Дозволете ми да ви цитирам дирекно од Библијата како Бог ја "АНАТЕМИСАЛ" Ева да раѓа деца...
"Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско. И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!” И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна! А на сите ѕверови земни и на сите птици во воздухот и на сите лазачи што ползат по земјата, во кои е здивот на животот - нека им е за храна сето зелено билје!” И бидна така. И Бог виде си што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро - шести ден."
(Битие 1:27-31)
Што можеме да заклучиме од горниот библиски цитат:
1. Бог не ја анатемисал Ева (како што вели MIKI1), туку ја БЛАГОСОВИЛ!
2. Плодењето и множењето се воспоставени и благословени од Бог во ПЕТТИОТ ДЕН од Божјото создавање т.е. ПРЕД падот во грев, ПРЕД проклетството кое Бог им го дал на Адам и Ева.
3. Согласно 1 и 2, следува дека сексот не е валкање (како што тврди MIKI1) туку сексот е благословена работа од Бог.
Чорбаџи, твоето токлување на Писмот претставува протестанска класика, која е преопзнатлива по следното:
- вадење реченици и зборови од контекст, зависно од потребата од толкувачот,
- прескокање на претходните и наредните стихови од цитираниот/толкуваниот стих и
- прескокање на стихови кои ја „гаѓаат„ (повредуваат) гордоста од самоповиканиот толкувач на Писмотото.
Дека Бог ги балгословил прародителите да се „..плодат и множат..„, тоа не го спорам: би бил луд да направам ткво нешто! Но, КАДЕ е (од Бога) одреден и начинот на кој тоа множење би се вршел? Во Рајот, Адам и Ева биле ДЕВСТВЕНИ и требало така да останат и понатаму! Светите Оци се на мислење/претпоставка дека во Рајот, луѓето би се множеле преку ЖЕЛБАТА за создавње ново човечко битие а не преку телесен конткат од родителите! ПА Бог не Го роди Синот на начин на кој тоа го прават луѓето! Занчи, Бог ПРОМИСЛИЛ поинаков начин за раѓање нови луѓе.
Да видиме што се случи со Адам и Ева по нивниот грев.
„А на жената и рече.„ Кога ќе бидеш БРЕМЕНА (!!!) ќе ти ги умножам и преумножам МАКИТЕ (!!!); со болки ќе РАЃАШ деца, и ќе се приклониш кон мажот свој и тој ќе ти биде господар.„ (Битие, 3,22)
„Потоа му рече на Адам:„Бидејѓи ја послуша жената твоја и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков-не јади од него-затао земјата нека биде проклета за тебе; со мака ќе се храниш од неа се до крајот на својот живот„...„трње и бодлики ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска...„...„...со пот на лицето свое ќе јадеш леб, се дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја и во земја ќе се вратиш...„ (Битие, 3,17-18-19).
„Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина, за да ја обработува земјата, од која беше земен.„ (Битие, 3,23)
Ете ја казната/анатема и кон Адам и кон Ева (змијата не ја споменувам).
Значи, Адам ВЕЌЕ е НАДВОР од Рајот.
Да видиме кога е сексот „воведен„.
„Потоа Адам ЛЕГНА (!!!) со жената своја Ева, која ЗАЧНА (!!!) и го роди Каин и рече.„ Придобив човек од Господ!„ (Битие, 4,1)
Ете ја телесната блискот помеѓу Адами Ева: ВОН а не ВО Рајот!
Што се однесува до тоа дека сексот е телесно валкање, зарем е потебно докажување? Па тоа САМО ПО СЕБЕ е јасно! Телесните течности ( и машки и женски) се тие кои ја условуваат валканоста. Веќе напишав: во истражувањата во психологијата (а не во Писмото!) познато е дека прељубодејците, особено корисниците на услуги во јавни куќи (но и поединците кои и денес практикуваат инцест!) после „услугата„ имаат неизбежен ОСЕТ за ВИНА!!! Значи, не е валканоста само телесна туку и духовна! И уште нешто: корисницте на „услуги„ во јаните куќи, по „услугата„ имаат СМРДЛИВИ ТЕЛА! Ти текува? Значи, прекршувањето на 7-мата Б0ожја заповед има свои ПОСЛЕДИЦИ!
Но, за да не останам недоискажан, ќе го наведам и следното: Да, Бог ја ОДРЕДИЛ телесната блискост меѓу сопружниците како начин на продолжување на родот човечки. Ама во СТРОГИ услови (блаословен брак) и во СТРОГО одредени периоди (надвор од постот), за да не испадне дека правњето телесни кеифови е побитно до спасението на душата. Но и за да не испадне дека бракот е параван за секакви перверзии меѓу сопружниците.
Да потсетам дека Сам Христос го БЛАГОСЛОВИ бракот, со своето прво чудо на свадбата во Кана Галилејска, претворајќи ја водата во вино, послушувајќи ја својата мајка да му помогне на домаќинот од свадбата.
Според тоа, ако бракот е благословен, и релациите меѓу сопружниците се благословени, разбира се , ако тие самите го знаат „редот„ во бракот.