Православните само декларативно тврдат дека Светото Писмо им е еден од изворите. Во пракса се покажува дека сите догми, целата богословија и црковна праска им се базира на се друго освен Светото Писмо.
Затоа тие не можат да најдат библиска подршка за:
- Крштевањето бебиња
- Култот на Марија
- Молитви кон Марија
- Вечната девственост на Марија
- Иконите
- свеќите
- бројаниците
- палењето бадникови гранчиња и локањето топла ракија
- палењето огнови пред Божиќ
- Поклонување и мирисање на коски од мртовци (мошти)
- Бакнување раце на црковните великодостојници
- Осветување на водички
- Ценовници во црква
Итн итн.
Еден од доказите е и оваа тема, каде како што можевте да видите, православните не наведоа
НИТУ ЕДЕН библиски аргумент за нивната догма дека Марија немала деца после Исус.
MIKI1, бидејќи ги величате пишувањата на ткн. "свети отци", сакам да ти наведам еден цитат од Св. Августин:
"Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!"
(Августин: За Единството на Црквата)
Како што гледаш, Св. Августин те повикува да не ја докажуваш својата вера преку соборите на твоите епископи (Вселенските Собори), туку преку Божјиот Збор (Законот, Пророците, Псалмите, зборовите на нашиот Пастир - евангелијата, зборовите на евангелистите - посланијата) т.е. ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ! (Библијата)
Со еден збор, Августин рекол: Sola Scriptura!