено повеќе од 5 пати за разлика што на овој сум секоја ден независно дали пишувам или само читам постови.
 
Па ете нека се рече и созревање :) Јас поубаво би рекла го одбивам она неприфатливото за мене : успешно учам да не се замарам со одредени искомплексирани луѓе, со љубомора и фејк ствари. Три нешта кои ме вадат од кожа :icon_evil
 
..Не.Сеа,секој гледа поинаку на овој форум,но сепак сметам дека не може да направи да созреам,освен да ме натера да станам зависна од компјутеров и да не фаќам книга да учам.Е мислам дека тогаш би било ....лошо.

Затоа сето ова го гледам како вид на забава,запознавање луѓе....
 
запознаваш нови луѓе, слушаш туѓи искуства и мислења, дискутираш на одредена тема... па да мислам дека донекаде созревам...
 
Не. Форумов е место за забава, и никогаш не би го сфатил сериозно, па ни за созревање. Во последно време е полн со клошари, глупи фаци и болни фанатици. Пред година дена беше далеку поинтересно, сега сите се фраери,интелегентни и го дрват со обраќање на фамозната драга кајгана се со цел да покажат со каков вокабулар владеат и колку тоа нејасно(wanna be) може да го претстават нивниот динамичен и толку интересен живот. Греота :kesa:
 
У последниве 2-3 дена почнав и да се интересирам за најразлични ствари...дрн дрн...се зачленив на почеток само ради рубрика(или шо и да е) фотографија..али сеа глеам дека све било интересно бе еј!
Ја недорасната па сеа мора мерки да пораснам малце нели...сепак тука фалкултет срмота е да не ги знаеш стварите шо ги пишуе по форумов.
И луѓето се супер. Не видов ниеден/на да навреди некој друг или слично.

Ми се свиѓа, многу поучна работа.

У секој случај едно големо ДА за промената на моите ствови кон неколку ствари у животов.
 
На форумов ме зачлени внука ми . СЕ почна како шала ,ама пријатно се изненадив од длабочината на размислување на младите и темите кои ги разработуваат, после ова добив многу поголема верба во нашата младина ,многу ми е интересно да ги читам постовите ,јас се трудам да бидам кратка и конкретна во моите постови, во секој случај здоволна сум .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom