Дали кога би ви се пружала можност би го уништиле светот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Господ
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Господ

Гостин
Дали кога би ви се пружала можност би го уништиле светот?
Дали би го притиснале копчето кое ќе стави крај на се?


Одамна размислувам во врска со ова.И во зависност од расположението цело време доаѓав до различен "заклучок".
Но,во последно време,гледајќи,следејќи ги настаните на земјава доаѓам до еден болен заклучок.
Ниеднаш во овие неколку илјадници години човечката цивилизација не го заслужи своето постоење.
Војни,насилства,криминал,убивања со најразлични "оправдувања" секојдневно го потресуваат светот.
Човекот е сметан за најинтелигентно суштество на Земјата но дали,дали навистина човекот е најразумен?
Искрено,сево ова кое го гледам пред мене,се ова што постигнавме,не е дело на разумна личност.
Која разумна личност уништува?
Која разумна личност ја разурнува својата иднина на сметка на минатото?
Апсурдот полека се движи кон својот климакс.
Но секој Јин има свој Јанг и во сево ова црнило сепак има светлина.Но таа светлина е неизвесна,игрива...слаба и не придава чувство на надеж.

Дали вие,кога би ја имале моќта би го сопреле сево ова имајќи притоа на ум дека покрај сувото ќе гори и суровото а и вие самите?
Дали ќе се осудите да го стиснето копчето?
 
Уф тешко сепак еден не смее да одлучи седум миљарди сме.Но мислам дека е време да се стави крај на се.
Светот почна да се движи на лошо.
 
*ЗАБРАНЕТО ЗА БУЛДОЗИ ОД ДЕВОЈКИ ЗА ВРЕМЕ НА ПМС*

Нека трепка!

Јас, не.
 
Себично е на некој начин. Да сум само јас и луѓето кои го уништуваат светот да, би го притиснала копчето...Но, кога ќе размислиш има луѓе кои се борат да живеат за да гледаат како им расте детето, напредува итн итн.
 
Би ја оставил Меган Фокс друштво да ми прави.
 
И покрај тоа што човекот е сметан за најинтелегентното суштество на земјата, сепак тој е единствениот од сите видови земјата што се убива меѓусебно не поради глад. А да ја имам привилегијата да го "притиснам копчето" би ја одбила понудата. Иако шансите дека светот е добар и од некаде некогаш заболел од лошо се големи, и постојано се бара "лекот". А не е полесно да се смета дека светот е лош и заболел од добро, а ние се обидуваме да го подобриме со тоа што го "разболуваме" од добро.
Премногу сум апстрактна -.-
 
Себично е на некој начин. Да сум само јас и луѓето кои го уништуваат светот да, би го притиснала копчето...Но, кога ќе размислиш има луѓе кои се борат да живеат за да гледаат како им расте детето, напредува итн итн.

Дали мислиш дека луѓето вредат повеќе од тебе? Дали повеќе ти е жал за нив отколку за нив? Го имаме совршеното решение.
Try not giving a fuck!

 
Кога би го имал тоа копче, веднаш би го притиснал.
Не сме заслужиле да живееме... Во „Аватар“ има многу добар цитат: “If Grace is there with you, look into her memories. She can show you the world we come from. There's no green there. They killed their Mother, and they're gonna do the same here.” Луѓето се само едни (не) интелегентни суштества кои несвесно, трајно го уништуваат својот дом заради тоа што се алчни за некое минливо богатство. Тоа нема да прекине, само може да се зголеми и да стане по драстично. Попрво би го притиснал тоа копче ако знам дека се ќе исчезне моментално, отколку да оставам самите да се уништиме, а воедно и целиот жив свет, бавно и болно...
 
Не, ама кога би имала можност, дефинитивно би внела повеќе љубов и би го исполнила светот со љубов, среќа и позитивна енергија.
 
Ниеднаш во овие неколку илјадници години човечката цивилизација не го заслужи своето постоење.
Војни,насилства,криминал,убивања со најразлични "оправдувања" секојдневно го потресуваат светот.

Човекот е сметан за најинтелигентно суштество на Земјата но дали,дали навистина човекот е најразумен?
Искрено,сево ова кое го гледам пред мене,се ова што постигнавме,не е дело на разумна личност.

Која разумна личност уништува?
Која разумна личност ја разурнува својата иднина на сметка на минатото?

Извини ама кој си ти побогу да судиш дали некој нешто заслужил или не? Кој си ти да судиш на цела цивилизација?
Ќе разберев да беше некој изумител на некој лек или на нешто што би му служело на човештвото, па да можеш да си дадеш за право да судиш, ама вака....

Друго, не знам дали го разбираш поимот „најинтелигентно суштество на Земјата„..
Јас сепак ќе ти го објаснам, да не дојде до недоразбирање.
Под најинтелигентно спаѓа се она што човекот го може а другите видови не. Да создава од ништо - нешто, можноста за апстрактно мислење, начинот на комуникација, видовите на комуникација, можноста за создавање, можноста за говор, чувствата, слободната воља итн. ит. Сите тие работи го прават човекот владетел на планетата земја.
Секако, има многу негативни работи што човекот ги прави, и доволно е да спомнам деструкција за се да биде јасно, ама не можеш да ми кажеш дека нема позитивни работи и дека човекот само уништува.
Целата цивилизација пред се твори.
И човекот не секогаш уништува зашо така му прднало денес, туку уништува со одредена цел (која според него или според одредена нација/вера/држава/сеедно) е потребно и оправдано.
Често уништува за да создаде.
Без да уништува ќе ја нема можноста да твори и да напредува, т.е. цивилизацијата би тапкала во место во поглед на еволуцијата.

Ти кога си бил дете си уништувал одредени предмети за да видиш како функционираат, да се развиеш, да напредуваш, да осознаваш, да си ја здоволиш љубопитноста итн. ама никој не рекол дека не си разумен или дека треба да бидеш уништен. Туку сите разумни луѓе знаат дека то е процес од твоето растење, напредување..

Со еден збор, не.
Можеби сум наивна и верувам во човековата добрина, гледaм на позитивноте страни (за разлика од тебе кој си сконцентриран на негативните) but I can't help it.
 
Не, ама кога би имала можност, дефинитивно би внела повеќе љубов и би го исполнила светот со љубов, среќа и позитивна енергија.

missworld_narrowweb__300x417,0.jpg

-----------------------------------


За жал живееме во поинаков свет, Крејзи. Љубовта, среќата и позитивната енергија ја има. Постои. Али проблемот е што веќе не е тоа "кул". Груб, намќор и песимист е модерното сега. Ако си весел и слични lemon drops емоции тогаш ти не си ок. Треба да си намќор за да бидеш реален зашто во таков свет живееме. А не сфаќаат дека светот го креираме баш ние. Магичен круг. Не фалат тие убавите и среќни работи туку само е изопачен аголот на гледање за вредностите кај луѓево. И ова мислам дека доооолго ке ја држи човечката цивилизација. Затоа боље би ми било место копчето на Смекси, да имам копче reboot и да си фураме од почеток али барем со знаење каде грешиме.


Инаку, Смекси, кога веќе си кај Јинг Јанг, зашто црнилото на животот го балансираш со целосен крах на човештвото? Не би било пологично да дојде спротивно од црнилото?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Извини ама кој си ти побогу да судиш дали некој нешто заслужил или не? Кој си ти да судиш на цела цивилизација?
Ќе разберев да беше некој изумител на некој лек или на нешто што би му служело на човештвото, па да можеш да си дадеш за право да судиш, ама вака....

Друго, не знам дали го разбираш поимот „најинтелигентно суштество на Земјата„..
Јас сепак ќе ти го објаснам, да не дојде до недоразбирање.
Под најинтелигентно спаѓа се она што човекот го може а другите видови не. Да создава од ништо - нешто, можноста за апстрактно мислење, начинот на комуникација, видовите на комуникација, можноста за создавање, можноста за говор, чувствата, слободната воља итн. ит. Сите тие работи го прават човекот владетел на планетата земја.
Секако, има многу негативни работи што човекот ги прави, и доволно е да спомнам деструкција за се да биде јасно, ама не можеш да ми кажеш дека нема позитивни работи и дека човекот само уништува.
Целата цивилизација пред се твори.
И човекот не секогаш уништува зашо така му прднало денес, туку уништува со одредена цел (која според него или според одредена нација/вера/држава/сеедно) е потребно и оправдано.
Често уништува за да создаде.
Без да уништува ќе ја нема можноста да твори и да напредува, т.е. цивилизацијата би тапкала во место во поглед на еволуцијата.

Ти кога си бил дете си уништувал одредени предмети за да видиш како функционираат, да се развиеш, да напредуваш, да осознаваш, да си ја здоволиш љубопитноста итн. ама никој не рекол дека не си разумен или дека треба да бидеш уништен. Туку сите разумни луѓе знаат дека то е процес од твоето растење, напредување..

Со еден збор, не.
Можеби сум наивна и верувам во човековата добрина, гледaм на позитивноте страни (за разлика од тебе кој си сконцентриран на негативните) but I can't help it.

Магде, зарем треба да бидеш некој за да даваш суд? Па кој е оној изумител или гениј што ја лупнал топилницата среде Велес и унаказил генерации заради профит. Која е таа компетентна индивидуа која решила да го срамни со земја паркот и на тоа место да направи паркинг? Кои се тие творци што го тераат напред нашево општество?

Нашата цивилизација каква што постои денес се стреми само кон профит без да размислува на последиците. Никој не го интересира дека си ја сече гранката на која седи. Толку сме самобендисани што мислиме дека нашата мрза ни дава за право да уништуваме се околу нас. Човековата добрина се сведува на поединци и на мали безначајни организации чиј глас не се слуша.

Јас не би го притиснала копчето, но не поради наивност туку поради себичност. Не сакам предвреме да ја завршам оваа пародија, на крај, сепак и јас имам улога тука.
 
Дали кога би ви се пружала можност би го уништиле светот?
Дали би го притиснале копчето кое ќе стави крај на се?
-=>остатокотодсрањето<=-

Прво ќе мора да ми ја објасниш поентата и производот на стискањето на копчето, па после ќе размислам (Процесот на користење на вашиот ум за да се разгледа нешто со внимание) па ќе ти одговорам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom