Дали јадете многу леб?

да...многу јадам леб...треба да намалам...
 
Секако :). Некако навика ми е и скоро секое јадење го јадам со леб.Ги сфакам лугето што лебот ги дебелее и не јадат ,али пошто јас немам ама никаков проблем ,ужувам во него :D..
 
Премногу јадам леб,дури и омилено јадење ми е.Можам цел ден да јадам само леб.
 
Имево на темава :icon_roll. Веднаш мора да се смени :)

Колку и да има месо, салата и што било друго на маса, нема да се почувствувам најадена ако не се настегам леб. Јадам секаков, црн, бел, тазе, мувлосан :), не ми пречи, само да е леб. Најмногу јаглехидрати има лебот, најмногу енергија ми дава и затоа го консумирам во големи количини.
 
Не знам зошто овде на Балканот лебот е премногу застапен во исхраната, ги гледам Германците и им се чудам како поминуваат без или со малце леб а тие па ме гледаат мене како секој ден купувам по едно кило леб и ме прашуваат дали сум го јадел, ко да имам свињи во станот па на нив го давам :).

најмногу енергија ми дава и затоа го консумирам во големи количини.
А нели гои лебот или тоа се само муабети?
 
Како ми рекоа еднаш... не си македонец ако со се не гнетеш леб, дури и со компир, ориз па дури и со хамбургер :pos: да, јадам, и тоа домашен, ако купам нема шанси да ми стигне еден за едно јадење :) не го ни осеќам... и не не сум дебел.

А нели гои лебот или тоа се само муабети?
Веројатно се само муабети... еве жив доказ сум :)
 
А нели гои лебот или тоа се само муабети?

Да, ама кај мене јаглехидратите се во минус, така да колку сакам можам да јадам :)
 
Јадам и тоа многу, сигурно скоро цел леб јадам на ден самиот.. и ако почнам помалце да јадам пример недела дена и одма симнувам 2-3 кила.
 
Како ми рекоа еднаш... не си македонец ако со се не гнетеш леб
Еден мој пријател со се јаде леб, дали макарони, шпагети или било што ама врв на се беше еднаш кога со пицата порача 2 парчиња леб, келнерот си мислеше дека пријателот се мајтапи со него па за малце ќе настанеше инцидент :)
 
Еден мој пријател со се јаде леб, дали макарони, шпагети или било што ама врв на се беше еднаш кога со пицата порача 2 парчиња леб, келнерот си мислеше дека пријателот се мајтапи со него па за малце ќе настанеше инцидент :)

И со супа да не јаде леб ? :pos2:

facepalm.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom