Дали Марија имала деца после Исус?

Sorry, Мики, имам други погледи на нештата...верувал или не, има многу побиблиски учења од православието...Всушност тоа постојано пробаат да ти го објаснат неколку членови на форумот, и по ова и по други теми..да го цитирам Хриситјанин..вистината навистина ослободува..никој не те тера да исповедаш будизам или брамизам..туку христијанство не православие...не што рекле светите оци, туку што вели Бибилјата и Исус..а има разлика..барем по твоите постови....
 
О.К. Нека ти/Ви биде...
Јас останувам на ставовите кои и досега ги исповедав. Тоа што ти како христијанин тераш некоја друга логика, незначи дека моите постови се погрешни а уште помалку контрадикторни. Православието има свој „дух„, своја „логика„ која немора да се совпаѓа со нечија туѓа.
 
О.К. Нека ти/Ви биде...
Јас останувам на ставовите кои и досега ги исповедав. Тоа што ти како христијанин тераш некоја друга логика, незначи дека моите постови се погрешни а уште помалку контрадикторни. Православието има свој „дух„, своја „логика„ која немора да се совпаѓа со нечија туѓа.

ЗА ЖАЛ ИЗГЛЕДА ДЕКА ОВАА ЛОГИКА НА ПРАВОСЛАВИЕТО НЕ СЕ СОВПАЃА НИТУ СО БИБЛИЈАТА! :uvo:
 
Хмммм...а според ТЕБЕ, со ШТО се совпаѓа? Разбира се, очекувам од ТЕБЕ аргументирана основа на ставот кој ќе го изнесеш.
Лично, тврдам дека целото православно учење („теорија„, догми, Свети Тајни, молитви и сл) е засновано на Писмото и искуствата кои Црквата ги таложи веќе 2000 г, живеејќи според Писмото.
Светие Оци, (но и монаштвото и верниците) го толкуваа Писмото и живееја според Писмто а не според некоја друга Книга.
 
Мики, овде со денови спориме 'Дали Марија имала деца после Исус'.

Ти, т.е. православието ТВРДИТЕ дека немала ВРЗ ОСНОВА НА ПРЕДАНИЈАТА.

Писмото вели дека ЈОСИФ НЕ ЈА ПОЗНАЛ МАРИЈА СЕ ДОДЕКА ТАА НЕ ГО РОДИЛА ИСУС.
Согласен си (т.е. православието е согласно) дека под 'позна' Библијата подразбира СЕКС. Но, тоа за Марија не важи. Значи, Марија е исклучок.

Во ПИСМОТО исто така се спомнуваат браќа и сестри на Исус.
Ти, т.е. православието (како што велиш) ТВРДИ ДЕКА ТОА СЕ роднини; деца на Јосиф од првиот брак ........

КАКОВ аргумент да ти дадам. Јас се плашам да речам нешто што го нема во Писмото. Јас не можам да измислувам. Тоа е спротивно на моите верувања кои ги темелам на Библијата.

Едно е да го толкуваш Писмото и да живееш според Него, сосема друго е да измислуваш приказни кои ти одговараат (па било тоа да трае 2000 години, како што велиш ти).
Но, како што и самиот велиш 'Светие Оци, (но и монаштвото и верниците) го толкуваа Писмото и живееја според Писмто а не според некоја друга Книга.'

Е па извини, во ОВАА толкување твое, јас не гледам Библија, туку НЕКОЈ рекол вака и СИТЕ се согласиле.
 
Е па Христијанин, во ТОА е разликата...разликата е во „логиките„ кои ги користиме во нашите постови. А различни логики даваат различни размислувања и ралични заклучоци...
Повеќе пати има кажано дека појдовна основа за православието е Писмото . Но еве, не ми одговори: ако ние (православните) не ја толкуваме вистинската книга, тошаш, КОЈА книга толкуваме? Според КОЈА книга живее? Каде се запишани Заповедите? Евангелијата? Од КАДЕ произлегува православното учење?
 
Е па Христијанин, во ТОА е разликата...разликата е во „логиките„ кои ги користиме во нашите постови. А различни логики даваат различни размислувања и ралични заклучоци...
Повеќе пати има кажано дека појдовна основа за православието е Писмото . Но еве, не ми одговори: ако ние (православните) не ја толкуваме вистинската книга, тошаш, КОЈА книга толкуваме? Според КОЈА книга живее? Каде се запишани Заповедите? Евангелијата? Од КАДЕ произлегува православното учење?

НЕ ЗНАМ ОД КАДЕ произлегува ГОЛЕМ дел од православното учење, но ОД БИБЛИЈАТА СИГУРНО НЕ Е.
Но, овде не е место за тоа (имало и ќе има други теми), туку 'дали Марија имала деца после Исус'.

Јас, врз основа на она што го ПИШУВА во Писмото заклучувам дека Марија имала деца после Исус, бидејќи во Библијата пишува дека Господ Исус имал браќа и сестри.

Ти, т.е. православието заклучува дека Марија немала повеќе деца после Исус, иако во Библијата пишува дека Господ Исус имал браќа и сестри.

ОД КОЈ ИЗВОР Е ТОА?! Мене не ми е познато. ВИЕ сигурно си знаете.
Од Библијата не ќе да е!
 
Ќе да е од Библијата...но за тоа веќе сме се натегале па не би сакал тоа натегање да го почуваме одново и да се вртиме во круг. Различното толкување на евангелијата дава различни ставови кон истото и различни заклучици за тоа дали Богоридица имала или немала други деца освен Христа. Во православната Црква и денес постојат поединци кои велат дека имала (како што православни поединци велат дека постои еволуцијата) но колективниот став од Црквата е дека немала. Веќе имам напишано дека во православието, колектвниот став е валиден а поедницните можат да мислат што сакаат, до одредена граница на црковна толеранција, разбира се. После тоа. следува исклучување од Црквата.
 
Еден од идеалите во живеењето во правосланата вера е ДОСТИГНУВАЊЕТО на телесната, душевната а пред се, ДУХОВНАТА состојба во која живеела Адам и Ева во Рајот. А тие живееле ДЕВСТВЕНО, се до нивното изгонување од Рајот, кога Бог ја „анатемисува„ Ева со раѓањето деца!

Дозволете ми да ви цитирам дирекно од Библијата како Бог ја "АНАТЕМИСАЛ" Ева да раѓа деца...

"Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско. И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!” И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна! А на сите ѕверови земни и на сите птици во воздухот и на сите лазачи што ползат по земјата, во кои е здивот на животот - нека им е за храна сето зелено билје!” И бидна така. И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро - шести ден."
(Битие 1:27-31)

Што можеме да заклучиме од горниот библиски цитат:

1. Бог не ја анатемисал Ева (како што вели MIKI1), туку ја БЛАГОСОВИЛ!
2. Плодењето и множењето се воспоставени и благословени од Бог во ПЕТТИОТ ДЕН од Божјото создавање т.е. ПРЕД падот во грев, ПРЕД проклетството кое Бог им го дал на Адам и Ева.
3. Согласно 1 и 2, следува дека сексот не е валкање (како што тврди MIKI1) туку сексот е благословена работа од Бог.
 
Дозволете ми да ви цитирам дирекно од Библијата како Бог ја "АНАТЕМИСАЛ" Ева да раѓа деца...

"Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско. И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!” И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна! А на сите ѕверови земни и на сите птици во воздухот и на сите лазачи што ползат по земјата, во кои е здивот на животот - нека им е за храна сето зелено билје!” И бидна така. И Бог виде си што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро - шести ден."
(Битие 1:27-31)

Што можеме да заклучиме од горниот библиски цитат:

1. Бог не ја анатемисал Ева (како што вели MIKI1), туку ја БЛАГОСОВИЛ!
2. Плодењето и множењето се воспоставени и благословени од Бог во ПЕТТИОТ ДЕН од Божјото создавање т.е. ПРЕД падот во грев, ПРЕД проклетството кое Бог им го дал на Адам и Ева.
3. Согласно 1 и 2, следува дека сексот не е валкање (како што тврди MIKI1) туку сексот е благословена работа од Бог.

Чорбаџи, твоето токлување на Писмот претставува протестанска класика, која е преопзнатлива по следното:
- вадење реченици и зборови од контекст, зависно од потребата од толкувачот,
- прескокање на претходните и наредните стихови од цитираниот/толкуваниот стих и
- прескокање на стихови кои ја „гаѓаат„ (повредуваат) гордоста од самоповиканиот толкувач на Писмотото.

Дека Бог ги балгословил прародителите да се „..плодат и множат..„, тоа не го спорам: би бил луд да направам ткво нешто! Но, КАДЕ е (од Бога) одреден и начинот на кој тоа множење би се вршел? Во Рајот, Адам и Ева биле ДЕВСТВЕНИ и требало така да останат и понатаму! Светите Оци се на мислење/претпоставка дека во Рајот, луѓето би се множеле преку ЖЕЛБАТА за создавње ново човечко битие а не преку телесен конткат од родителите! ПА Бог не Го роди Синот на начин на кој тоа го прават луѓето! Занчи, Бог ПРОМИСЛИЛ поинаков начин за раѓање нови луѓе.

Да видиме што се случи со Адам и Ева по нивниот грев.
„А на жената и рече.„ Кога ќе бидеш БРЕМЕНА (!!!) ќе ти ги умножам и преумножам МАКИТЕ (!!!); со болки ќе РАЃАШ деца, и ќе се приклониш кон мажот свој и тој ќе ти биде господар.„ (Битие, 3,22)
„Потоа му рече на Адам:„Бидејѓи ја послуша жената твоја и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков-не јади од него-затао земјата нека биде проклета за тебе; со мака ќе се храниш од неа се до крајот на својот живот„...„трње и бодлики ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска...„...„...со пот на лицето свое ќе јадеш леб, се дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја и во земја ќе се вратиш...„ (Битие, 3,17-18-19).
„Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина, за да ја обработува земјата, од која беше земен.„ (Битие, 3,23)

Ете ја казната/анатема и кон Адам и кон Ева (змијата не ја споменувам).

Значи, Адам ВЕЌЕ е НАДВОР од Рајот.

Да видиме кога е сексот „воведен„.

„Потоа Адам ЛЕГНА (!!!) со жената своја Ева, која ЗАЧНА (!!!) и го роди Каин и рече.„ Придобив човек од Господ!„ (Битие, 4,1)

Ете ја телесната блискот помеѓу Адами Ева: ВОН а не ВО Рајот!

Што се однесува до тоа дека сексот е телесно валкање, зарем е потебно докажување? Па тоа САМО ПО СЕБЕ е јасно! Телесните течности ( и машки и женски) се тие кои ја условуваат валканоста. Веќе напишав: во истражувањата во психологијата (а не во Писмото!) познато е дека прељубодејците, особено корисниците на услуги во јавни куќи (но и поединците кои и денес практикуваат инцест!) после „услугата„ имаат неизбежен ОСЕТ за ВИНА!!! Значи, не е валканоста само телесна туку и духовна! И уште нешто: корисницте на „услуги„ во јаните куќи, по „услугата„ имаат СМРДЛИВИ ТЕЛА! Ти текува? Значи, прекршувањето на 7-мата Б0ожја заповед има свои ПОСЛЕДИЦИ!
Но, за да не останам недоискажан, ќе го наведам и следното: Да, Бог ја ОДРЕДИЛ телесната блискост меѓу сопружниците како начин на продолжување на родот човечки. Ама во СТРОГИ услови (блаословен брак) и во СТРОГО одредени периоди (надвор од постот), за да не испадне дека правњето телесни кеифови е побитно до спасението на душата. Но и за да не испадне дека бракот е параван за секакви перверзии меѓу сопружниците.
Да потсетам дека Сам Христос го БЛАГОСЛОВИ бракот, со своето прво чудо на свадбата во Кана Галилејска, претворајќи ја водата во вино, послушувајќи ја својата мајка да му помогне на домаќинот од свадбата.
Според тоа, ако бракот е благословен, и релациите меѓу сопружниците се благословени, разбира се , ако тие самите го знаат „редот„ во бракот.
 
Но, КАДЕ е (од Бога) одреден и начинот на кој тоа множење би се вршел? Во Рајот, Адам и Ева биле ДЕВСТВЕНИ и требало така да останат и понатаму! Светите Оци се на мислење/претпоставка дека во Рајот, луѓето би се множеле преку ЖЕЛБАТА за создавње ново човечко битие а не преку телесен конткат од родителите!

Аха демек кога Бог ги создал Адам и Ева, тој му рекол на Адам: Немој да си ја допирал Ева, нема потреба од такво валкање. Доволно ќе биде само да ја погледнеш и да помислиш дека она е бремена и таа ќе забремени :pos2:
А откако паднале во грев, тогаш Бог набрзинка им создал и полови органи за да се валкаат :) Оф мори мајко...
Жал ми е повеќе да ти реплицирам. Гледам дека си спремен до крај да идеш со бисерите што ги изнесуваш само да останеш под хипнозата на православието. Уживај, мое беше да ти ја пресведочам вистината и тоа го направив, а твое е во што ќе веруваш, дали во Библијата, или во научните фантастики на "светите отци".
 
Sekako deka telesnata bliskost pomegu sozdanijata(seksualnata), ne e vo vrska so duhot i rajot, rajot e duhovna sostojba na blazenstvo koga nasite dusi ke se najdat vo edna takva polozba nemat potreba od nisto i nikoj.
 
simeon, не збориме за идниот рај, туку за Адам и Ева во рајската градина, пред да направат грев. Што мислиш ти, дали Бог ги благословил да се плодат на нормален начин како што денес се плодат луѓето, или пак како што православието т.е. МИКИ тврди дека тогаш тие биле создадени да се плодат само со "желбата за создавање" или преведено на нашки: Само погледни ја твојата сопруга, посакај да имаш дете од неа и ОП она ќе забремени :)
 
Аха демек кога Бог ги создал Адам и Ева, тој му рекол на Адам: Немој да си ја допирал Ева, нема потреба од такво валкање. Доволно ќе биде само да ја погледнеш и да помислиш дека она е бремена и таа ќе забремени :pos2:
А откако паднале во грев, тогаш Бог набрзинка им создал и полови органи за да се валкаат :) Оф мори мајко...
Жал ми е повеќе да ти реплицирам. Гледам дека си спремен до крај да идеш со бисерите што ги изнесуваш само да останеш под хипнозата на православието. Уживај, мое беше да ти ја пресведочам вистината и тоа го направив, а твое е во што ќе веруваш, дали во Библијата, или во научните фантастики на "светите отци".

Чорбаџи, пошто мнооогу љубиш директни цитати од Писмото, ПОСОЧИ ми еден (директно цитиран од Писмото) во кој Бог на Адам му вели дека треба да ЛЕГНЕ (!!!) со Ева за да „...се плодат и множат...„? КАДЕ е споменато дек а Ева треба да ЗАБРЕМЕНИ за да се множи родот човечки ВО Рајот!?

А Светите Оци, како веќе напишав, се на мислење/претпоставка дека тоа множење би било од ЖЕЛБА (а не преку телесен контакт меѓу Адам и Ева) но тоа е ПРЕТПОСТАВКА не ДОГМА! Колку ми е мене познато православието, никаде не е запишано КАКО би се множел родот човечки во Рајот.
За споредба, би го додал мислењето од Светиите за тоа како Бог Отецот го родил Синот: тие велат како Бог НЕ ГО РОДИЛ Синот (т.е. не го родил по природен/човечки начин на раѓање) но не велат и КАКО Го родил (за да се избегне можноста од нагаѓање) што значи дека и Светиите НЕ ЗНААТ одредени работи, кои Бог ги чува како свој екслкузивитет.

Адам и Ева биле девствени и такви и требало да останат. Од стиховите кои ги цитирав ДИРЕКНТО од Писмото, се гледа дека телсната блискот е воведена ПОСЛЕ нивниото (Адамовото и Евиното ) истерување од Рајот. а не ВО Рајот.

И? Што е тука нејасно?
 
Елена не трески глупости!Марија после Исус немала деца!Јас сум ја процитал католичката библија!Кога не знаете не пишете вакви глупости на форумот!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom