Дали кога би ви се пружала можност би го уништиле светот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Господ
  • Време на започнување Време на започнување
Не бе!
Имам уште многу работи да направам
 
Ќе фрлам .. петка-глава :toe:
 
Тогаш ќе го расипиш целиот систем за контрола на луѓето во светот... што значи се враќаме во камено доба, каде што само најсилните и најснаодливите (ама во вистинската смисла на зборот) ќе преживеат.

Он топик: И да имам шанса да го уништам светот не би. Убаво ми е каде што се наоѓам, си го ценам животот што го имам (каков таков) така да одтаму доаѓа и мојата одлука.

A демек вака не се враќаме во камено доба...:pos2:
Цветаат рози и живееме во утопија...

Друго, кој ти гарантира дека ако ги снема парите и религиите ќе го снема криминалот и војните?

Затоа да продолжиме по сигурниот пат во пропаст...затоа што нема гаранција...вака барем гарантирано одиме во неповрат...:pos2:
шо си е сигурно сигурно е...мислам стварно кој би можел да ја издржи сета таа неизвесност,надеж...:vozbud:
 
Жениве што глумат морал тука ќе го маваат копчето со тупаници кога ќе дојде еден одреден дел од месецот. :) Па додека детонира све ќе се попишманат, па за некоја секунда пак ќе го плескаат. Нејсе. Јас би рокнал. И како многу други, зашто ми се може. Не ми чуе за светски морал и етика и дали некој убива за пари додека некој друг се бори за да преживее. Никој не ми дал право да го разнесам светот, а правото доаѓа единствено со моќ. Ако ми е доволно до not giving a fuck во моментот на понудено копче, последно нешто што би ми паднало на памет се светските правди и неправди. Не сум Мајка Тереза, побогу, само гневен самоубиец.
 
Има една добра поента која може да се примени на случајов,уништувањето не дава шанса ниту воведува промени,реалната закана од уништување носи промени.БИдејќи самоте луѓе се причина сама по себе а тие реагираат само при крајна и реална опасност самата закана би влијаела кон промена на свеста а со тоа и по дифолт на самиот свет.
АКо нешто си уништил,шансата да се рехабилитира си ја однел по ѓаволите.
 
Се си постои со причина,и баш кога ке сакаш да го притиснеш "копчето" ке се најде некој случајно кој ке го спречи тоа...
 
Светот е Уништен Нема Потреба да се уништува:salut:
 
Не за друго, ама така и ја би отишол со него, а немам храброст за самоубиство:)
 
Каква глупост е да се стисне "копчето", лол!!! Ако тие "уништувачите" уништат нешто мое што ме засега, ќе им се одмаздам на нив, нема да зеам цел свет да го уништам зошто има луѓе што се woши.
 
Каква глупост е да се стисне "копчето", лол!!! Ако тие "уништувачите" уништат нешто мое што ме засега, ќе им се одмаздам на нив, нема да зеам цел свет да го уништам зошто има луѓе што се woши.

А ако тие уништувачите го владеат цел свет?

--- надополнето ---

Еј да се разбериме. Не велам дека нема да се смени денешниот систем на владеење, ама помисли дека системите не се менуваат преку ден со клик на копче, туку е процес кој трае и трае со векови. И заминале едни владетели, дошле други. Никогаш луѓето не биле слободни да прават што сакаат.

Друго, кој ти гарантира дека ако ги снема парите и религиите ќе го снема криминалот и војните? Рачунај утре да снема религии и пари. Кој ќе работи? Со која цел? И пак се враќаме на почеток, некој што ке има атомска бомба, оружје, храна, технологија или нешто трето ќе го контролира светот.

Да речиме дека твоето тврдење (напредната технологија) ќе го промени системот. Чија ќе биде таа технологија? Сигурно нема да биде општонародна на сите луѓе... И кога ќе видиш, тој што ќе ја поседува тој ќе владее со светот.

Сума сумарум, се вртиме од дрвено на камено.
Не, не, не....
Промените на системите се случуваат со револуции - кога ќе се создадат услови за нив.
Кога ќе се создадат услови за ново општествено уредување (т.е. кога старото веќе нема да чини) неминовно ќе дојде до револуција.
Веројатно технологијата ќе ги има главниот збор во новиот систем, новото уредување каде народот навистина ќе владее, директно.

Бидејќи треба да се согледаат проблемите на овој свет, а тие се елитата, религиите...
Кога не би постоела елита (80% од богатството се наоѓа во рацете на 1% од светската популација, од кое голем дел е незаслужено таму) доста проблеми би се решиле.
Потоа религијата, парите.....нормално тоа нема да се случи преку ноќ.

--- надополнето ---


Шејк ит бејби!!! :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
У q-ratz, пред пет минути размислував баш за темава (и за тема која ќе ја отворам после ова мислење, двете се поврзани).

Дали треба да се уништи светот? Има нешто добро на светов? Нема. Има луѓе кои се мирољубиви? Нема. Има барем еден во кој има добрина, и не е себичен, не сака да гази преку трупови? Нема. (Ова за поединци, ај сеа за општеството). Секојдневно разурнување, уништување, војни за природни ресурси кои се користат веќе неколку века (нафта, јаглен), а имаме алтернативни извори на енергија. Шо значи војните се водат за да се задоволат потребите на, хм, доста мал број луѓе, и поради нив гинат илјадници секојдневно. Разумен човек не би разурнувал, и не би убивал за да задоволи потреби за кои има алтернатива.

Закључок: да, човештвото заслужува да биде уништено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom