Дали Марија имала деца после Исус?

Koга бројот на моите години ќе го поделам со бројот на куќата во која живеам и му додадам разлика од годините на Тетка ми и Брачед ми Славе, ќе добијам број 12 што е еднаков на бројот на Апостолите!!

Хакуна Матата

Јас видов дека некои ситуации во животот кои те исплашиле те насочиле да го бараш одговорот и решението во религијата. Тоа не е ништо чудно, секој човек има такви точки на преломување, некои ја достигнуваат во текот на животот, некои не, јас можам да дискутирам со тебе за она што го кажува светото писмо, а не да дискутирам дали ти си во право да веруваш во Исус или некој таму е во право да верува во светиот кондор или можеби некој Еским да верува во светиот пингвин. То е ствар на вера, на која има секој право, али ако ги гледаме фактите, во евангелијата пиши дека Исус имал 4 браќа и неколку сестри. Не пиши ни полу браќа или полу сестри, ни братучеди ни ортаци ни другари. Пиши браќа и сестри. Тоа значи дека Марија физички забременувала и раѓала повеќе пати во животот. А Исус го нарекуваат крал на Израел или крал на Јудејците и како доказ вадат родословие кое од Давида преку татко му на Исус, Јосиф водат до него. И тоа пишува во евангелијата. Ние сега можеме да ги протресуваме фактите, а јас тебе нема да те терам да си ја смениш верата, ниту ми е од некое значение дали ти ќе веруваш или не и во што ќе веруваш. То си е твоја лична работа.

се е така како велиш ....точно ..така си пишува ........

ама ...Let 3............разбери бе чоек ...........они се верници ........

они несмеат да си веруваат на очите ...........:pos:

Уште денеска мојот единствен син има 9 години. Некаде околу почетокот 1999 година мојата жена бремена (во 6/7 месец) беше на контрола кадешто и го прекинаа радосното исчекување на новороденчето. Таму и рекоја дека со плодот што го носи, нешто не е во ред. Нё пратија во една од најдобрите европски клиники на контрола. Таму само потврдија дека нашиот син ќе дојде на свет со тешка срцева деформација која се појавува годишно еднаш на 7 милиони жители!

Со 7/8 години, доживеав како после вакцина во тетовската болница, почна раката да ми “скапува“. Пошто тетовските лекари незнаеја што е тоа, ме пратија во козле. Таму многу љубезно ме пречека примариус .др. Јаничиески, кој сиротиот појќе ме водеше на сликување и чудење одколку на лекување. Уште црви што не ми излегуваа од раката. На детската болница во козле имаше една табла на која пишуваше кој ги донирал техничките уреди на болницата. Нити на крај памет не ми паднало дека баш во таа земја којашто ги донирала уредите ќе биде моето дете оперирано на срце.

spiros.........па можеше бе чоек веднаш да кажеш .............

ние свашта си помисливме ...........

Ти уствари лекарите и хирурзите ги поимаш како бог и Господ .........

ти држи логиката ...да знаеш ..и они ностат бели мантили....ти заличеле на ангели
 
Не гледам причина зошто Марија би морала да остане девица и по породувањето на Исус.
Да беа Јаков, Јосиф, Јуда, Симон и останатите сестри ословени како браќа и сестри на Јован Крстителот никој од вас немаше да тврди дека Захарија имал друга жена пред Елисавета, дека тие биле братучеди, дека Захарија не ја венчал Елисавета туку дека ја "земал на чување" и сл.
Не сфаќам, зошто имате потреба сето ова да го тврдите за Марија? Од Марија се барало девственост единствено до раѓањето на Исус, а не потоа. Зошто и наметнувате бреме кое воопшто не се ни барало од неа?

Ne deka morala da ostane devica i po raganjeto na Hristos, no ednostavno, za Bog i takvo nesto e mozno. Postoi i takva verojatnost, od kade znaes pak deka ne bilo taka?
Od ona zborce "dodeka" ?
Ona sto vsusnost mene (a verojatno i tebe) treba da mi e najvazno e dali jas sum edna od onie za koi Isus pokazal kon tolpata "Eve gi moite braka i sestri, site sto go zapazuvaat Slovoto se Moi braca i sestri"
Dali sum? Dali?
 
A кој утврдил дека марија била девица?
На чии збор му се верува дека како девица забременила и како девица родила? Има ли негде во евангелијата некој дел каде се опишува како и кој потврдил дека хименот на Марија е нескинат како дело на семоќен бог?
 
Башка као ќе искочи дете од таму ако не е скинат хименот? :)
 
Koга бројот на моите години ќе го поделам со бројот на куќата во која живеам и му додадам разлика од годините на Тетка ми и Брачед ми Славе, ќе добијам број 12 што е еднаков на бројот на Апостолите!!.

И без годините на тетками и братчедми, ... бројот на мојата куќа е 12 !:toe:

Хакуна Матата

Јас видов дека некои ситуации во животот кои те исплашиле те насочиле да го бараш одговорот и решението во религијата. Тоа не е ништо чудно, секој човек има такви точки на преломување, некои ја достигнуваат во текот на животот, некои не, јас можам да дискутирам со тебе за она што го кажува светото писмо, а не да дискутирам дали ти си во право да веруваш во Исус или некој таму е во право да верува во светиот кондор или можеби некој Еским да верува во светиот пингвин. То е ствар на вера, на која има секој право, али ако ги гледаме фактите, во евангелијата пиши дека Исус имал 4 браќа и неколку сестри. Не пиши ни полу браќа или полу сестри, ни братучеди ни ортаци ни другари. Пиши браќа и сестри. Тоа значи дека Марија физички забременувала и раѓала повеќе пати во животот. А Исус го нарекуваат крал на Израел или крал на Јудејците и како доказ вадат родословие кое од Давида преку татко му на Исус, Јосиф водат до него. И тоа пишува во евангелијата. Ние сега можеме да ги протресуваме фактите, а јас тебе нема да те терам да си ја смениш верата, ниту ми е од некое значение дали ти ќе веруваш или не и во што ќе веруваш. То си е твоја лична работа.

Не само ситуациите ме натерале да верувам, туку пред сё Оној што во мајчина утроба ме создал мене и секого другого и преку Мудроста и Љубовта Негова ме повикал да верувам дека за Него е сё можно!

Притоа несакам нити на кондора, нити на пингвина да им пречам, туку за чудесната Љубов и Моќ БОЖЈА да сведочам!

Јас верувам дека за БОГА е можно Дева Марија да имала и понатамошни деца и покрај тоа да остани вечна Девица!

Исто така, за мојата вера во Љубовта и Мудроста БОЖЈА не е неопходно и морално Дева Марија и после раѓањето на ИСУС да останала Дева.

Но како што веќе реков:
Јас верувам дека за БОГА е можно Дева Марија да имала и понатамошни деца но и покрај тоа да останала Девица а истовремено ми е јасно дека верата во сёмоќта БОЖЈА не е сечија работа!

И уште нешто. Што ако писмата на кои вистински не им веруваш (а ги наречуваш факти) во себе содржат клуч за решение на ова прашање со кое се занимава темава и потврдува дека и Св. Јосив и Св. Дева Марија потекнуваат од истата лоза?!

Ќе поверува ли неверникот, поради таквите факти или ќе бара тогаш друга причина да неверува? :salut:

Башка као ќе искочи дете од таму ...

Ако ние денес сме во состојба преку стомачниот зид да оплодуваме и пораѓаме, колку е тоа полесно за сёмоќниот БОГ?!

spiros.........па можеше бе чоек веднаш да кажеш .............

ние свашта си помисливме ...........

Ти уствари лекарите и хирурзите ги поимаш како бог и Господ .........

ти држи логиката ...да знаеш ..и они ностат бели мантили....ти заличеле на ангели

Кога би знаело човечанството Кој живее во срцата на Чедата БОЖЈИ, тоа засигурно би се однесувало со многу поголем респект кон сите луѓе, а не само кон лекарите .

А кога сме кај лекарите, во нивните редови (за жал) не се инкарнирани само Ангели ГОСПОДОВИ!

БОГ да нё чува од оние лекари што не се поклонуваат на ГОСПОДА и (повеќе или помалку) посакуваат да бидат обожавани!
 
spiros
по братски те прашувам , ако не сакаш не мора да ми одговориш.
каков беше твојот став кон религијата и воопшто кон бога пред 11-12 години. повторувам ако не сакаш не мора да одговараш.
поздрав
 
По братски и ти одговарам: ГОСПОД никогаш не ми бил сёисто, но не сум Го доживувал како денес!

Погледни еден пост погоре како LET 3 сака да ме изиграва со бројот на куќата и како ГОСПОД ...!

Или пред некоја недела излеговме на утринска прошетка со синот Давид и кога гледам на неговата глава полно снегулки (снежни кристали) во форма на Давидова звезда која дури и во старата индиската култура е знакот за чакрата на срцето. Побрзав да го сликам таков и првата слика што можеше да се препознае Давидовата звезда беше следнава:

davidpict2999sp1.jpg

Обрати внимание на бројот на сликата ... 2999sp1.jpg

ХАЛЕЛУЈАХ + Елахмдулилах + Алилуја !!! :icon_bigg

Чудесен е Живиот ГОСПОД без Кого никој неможе да живее!

п.с. Името на мојата жена има тесна врска со снегулка, а таа одсёсрце сакаше да има син и да се вика како што се вика тој денес. Јас ја убедував да се вика Михаел или Георг, но таа нити за жива глава не дозволи друго име! :icon_bigg

п.п.с. Кога би пишувал како и колку јас недостојниот Ја доживувам Живата Милоста БОЖЈА (Господ Исус ХРИСТОС), мислам дека би морал да престанам да работам и да се посветам само на пишувањето за кое несум нити доволно образуван.
 
Со фотографија работам некои 20 години, со дигитална некои 3 години.
Ова се накнадно уфрлени делови над постоечка слика.
Тоа е моето мислење. Ако имаш некое спротивно мислење од моето, имаш форум “фотографија“ постирај ја таму и запрашај за мислење дали белите флеки се накнадно уфрлени. Можеби јас грешам?
Можеби твојата камера е благословена од господа та дури и бројот на фотографијата е во склад со некој божји план за човештвото, можеби со твојот апарат ќе биди сликан и страшниот суд.

А сега за темата за Марија и децата. Исус имаше браќа и сестри. Така пиши во евангелието. Не пиши ни побратими ни полу браќа ни братучеди. Од каде идеја дека Марија после Исус или пред Исус немала деца не знам. Тоа е МУАБЕТ а не факт. Факт за верник е она што пиши во библијата, а таму убаво е наведено дека Јаков, Јосиф, Шимун и Јуда се браќата на Исус кои заедно со мајка му Марија дојдоа да го приберат Исуса пошто мајка му Марија мислела дека полудел. Е сега имаме ситуација дека некој си дух (за кој не знаиме од која националност е) му се јавил на Марија дека ќе затрудни од бога, дека ќе роди вундеркид, и таа и покрај сето тоа и покрај што ете родила син како девица, и покрај што праела муабет со светиот дух, после за истиот син сметала дека е ненормален?! и тргнала со останатите свои деца (браќа и сестри на Исус) да го земат дома оти мислеле дека е луд.
 
И јас - преку Милоста БОЖЈА - исто така имам малкуц искуство со фотографија. Не сум некојси професионалец но ете одвреме навреме чкрапнувам по некоја слика.
Кој се сомнева дека сликата е монтирана, тој има проблем со себеси!
Јас му давам за право да ја стави сликата на испитување а уште и две други ќе му дадам на кои добро се познаваше звездата. Иншалах да послужат за убаво. !

davidpict3001ld9.jpg

davidpict3004tj1.jpg
!

А сега за темата за Марија и децата. Исус имаше браќа и сестри. Така пиши во евангелието. Не пиши ни побратими ни полу браќа ни братучеди. Од каде идеја дека Марија после Исус или пред Исус немала деца не знам. Тоа е МУАБЕТ а не факт. Факт за верник е она што пиши во библијата, а таму убаво е наведено дека Јаков, Јосиф, Шимун и Јуда се браќата на Исус кои заедно со мајка му Марија дојдоа да го приберат Исуса пошто мајка му Марија мислела дека полудел. Е сега имаме ситуација дека некој си дух (за кој не знаиме од која националност е) му се јавил на Марија дека ќе затрудни од бога, дека ќе роди вундеркид, и таа и покрај сето тоа и покрај што ете родила син како девица, и покрај што праела муабет со светиот дух, после за истиот син сметала дека е ненормален?! и тргнала со останатите свои деца (браќа и сестри на Исус) да го земат дома оти мислеле дека е луд.

Националноста (што ти ја споменуваш) и верската припадност во јудејството се наследуваат (автоматски) од мајката!

Значи каква и да ё националната припадност на таткото, таа воопшто нема влијание врз истата на детето, туку припадноста на мајката е решавачката.
БОЖЈАТА Милостива СВЕТЛИНА и ДУХ е пред секоја вера и нација а во ИСУС таа ја исполни својата СОВРШЕНА ИНКАРНАЦИЈА!
 
И

Националноста (што ти ја споменуваш) и верската припадност во јудејството се наследуваат (автоматски) од мајката!

Значи каква и да ё националната припадност на таткото, таа воопшто нема влијание врз истата на детето, туку припадноста на мајката е решавачката.

Во кругот на семејството таткото ја има потполната власт. Можеше ако сака да ја продаде ќерката во рбје. Во раниот период на Стариот завет можеше таткото да ги казни со смрт непослушните деца. Можеше да се разведи од жената без некоја посебна причина. А на синовите можеше да им одбере жени.
Жената беше сопственост на мажот и таа него го сметаше за свој господар. Наследтвото му припаѓаше само на синовите, та дури најстариот син имаше посебни привилегии да добие двојно повеќе неследство во имотот на таткото. Единствено ако нема воопшто машки деца, имотот му припаѓаше на ќерките инаку тие не добиваа ништо. А ако немаше воопшто деца, имотот го наслеуваше најблискиот машки роднина. Во еврејската заедница синот беше наследник на лозата и често носеше и име или назив кој кажуваше чиј син е.

За разлика о тебе јас проучувам. Можам да дискутирам со тебе за апсолутно се, свадбени обичаи, погреби, раѓања, облеки, јадења, обичаи, општествени односи, економии, единици мерки, географија, трговија.... кај евреите (и кај другите народи).

Е сега биди љубезен па дај каде имаш податок дека “ Националноста (што ти ја споменуваш) и верската припадност во јудејството се наследуваат (автоматски) од мајката! Значи каква и да ё националната припадност на таткото, таа воопшто нема влијание врз истата на детето, туку припадноста на мајката е решавачката.

Пошто ова е гоолема невистина, (неќам да кажам дека лажиш) али би сакал да знам со кого дискутирам (карактерно).
Со нетрпение го очекувам твојот одговор.
 
...

Пошто ова е гоолема невистина, (неќам да кажам дека лажиш) али би сакал да знам со кого дискутирам (карактерно).
Со нетрпение го очекувам твојот одговор.

Машалах, машалах, ... прво сликите ми биле монтирани, сега сум ширел голема невистина, после којзнае за што ќе бидам оклеветен !?

Кажими пријателе што многу книги читаш, обичаи, родослови, погреби, свадби, ... проучуваш: Дали ако ти дадам доказ дека:

spiros напиша:
Националноста и верската припадност во јудејството се наследуваат (автоматски) од мајката!

Значи каква и да ё националната припадност на таткото, таа воопшто нема влијание врз истата на детето, туку припадноста на мајката е решавачката!

Ќе постанеш ли верен на Живото ЕВАНГЕЛИЕ и никогаш повеќе нема да ги злоупотребуваш писмата, кои во суштина не ги разбираш ?!
 
Машалах, машалах, ... прво сликите ми биле монтирани, сега сум ширел голема невистина, после којзнае за што ќе бидам оклеветен !?

Кажими пријателе што многу книги читаш, обичаи, родослови, погреби, свадби, ... проучуваш: Дали ако ти дадам доказ дека:

Ќе постанеш ли верен на Живото ЕВАНГЕЛИЕ и никогаш повеќе нема да ги злоупотребуваш писмата, кои во суштина не ги разбираш ?!

Дај доказ и јас ќе станам верен на Живото Евангелије.
 
Ne deka morala da ostane devica i po raganjeto na Hristos, no ednostavno, za Bog i takvo nesto e mozno. Postoi i takva verojatnost, od kade znaes pak deka ne bilo taka?
Od ona zborce "dodeka" ?
Ona sto vsusnost mene (a verojatno i tebe) treba da mi e najvazno e dali jas sum edna od onie za koi Isus pokazal kon tolpata "Eve gi moite braka i sestri, site sto go zapazuvaat Slovoto se Moi braca i sestri"
Dali sum? Dali?

Шуќур!!!

Еве некој кој точно го разбрал Христовот обраќање кон присутните: со тоа обраќање, Он и мајка Си ја поиствоети со оние кои Го следат неговото учење. Така, паѓа во вода тезата дека мајката Божја има и други деца освен Христа. Не е ни случајно тоа што ниту еден од Светиите не споменува никакво друго дете освен Него, кој е наречен и Единороден и Првороден, што значи дека после Христа, од Богородица никој друг не е роден.
 
Е сега биди љубезен па дај каде имаш податок дека “ Националноста (што ти ја споменуваш) и верската припадност во јудејството се наследуваат (автоматски) од мајката! Значи каква и да ё националната припадност на таткото, таа воопшто нема влијание врз истата на детето, туку припадноста на мајката е решавачката.

Пошто ова е гоолема невистина, (неќам да кажам дека лажиш) али би сакал да знам со кого дискутирам (карактерно).
Со нетрпение го очекувам твојот одговор.

Дај доказ и јас ќе станам верен на Живото Евангелије.

Moeto svedostvo e verodostoen podatok i dokaz:

Националноста и верската припадност во јудејството се наследуваат (автоматски) само од мајката!

Секое бебе кое зачнува во утробата на мајка еврејка (јудејка), автоматски ја добива јудејската верска и национална припадност!

И кога таткото би бил евреин (јудеец), кога мајката во моментот на зачнување не е еврејка (јудејка), зачнатото се додека не ја прифати јудејската вера и нација, не е евреин (јудеец)!

Dovolno li e?
 
Право да ти кажам ме остави без зборови.
Го гледав “доказот“ некои 10 минути, го препрочитав неколку пати, станав од компјутер, малце низ дома некои работи фатиф колку да се релаксирам, и пак еве седнувам и го читам и .... едноставно не ми е јасно. Па ај пошто гледам ги владееш јудајските закони можеби мене ми промакол некој, да ми наведиш каде е наведен овој закон кој го напиша. Во Мишна или во Гемара, во Талмуд Бабли или Талмуд Јерушалми. Помогни ми те молам оти ова неизвесност е неиздржлива !!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom