Дали Марија имала деца после Исус?

Не разбирам зошто е воопшто битно дали имала деца после Исус. Сепак она била девица кога го родила, зошто да не би имала потоа семејство друго.
 
Не разбирам зошто е воопшто битно дали имала деца после Исус. Сепак она била девица кога го родила, зошто да не би имала потоа семејство друго.
A шо му паѓа тогаш Јосиф на Господ.
баџанак?
 
Не разбирам зошто е воопшто битно дали имала деца после Исус. Сепак она била девица кога го родила, зошто да не би имала потоа семејство друго.

Се сложувам дека тоа не е најважното, освен да се покаже колку на ИСУС му е важна Волјата БОЖЈА (Мт. 12:50)!

Во останатото се работи за принципот вера!
Дали е можно за БОГА да забремени Девица?
Дали е можно за БОГА и после раѓањето Девицата да остане Девица?

Одговорот на вистинскиот верник е ДА!

Зарем денес (2000 години после рождение Христово) не е можно Девица да забремени и да роди, без да ја изгуби својата невиност?

Одговорот на секој нормален човек е ДА!

Ако за нас несовршени луѓе (денес) тоа е можно, колку повеќе е можно за СОВРШЕНИОТ БОГ!?

И уште едно прашање: Дали Дева Марија е можно да имала и понатамошни деца и да била и понатаму Девица?

И тука одговорот на вистинскиот верник е ДА! Можно е!

Дали поради нејзината вера кон БОГА треба да се почитува или обожава Дева марија?

Никој друг нетреба да се обожава освен Единиот БОГ, Оној БОГ чија Прамилост (преку Светиот ДУХ) се отелотвори во ИСУС!

Оној СОВРШЕН БОГ, Кој вистински беше во СОВРШЕНОТО Милостиво Срце ИСУСОВО!

Дева Марија е најблажената жена и творевина во универзумот, а нејзината безусловна вера и љубов кон БОГА, најсветлиот пример што една жена воопшто го направила!

Затоа, Блажена Дева Марија треба да се почитува многу повеќе од што тоа е во праксата случај!
 
А бе го донесовте доказот дека има бог во релација со парче кожичка во женска вагина (хименот)
Денес докторите успешно и рутински го санираат хименот па жени кои имале односи пак се “девици“ така да не е некој штос девица да роди.
 
А од прва рака ли знаеш дека можат така добро да санираат? :nesum:
 
А од прва рака ли знаеш дека можат така добро да санираат? :nesum:

Ко што ти од иста рака знаеш дека Марија била девица и безгрешно зачнала и останала девица цел живот.
 
Лет, дај не „..мудрувај по својот ум...„ туку дај категоричен одговор: имала или немала? За мене, темава е одамна апсолвирана: мајката Божја, нема(ла) други деца, освен Еднородениот/Првородениот Христос, Синот Божји.
 
Упорно го извртуваш напишаното во Писмото, а таму јасно пишува дека Марија имала и други деца освен Исус.
 
Упорно го извртуваш напишаното во Писмото, а таму јасно пишува дека Марија имала и други деца освен Исус.

Таман работа ако го извртувам напишаното во Писмото-имам доволно ум, кој ми вели дека такво нешто не е дозволено и со извртувањето, само би си ставил беља на мојот грб и за тоа би одговарал на судниот ден. Према томе, не, не го извртувам напишаното, туку само го потврдувам. Евангелските стихови и нивното светоотечко толкување се на моја страна- во православието, расчистено е еднаш за секогаш дека Богородица нема(ла) други деца, освен Едниородениот Син Божји, Христос.

А дека е тоа так, може да заклучи и здравиот и со предрасуди неоптоварениот разум: мајката Божја го раѓа Синот Божји, значи раѓа БОГ а не човек, и со тоа е завршен дел од нејзината улога во Светов. Апсурд е да се каже дека Богородива може истовремено да биде мајка и на Бога и на обични смртници истовремено.

Плус тоа, Христос е помал/најмлад од своите браќа и сестри (од Јосифова страна) и со тоа е јасно дека после Него , НЕМА други браќа и сестри, родени од Богородица.

А мајата Божја, Богородица, е именувана со изразот „Богородица„ токму од таа причина: Го родила Христа и само Христа, оти кога би родила и обични смртници, тогаш Црквата не би и доделила таков епитет-„Богородица„, туку некој посоодветен за жена која раѓа и смртници.
Плус тоа, никаде (во ниеден запис) никој (од Светоте Оци) никогаш не наведува ниедно Богородичино дете, освен Христа.

Да се навратам на евангеслките стихови: погледни како Христос реагира и кон кого/кон кои луѓе го насочува внимането, кога кон Него се упатени зборовите „...Ете, мајка ти и браќата твои, и сестрите твои, надвор се и те бараат..„ (Марко, 3.32).

А Он вели: „...Па упатрувајќи поглед кон оние што седеа околу Него, рече:„Еве ги Мојата мајка и Моите браќа...„(Марко, 3.34).

Внимавај на Христовото однесување: Он и Мајката Своја ја поистоветува со присутните, а не Неговите придојдени браќа и сестри!
 
И според Марко 3-32 јасно е дека се работи за биолошки брака и сестри, а и според Матеј од следниов стих јасно е за што станува збор.Дека Марија имала и други деца.

Матеј: 13:55 Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда?
 
Од стиховите е јасна саде една работа: дека Христос имал браќа и сестри, неспорно, но никаде во евангелијата не е наведен ниту еден стих кој јасно и недвосмислено вели дека тие браќа и сестри Христови се родени од Богородица, исто онака како што е јасно и недвосмислено дека Исус е зачнат од Духот и роден од Марија.

Токму затоа, потребно е точно толкување на стиховите, а не само онака како е запишано. Таков е православниот пристап кон целото Писмо:
- се чита она кое е запишано
- се толкува она кое е запишано.

И според Марко 3-32 јасно е дека се работи за биолошки брака и сестри, а и според Матеј од следниов стих јасно е за што станува збор.Дека Марија имала и други деца.

Матеј: 13:55 Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда?

Внимавај на болтуваното„. Не е ли Овој Син на дрводелецот?„ Ако кон стихот пристапиме механички, ќе испадне дека Јовив Му бил биолошки татко на Исуса Христа, а еванеглието јасно ни вели од Кого е зачнат и од која жена е роден Он! Така, механички толкувано, евангелието би било противречно-еден стих ни вели дека Исус е зачнат безгрешно, од Духот Свет и роден од девојка, а друг евангелски стих ни вели дека Јосиф е таткото Исусов, така? И?
 
Да Библијата се толкуваше по она како што е запишано ќе немаше ТИ РЕКОВ МИ РЕЧЕ ...
 
Лет, дај не „..мудрувај по својот ум...„ туку дај категоричен одговор: имала или немала? За мене, темава е одамна апсолвирана: мајката Божја, нема(ла) други деца, освен Еднородениот/Првородениот Христос, Синот Божји.
Према библијата имал 4 браќа Јаков Јосиф Шимун и Јуда и неодреден број на сестри, а самиот Исус по неговиот татко Јосиф бил од семето Давидово.

По други извори имал и брат близнак, но пошто се тие извори од текстови кои не се влезени во новиот завет ќе ги прескокнам. (близнакот се споменува и во новиот завет иако не се потенцира дека е блазнак на Исус)
 
Let не ја тупи. По некои ПИШАНИ-НЕПИШАНИ, Исус бил ова или она. Имал едно или друго ...
Зарем не се уморивте од темава?!
 
Бидејќи одговорот за мене е јасен, ај да не тапиме понатаму...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom