Дали Марија имала деца после Исус?

Од мојата најрана младост, сум сакал (можеби) повеќе од билокого на овој свет, човек кој се противел дека е возможно девица да зачне и да биде бремена.
Врз него (во мојот внатрешен а и надворешен дијалог) сум ја пројицирал сета моја невера сё додека се освестив дека и јас сум (во некоја рака) сличен на него.

Значи, јас верував дека е можно девица да затрудни и биде бремена а неверував дека може да биде девица и одкако ќе роди.
Во тие моменти кога увидов колку сум неверен, ми се отвори да видам како е (дури и за нас луѓето денес) возможно и девица да забремени и девица да биде после раѓањето!

Ме сваќаш што мислам?

Е, ако за нас грешници - денес - тоа е можно, колку е повеќе можно за СЁВИШНИОТ?!

поздрав

п.с. Мојата жена ми има родено две дечиња со царски рез!
 
Од мојата најрана младост, сум сакал (можеби) повеќе од билокого на овој свет, човек кој се противел дека е возможно девица да зачне и да биде бремена.
Врз него (во мојот внатрешен а и надворешен дијалог) сум ја пројицирал сета моја невера сё додека се освестив дека и јас сум (во некоја рака) сличен на него.

Значи, јас верував дека е можно девица да затрудни и биде бремена а неверував дека може да биде девица и одкако ќе роди.
Во тие моменти кога увидов колку сум неверен, ми се отвори да видам како е (дури и за нас луѓето денес) возможно и девица да забремени и девица да биде после раѓањето!

Ме сваќаш што мислам?

Е, ако за нас грешници - денес - тоа е можно, колку е повеќе можно за СЁВИШНИОТ?!

поздрав

п.с. Мојата жена ми има родено две дечиња со царски рез!

индијанците во јужна Америка веруваа дека Хернар Кортес е божество, и сметаа дека коњ на кој јаваше (а кој им беше непознат) и огненото оружје се боженствени орудија. Го сметаа за отелотворен бог Кецалкоатл.
Ти веруваш дека девица родила, иако Павле чии дела настанале најрано (пред евангелијата) такво нешто нигде не споменал, та дури ни со еден збор не ја споменал ни Марија, мајката на Исус. Ти велиш дека девица родила затоа што некој непознат писател кој не ја прегледал Марија дали била или не девица , ниту бил со неа дење ноќе да гледа кој ја осеменил, напишал дека тоа бил Бог. Па ај вака, Кај Лука ангелот му се јавува на Марија да и каже дека ќе рооди, додека кај Матеј анггелот му се јавува на мажот и Јосиф, да и каже дека ќе роди, кај Матеј семејствотона исус мора да бега во Египет да го избегни колежот на Ирод, додека кај Лука пак мора да одат во Втлеем заради пописот..... ако се обидеш да составиш сценарио како се одвиваа работите по евангелијата ќе видиш дека исус мораше да биди истовремено на неколку места.

Тоа така и поминуваше додека црквата имаше сила да ги прогонува и заплашува оние кои се обидуваа да постават “незгодни“ прашања. уште во почеток на 16 сти век папата Лео 10 сети вели “Досега добро ни служи овој мит за Исус“
 
Марија била девица до раѓањето на Исус, а потоа си родила и други деца т.е. најмалку 6 (4 полубраќа и 2 полусестри на Исус).
Ангелот и се јавил прво на Марија, а потоа на Јосиф. Лука го запишува првото јавување, а Матеј второто.
Семејството Јосиф, Марија и Исус биле на пописот во Витлеем каде Марија го родила Исус, а потоа тие избегале во Египет за да го заштитат Исус од Ирод.
Јас не гледам никаква противречност. Сепак држете се до темата.
 
Не пиши полубраќа и полусестри туку браќа и сестри.
Да почниме оттука.
Држ се.
 
Пишувам полубраќа и полусестри затоа што тие имале иста мајка со Исус (Марија), но различен татко. На Исус Татко Му е Бог, а на другиве Јосиф.
 
Не пиши во заветот полубраќа или полусестри. Пишува браќа и сестри.
Оттука да почниме да видиме како да ги претвориме браќата и сестрите во полубраќа и полусестри.
 
Заветот не е пишуван на македонски јазик, туку на коине грчки јазик. На тој коине грчки јазик нема посебени зборови за полубрат или полусестра, ами се користат истите зборови како и за брат и сестра.
 
Плитко објаснуввање.
Преводилецот преведува текст од коине и иди до збор кој значи брат или полубрат сестра или полусестра. И тој од тие две думи се одлучува за брат и сестра а не за полубрат или полусестра. Така и македонскиот и англискиот и италијанскиот и францускиот и латинскиот преведувач. Сите тие кога стигнуваат до дилемата дали зборот да го преведат со брат или полубрат или сестра - полусестра се одлучуваат за брат (сестра). По кој критериум е одбран баш тој збор?
(Ако претпооставиме дека грците немале посебен збор за полубрат или полусестра)
 
индијанците во јужна Америка ...

Погоре ти пишав дека во животот сум сакал човек ( а и го сакам) кој не само што поставувал незгодни прашања туку и донесувал такви заклучоци кои Го релативираја ИСУС споредувајќи Го со други познати личности како што го правиш ти.

Со силата, здравјето, интелегенцијата, каризмата и тн. што БОГ му ја дал, наместо да го восфали БОГА преку Неговата МИЛОСТ (ХРИСТОС), тој противејќи се како што фараонот египетски тоа го правеше, упорно го споредуваше ХРИСТОС со пророкот мухамед (с.а.в.с).

За мене е болна судбината што ја доживеаја најмилите чеда на фараонот, прорококот и мојот најсакан родбина!
 
Абе ти и близнаци ако сакаш наречи ги, но факт е дека во заветот пишува дека Марија го родила Исус зачната од Светиот Дух, а другите деца си ги родила по нормален пат.
Во коине грчкиот јазик, зброот браќа влече корен од зборот "утроба" и штом двајца се родени од иста утроба тие се браќа т.е. од иста утроба - во оригиналниот коине грчки јазик.
 
и во секој друг јазик (кој јас го знам) си постои зборче ПОЛУ.
HALF BROTHER
ПОЛУ БРАТ
FRATELLASTRO
ετεροθαλήσ αδελφόσ

За разлика од

BROTHER
FRATELLO
БРАТ
αδελφόσ

Tехнички немаше збор сопствен за тоа но си постои додавка ПОЛУ која се користи во многу јазици. по твое деца од ист татко а различни мајки во грчкиот јазик не би биле браќа, пошто нема збор за таква сродност ??
 
Во коине грчкиот јазик, деца од ист татко а различни мајки се исто така браќа. Ист е случајот и во староеврејскиот јазик. Така на пример Исак и Исмаил Библијата ги нарекува браќа, иако тие имаат ист татко - Авраам, а различни мајки: Сара и Агара.
 
Чорбаџија, како од човек што ја отворил темата - и верува во Најсветото Писмо - би сакал да знам дали твојот БОГ е моќен во Девица да отелотвори човек (бебе), таа Девица да остане Девица и после раѓањето на новороденчето и дури да остане Девица и кога би родила понатамошни деца (значи браќа и сестри на првороденчето)?

Те молам пред да ми одговориш, земиси време ... !
 
Во коине грчкиот јазик, деца од ист татко а различни мајки се исто така браќа. Ист е случајот и во староеврејскиот јазик. Така на пример Исак и Исмаил Библијата ги нарекува браќа, иако тие имаат ист татко - Авраам, а различни мајки: Сара и Агара.

A каде во Библијата Исак и Ишмаил се нарекуват браќа. Јас не можев да најдам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom