Дали луѓето се менуваат?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Не.
Човекот не се менува.
Каков е и така ке остане.
Некои особини ке ги смени,некои нови ќе стекне.
Можеби малку и карактерно ке се смени,животот тече и се менува...ама она главното,суштинското во човек,ке си остане засекогаш.

Верувај може да се деси комплетна промена, што би се рекло одеднаш да не го познаваш. Многу ретки случаи, ама не и невозможни.
 
Јас би рекла да. Животот носи разни нешта, и добри и лошо кои е невозможно да ја поттикнат свеста кај човекот да размислува поинаку, да размислува дали е вреден за другите и што не би било во ред кај него за околината, но сепак не мислам дека кога е некој е зол и лош по душа веднаш би можел да се претвори во „светец“, но сепак човекот се додека е жив учи, па така да би можеле многу работи да го натераат да се промени а верувам дека секој човек во својот живот направил многу промени кај себе .. доколку се сака, се се можи.
 
Да. Можеат да се сменат луѓето со нечија помош.Сам човек да се смени многу тешко. Мислам дека треба да има некој што ќе го придружува цело време дур не се смени комплетно. Многу полесно е на тој начин отколку сам...
Ако сам пробуваш да се смениш, или треба да имаш ептен црвст карактер да си цврсто решен да го смениш тоа и тоа денес, утре тоа и тоа, дрн дрн...и ич да не попушташ. Мислам дека тоа е невозможно за секој човек. Да, има такви луѓе но се многу ретки...
 
Мислам дека луѓето се менуват...не може да размислуваш исто на 15 и на 40 год де...И промерите од секојдевниот живот ни укажуват дали нешто шо правеме е правилно или не е ....ако си свесен дека грешеш и сакаш да се промениш ке се промениш а ако само се жалеш и ништо не преземаш не се променуваш....само зборувањето ке ти остане
 
Јас мислам дека повеќе се оди на прилагодување на одредени ситуации кои доаѓаат во животот, отколку на менување!
Човечкиот карактер е изредно тешко да се смени! Убаво кажала таа поговорка, волкот влакното го менува, но каркатерот не!
Или па можно е ако имаме таков случај of revelation можеби со Бог итд.. но во повеќето случаи човекот се менува на полошо со своите постапки!
 
Човекот не може да се смени... сите нешта тој ги прилагодува/менува како што му одговара нему и затоа нема некоја работа во светов/вселенава што може да го смени... добро, можеби само Бог (Судниот ден) или крајот на светот...
 
Човек тешко се менува. Многу тешко. Зборам еве за себе. Јас толку сакам за некои работи да се променам, но едноставно тешко оди. Човекот се менува само со тоа што учи нови работи и според тие тој одлучува дали следен пат ќе постапи вака или онака, ете тоа може да се каже дека е промена. Ќе почне да сфаќа некои работи, но се зависи од индивидуалноста, колку ќе сака и тој самиот да ги прифати тие работи, за свое добро. Но карактерот да си го смениш од корен, да бидеш 'лош' па да станеш 'добар' тоа мислам дека е невозможно. И сум наоѓала во ситуација кога ми велеле ќе се променам, нема да бидам повеќе ваков/ва и да, сум верувала за миг дека можеби тоа е можно но на крај секогаш излегувало спротивно.. исто и исто повторно, за жал.
 
Погрешно поставено прашање.
Луѓето и те како се менуваат, само прашање е како и зошто.

Нашиот мозок е како компјутер, подложен на програмирање условно кажано. ДНК структурата на одредени индивидуи им дава потенцијални објективни предности но тоа не значи дека поголемиот дел од нас не можеме да го совладаме тоа.

Но има и тешки медицински случаи каде за жал не може ништо да се направи. До ден денес ова претставува предизвик во научните кругови. Но сепак генералниот заклучок е да, и тоа солидно да.
 
Човекот не може да се смени... сите нешта тој ги прилагодува/менува како што му одговара нему и затоа нема некоја работа во светов/вселенава што може да го смени... добро, можеби само Бог (Судниот ден) или крајот на светот...
Јас не би се сложила со ова. Луѓето се менуваат, само проблемот е во тоа што им треба многу силен двигател на волја за да го постигнат тоа. Ако човек има навистина добра причина да се смени, не мора да биде само причина, може да биде и било каков повод, било какво сфаќање кое ќе го натера исклучиво по своја волја да направи промена, тогаш ќе настане и те како промена. Обично луѓето ги прилагодуваат работите во своја корист како знак на самоувереност и себичност, чувството дека јас знам се и јас сум во право, па затоа другите треба да го делат моето мислење и сл.. за тоа имаш право, но сепак, како што кажав, доколку дојде до момент на некакво откритие, epiphany како најдобар збор за таа ситуација, промената ќе настане во истата секунда. :)
 
Порано читав за да не чистам, сега чистам за да не читам :(
 
Не сум ги читал предходните коментари. Само да искоментирам за темата.
Да, сите луѓе кажуваат дека луѓево се менуваат дали позитивно или негативно (повеќе на негативно ) а и самите они се едни од нив а никој не прави за да се промени и подобри тоа.. важно сите знаат да кажат.
 
Мислам дека во суштина не се менува, можеби некои финеси во карактерот и однесувањето, размислувањата, навиките,да тоа сите го правиме, тоа е нормален процес на созревање и самосебеспознавање..Но тешко дека некој ќе се промени од корен..да биде нов..Мислам дека чувството дека некој што сме го знаеле се променил е зашто не сме го ни познавале доволно, и не сме го откриле каков е всушност..Инаку не би биле ни изненадени од него..
Човекот се менува додека е жив, но основата му останува иста..Битно е колку го познаваме одвнатре вистинскиот правиот ОН..а не лажните маски и финеси кои се променливи со годините..
 
Се менуваат лугето и тоа многу. Како што се менува технологијата и лугето се менуваат колку и да изгледа вака несфатливо. Поентата не е само да има промени и да се "здраво за готово" и да кажеме ДА, така е. Поентата во тоа е што човекот како човек оди надоле, а во се друго може да оди нагоре. Сега да направиме некоја паралела од порано и сега. Јас викам секој период од живеењето си има своја цена.
Порано има здравје ама немале технологија и медицина, а сега имаме технологија и медицина а немаме здравје. Духовно порано биле доста по исполнети од сега, зошто ? па сега сите се празни во себе а исполнети со ѓубре ( витруелно технолошки односно лажно ). Од преголема духовна празнина во себе и недостаток на самоспознавање и занемарување на себе си лигето влегуваат во заблуда и ископмлексираност.
Сега 15-16 годишни деца имаат секс. Да, да имаат секуален однос.. ЗОШТО? која е причината, кој е проблемот ? Сега народот мисли или они лажно мислат дека така треба, тоа е кул и супер, Никој не се труди ова да го промени, И САМО КАЖУВААТ ЛЕЛЕ МЛАДИНАВА СЕ ИСПОРАСИПА .. и ТОА ОСТАНУВА САМО КАКО РЕЧЕНИЦА КАЖАНА ОД СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ.Недовонлата информираност и едукација за самоспознавање кај лугето е проблем кој нема да се реши. Само ќе си остане да тоне, само тој што ќе се спаси ќе раскажува ( Think out of the box ) :)
 
Мислам дека во суштина не се менува, можеби некои финеси во карактерот и однесувањето, размислувањата, навиките,да тоа сите го правиме, тоа е нормален процес на созревање и самосебеспознавање..Но тешко дека некој ќе се промени од корен..да биде нов..Мислам дека чувството дека некој што сме го знаеле се променил е зашто не сме го ни познавале доволно, и не сме го откриле каков е всушност..Инаку не би биле ни изненадени од него..
Човекот се менува додека е жив, но основата му останува иста..Битно е колку го познаваме одвнатре вистинскиот правиот ОН..а не лажните маски и финеси кои се променливи со годините..

Eдна катастрофална случка може да те направи никогаш повеќе светот да ти излгеда онаков каков си го гледала предходно и никогаш веќе да не се насмееш.Што значи се менува,психата на човекот не е дефинирана како нешто што останува во иста форма односно фунцкии,размислувања,пореметувања.Се во универзумот се менува вклучувајќи го и човекот и неговата психа како составен дел од истиот.Во главно се менува,ако не 100 може 80% да се смени.
 
Јас мислам човек може да се смени за 100%..Според мое мислење за мене моментално сум во процес на менување..-Сепак има некоја препрека (проблеми).. се менувам во некој правец и се надевам ќе биде позитивен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom