Дали Марија имала деца после Исус?

Дечки каква врска имаат вашите муабети со темата?
Толку ли не читате дека темата е "Дали Марија имала деца после Исус?"

Инаку раскажувачу, од тие што ги наведе, методистите се најблиску по верата до христијаните, бидејќи тие, за разлика од католиците, мормоните и православните, се држат најблиску до Библијата.
Православните и Католиците предимство им даваат на преданијата, житијата, Вселенските Собори и други слични ЧОВЕЧКИ зборови наспроти Божјиот Збор - Библијата. Оваа тема е чист доказ за тоа. Додека целата Библијата сведочи дека Јосиф и бил маж на Марија, дека тие имале односи и дека таа родила уште деца после Исус, православните и католиците, водени од своите преданија, велат дека Јосиф и бил бејбиситер на Марија, дека немале односи и дека Марија е раѓала уште деца после Исус.

Мормоните ја следат објавата на нивниот ангел по име Мормони кој, како што тие велат, имал дополнителни откровенија во некоја пештера таму..
А кој е тогаш, вистинскиот пристап кон верата? Хммм....и ова не е дел од насловот од форумов, сека ќе рече некој...
 
Вистински пристап кон верата е со отворена душа и ум, така ќе го најдете она во кое што верувате (или не верувате). Него назад на темата за сексуалниот живот на ликовите од Библијата.
 
Можеме да збруваме за отворена душа и ум за знаењето од Севишниот, а не за секоја будалаштина која денес ни се нуди и наметнува како „духовност„:
А приватниот живот од личностите од Светото Писмо, и поанатаму нека остане нивна приватност.
 
Dokolku se prstapi na religijata so vistinska smisla ke se razberat site nejzini dela kako nesto sovrseno koesto na covekot mu go vetuva najgolemoto dobro.
 
Топло да ви препорачам да ја изгледате епизодата Bloody Mary од South Park, таман е за темава...
 
СЕКАКО ДЕКА ИМАЛА!

(ајде Мики...повели со аргументите дека Марија немала деца после Исуса)
 
ќе чекам и до задутре ако треба.
само да ги видам неговите аргументи.:wink: АКО ГИ ИМА!
Ти гарантирам дека ни еден аргумент нема да му биде од Библијата :)
 
Bozjiot Zbor e vistinata.Tradicijata se menuva. Ako Biblijata veli deka Marija imala deca posle Isus i ako toj sto cita pridodava nesto na toa ili pak go menuva, ne go veruva Bozjiot zbor vo celost. Togas od kaj mu toa pravo da se narece vernik ?
 
СЕКАКО ДЕКА ИМАЛА!

(ајде Мики...повели со аргументите дека Марија немала деца после Исуса)

Полгедни ги моите постови на оваа тема, да не се преповторувам сам себе.
Ај ти докажи дека имала, под услов да не користиш протестанска логика и Куран!

Ти гарантирам дека ни еден аргумент нема да му биде од Библијата :)

Чорбаџија, ќе ги наведам уште еднаш изворите на Вистината од кои учат православните верници:
1. Свето Писмо
2. Свето предание
3. Светоотечка литература, наследена од Светиите од минатите векови
4. Богословска литература, од современите православни богослови
5. СПисанија, издавани со благослов од помесните православни Цркви , пишувани од свештенци, монаси и добро „потковани„ православни верници.
Тоа е тоа!
Значи, не е само Светото Писмо извор на вистината, но секако дека е основното! Никој во православието не вели дека чита само Свето Писмо туку користи и друга литература (наведената)! Во неа се детално протолкувани Стариот и Новиот Завет, догматските учења од Вселенските Собори, како и секое друго учење кое е изведено од Писмото а не од нечиј ум! Би звучело протестантски ако православните постојано преповторуваат и нагасуваат дека за нив, само Писмото е валидно!
 
Православните само декларативно тврдат дека Светото Писмо им е еден од изворите. Во пракса се покажува дека сите догми, целата богословија и црковна праска им се базира на се друго освен Светото Писмо.
Затоа тие не можат да најдат библиска подршка за:
- Крштевањето бебиња
- Култот на Марија
- Молитви кон Марија
- Вечната девственост на Марија
- Иконите
- свеќите
- бројаниците
- палењето бадникови гранчиња и локањето топла ракија
- палењето огнови пред Божиќ
- Поклонување и мирисање на коски од мртовци (мошти)
- Бакнување раце на црковните великодостојници
- Осветување на водички
- Ценовници во црква
Итн итн.
Еден од доказите е и оваа тема, каде како што можевте да видите, православните не наведоа НИТУ ЕДЕН библиски аргумент за нивната догма дека Марија немала деца после Исус.

MIKI1, бидејќи ги величате пишувањата на ткн. "свети отци", сакам да ти наведам еден цитат од Св. Августин:

"Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!"
(Августин: За Единството на Црквата)

Како што гледаш, Св. Августин те повикува да не ја докажуваш својата вера преку соборите на твоите епископи (Вселенските Собори), туку преку Божјиот Збор (Законот, Пророците, Псалмите, зборовите на нашиот Пастир - евангелијата, зборовите на евангелистите - посланијата) т.е. ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ! (Библијата)
Со еден збор, Августин рекол: Sola Scriptura! :)
 
СЕКАКО ДЕКА ИМАЛА!

(ајде Мики...повели со аргументите дека Марија немала деца после Исуса)
Извини Ване(по нашки),што јас ти се јавувам. Но прво треба да се преиспиташ за ова што си го напишал. Ова и во вашата религија се смета за грев. Прво муслиманите и Коранот и даваат на Богородица многу поголема чест од некои т.н христијасни те протестанти јеховисти и тн. Од сето пишано во Коранот Исус(Иса-Пејгамера) е наречен пророк Алахов,коранот ни укажува дека треба да имате почит кон Неговата мајка. Еве ги зборовите од Коранот:Ангелите и рекоа на Марија:Бог те одбра,Тој те ослободи од секоја нечистотија,Тој те избра помеѓу сите останати други жени во светот,,(с.3,ајет37). За што ја избра Бог(Алах) за достојна почит или за да појдете во грев со вакви тешки истапи.Спиела со свој стар роднина и имала со тој старец деца. Тоа е хулење за жената која КОранот ја издигнува над сите други жени.
 
Чорбаџија, ќе ти ја објаснам секоја точка пооделно и ќе ти покажам дека секоја од нив произлегува од Евангелијата или пак дирекно од Христа! Трпение малку.
Ќе напишам некоја реченица и за блажениот Августин, кој патем кажано, има подоста забелешки од православието, па зато и е нарачен „блажен„ а никаде не стои дека е „свет„!

Извини Ване(по нашки),што јас ти се јавувам. Но прво треба да се преиспиташ за ова што си го напишал. Ова и во вашата религија се смета за грев. Прво муслиманите и Коранот и даваат на Богородица многу поголема чест од некои т.н христијасни те протестанти јеховисти и тн. Од сето пишано во Коранот Исус(Иса-Пејгамера) е наречен пророк Алахов,коранот ни укажува дека треба да имате почит кон Неговата мајка. Еве ги зборовите од Коранот:Ангелите и рекоа на Марија:Бог те одбра,Тој те ослободи од секоја нечистотија,Тој те избра помеѓу сите останати други жени во светот,,(с.3,ајет37). За што ја избра Бог(Алах) за достојна почит или за да појдете во грев со вакви тешки истапи.Спиела со свој стар роднина и имала со тој старец деца. Тоа е хулење за жената која КОранот ја издигнува над сите други жени.

Нормално! И во Куранот е спомената мајката Божја (Марија) под името „Миријам/Миријем„. Би било, најблаго речено, некултурно од муслиман, кој го познава Исламот, да си поигрува со нејзиното име и дело.
 
Извини Ване(по нашки),што јас ти се јавувам. Но прво треба да се преиспиташ за ова што си го напишал. Ова и во вашата религија се смета за грев. Прво муслиманите и Коранот и даваат на Богородица многу поголема чест од некои т.н христијасни те протестанти јеховисти и тн. Од сето пишано во Коранот Исус(Иса-Пејгамера) е наречен пророк Алахов,коранот ни укажува дека треба да имате почит кон Неговата мајка. Еве ги зборовите од Коранот:Ангелите и рекоа на Марија:Бог те одбра,Тој те ослободи од секоја нечистотија,Тој те избра помеѓу сите останати други жени во светот,,(с.3,ајет37). За што ја избра Бог(Алах) за достојна почит или за да појдете во грев со вакви тешки истапи.Спиела со свој стар роднина и имала со тој старец деца. Тоа е хулење за жената која КОранот ја издигнува над сите други жени.
Офф Топик:
Ако Не верувам Во Библијата , Незначи Дека Не верувам во бог.. Религија и Вера се 2 различни работи .. Библијата е напишана од човек , човекот греши .. Сите грешиме... Библијата сеуште се смета за книга со митски карактер.. Јас верувам во бог , и тој постои без разлика на тоа вие што верувате/правите..

Он Топик:
Нема доволно информации за Марија , ама не прави голема разлика дали имала или немала деца после Исус...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom