Дали луѓето се менуваат?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Тешко е кога ке видиш дека и после 20 години исто размислуваш ко што си размислувал на 20, и дека ако си мрза тогаш, цел живот ке бидеш мрза. Кога еднаш ке се оформиш, готово, крај. Скоро е невозможно да се смениш.

Се е маска, преправање, глумење, прилагодување, и секогаш на крај вистинската личност внатре излегува на површина.
Sosema se soglasuvam so ova,covekot e toj eden ist i karakterot ne se menuva,moze da se smenat okolnostite i toj da nauci da zivee vo taa nova sredina,nova rabota, so novi lugi no ako jas sakam sladoled od cokolado poveke od vanila,sto i da se desi okolu mene jas pak ke sakam cokolado poveke,moze da se osisam ofarbam,da stavam pirs,da otidam da ziveam vo ,Afrika,Azija,no koga ke vlezam vo prodavnica da si kupam sladoled ke kupam od cokolado,ke mrazam vanila,toa sto sum pak sum i sekade i sekogas
 
Дефинитивно не. Се тече сЕ се менува но не и човечките суштества. Тие својот разум и интелект не можат да го сменат и со тоа и однесувањето. Можеби тие промени се незначителни и секој ќе рече од утре вртам нов лист но можеби кон различен начин на живот од различни ситуации но дефинитивно не и како индивидуа.
 
Да. Секој поминат ден, секоја доживеана ситуација не променва малку по малку.


Она мене шо ме изненадва е шо последно време луѓето се променват на подобро.

Maybe there's hope after all.
 
Би требало човекот да се менува, го менува стекнатото искуство, новите научени работи, сознанија и не е толку трагично ако човек си го смени мислењето некогаш. Но, има тука нешто што, каков и да е човек и какви квалитети и да има, некако останува една поделба. Човек е добар или лош. Внатре во себе. Дали се менува тоа? Човек може да биде повешт или помалку вешт да се маскира пред другите, но каков е навистина, дали тоа може да се промени? Јас не можам да кажам, навистина. Добар или лош? Средина нема. Да мислиш и да правиш добро. И лошите за својот задник ги боли и за најблиските, но вистински добар човек би требало малку поглобално да ги прифаќа работите. Ние имаме еден таков пример од Новиот Завет, а треба барем да се трудиме да бидеме како него.
 
Човек не се менува според мене, волкот го менува влакното но карактерот не. Оваа мисла не е кажана за џабе, народните мудрости се најмудри од сите според мене бидејќи се базирани на милениумска емпирија.
 
Мислам дека се менуваат.Искуството,животните лекции,околностите,опкружувањето,сето тоа влијае на некој начин на секого и променува некои ставови,навики,определби,уверувања.Кај некого повеќе,кај некого помалку,некогаш на подобро,некогаш на полошо,но никој не имун на промени,освен ако не живее под стаклено ѕвоно.

Луѓето веруваат дека не се менуваат,или сакаат да веруваат,бидејќи под промени подразбирааат целосна трансформација во нова личност,extreme makeover на карактерот,а такво нешто нема...или можеби и тоа го има во исклучителни и екстремни случаеви,како што е можно некој воопшто да не се сменил во текот на животот,ако не излегол од дома никогаш.:)

Често и самите не сме свесни за извесни промени,или како што е вообичаено за сите промени се јавува отпор и страв,па ги потиснуваме и игнорираме,ама тоа не значи дека не постојат.
 
Се менвуваш, растеш, се развиваш. Како да не. Исто к****е си остануваш. Сржта е таа. Модифицирај, менувај прави што сакаш. На периоди можеби ќе чувствуваш дека си се сменил, ама тоа најчесто не ти се допаѓа оти тоа не си ти. Има периоди кога сакаш да побегнеш од леле, твоето јас и да се смениш и какви промени ќе произлезат од тоа, најверојатно минимални. Освен ако имаш шанса да поминиш низ некоја сликовито Харисон Форд авантура или да се намачиш или навежбаш тек, тогаш некој подрастични промени можеби ќе почуствуваш, ама пак бре ти си ти, се враќаш секогаш на ти.
 
Јас мислам дека не се менват. Дури и маааалце некој да се смени ќе се врати по некое време ко шо си бил порано. А дека луѓето се менват на подобро не сум баш сигурна...:toe:
 
Јас мислам дека не се менват. Дури и маааалце некој да се смени ќе се врати по некое време ко шо си бил порано. А дека луѓето се менват на подобро не сум баш сигурна...:toe:

Ќе те прашам тебе и сите на темава...дали искуството е креатор на карактерот,па затоа го менува него,или пак карактерот е неменлив,па затоа искуството како такво има само краток рок на траење?

Незнам,убаво би било да се одговори,зошто според моја,а и логика на многу психолози,навиките се градат врз база на искуства,а навиките се едни од поважните манифестации на карактерните преференци.
Навиките и животниот стил се менуваат паралелно со околностите,а човекот е адаптибилна материја,значи се прилагодува на средината,а со тоа,од моја перспектива одговорот на прашањето е дека да,се менуваат.Зависно од вродениот карактер и манервирањата на средината.
Не постои живо суштество кое е неменливо во однос на движењата околу него.Ако такво имало,oдамна е мртво. :)
 
Да, да, се согласувам, но мене ме мачи она внатре, како што погоре напишав, добар - лош, колку е менливо.
 
Човекот не може да се смени самиот од себе, може да го смени некој настан , некоја трогателна приказна и сл. тоа сепак ќе биде против наша воља.
А ние не можеме да речеме од денес се мењам и готово сменети сме , сепак тоа е само процес во нашиот живот кој ни помага или сепак може и многу да ни одмогне.
 
па тешко ама да... зависи од ситуацијата во која се наоѓа
 
Па зависи од кој аспект се гледа на менувањето. Се менуваат размислувањата, но и навиките (со исклучоци).
За размислувањата и за поинаков поглед кон светот, секако дека се менуваат од аспект на тоа дека ИСКУСТВОТО ГО ПРАВИ СВОЕТО. Логично дека мислењата се менуваат.
Навика претставува автоматизирано изведување на дејност во чија основа лежи задоволување на некоја потреба. Може да се создадат штетни и корисни навики.
Па од дефиниција за Навика селдува дека човекот навиките ги создава за самоисполнување и задоволување на сопствените потреби што значи дека нема потреба да ги менува. Влијанието врз средината личноста ја става на второ место.:helou:
 
Според мене се менуваат доста работи но суштината останува иста.
 
Не.
Човекот не се менува.
Каков е и така ке остане.
Некои особини ке ги смени,некои нови ќе стекне.
Можеби малку и карактерно ке се смени,животот тече и се менува...ама она главното,суштинското во човек,ке си остане засекогаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom