Дали имате страв од заболекари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Кнез Мишкин
  • Време на започнување Време на започнување

Дали имате страв од посета на заболекар?

  • да

    Гласови: 11 34,4%
  • не

    Гласови: 21 65,6%

  • Вкупно гласачи
    32
  • Гласањето е завршено на .
Порано се се плашев, башка тогај се ме носеја многу плачев ....
Но сега нешто не ми е страв .... :toe:
 
Како мал имав многу голем страв од заболекари...
и сега пак го имам но не до толку!
Секогаш првиот пат ми е најтешко додека отидам,потоа се навикнувам на стравот!:kafe:
 
ДААААААААААААААААААААААААА, многу се плашам. Денеска извадив 2 заба. И тоа здрави заби ! :nesvest::tapp:
 
ДААААААААААААААААААААААААА, многу се плашам. Денеска извадив 2 заба. И тоа здрави заби ! :nesvest::tapp:

Како здрави?Немој да речеш дека по грешка.Ако е така, те ограбиле брат, оди тужи ги:pos2:
 
Ги мразев до 7 одд. , после седмо една заболекарка како убаво ќе ме седнеше ќе ме напраеше и крај :)
 
не пошто ретко идам....имам супер заби немам ниту една пломба ниту кариес...и затоа неам причина да одам...а кога ги вадев забите (порано) ги вадев дома, ненамерно дур јадам...:D:D
 
абе и јас како мала си ги вадев дома забчињата...:) иначе неам страв пошо тетка ми е заболекар и мн е срце...:wink:
 
ич неам страв,порано многууу имав веќе и плачев кога ќе одев ама сега ич не ми е страв чим издржав 6 пломби во еден ден...нема место за страв:pos2:
 
Еве за сите кои имат страв :wink:

Збогум за забарската дупчалка


Се плашите ли да одите на забар? Колкумина познавате што не одат на забар токму од таа причина – стравот?
Епа разведрете се! Експертите од Leeds Dental Institut најавуваат огромна промена во лекувањето на забите. Велат дека околу 5 години ги делат од моментот кога конечно ќе се збогуваат сите од страшната дупчалка на заби.

Тие пронашле протеин кој успева да го излечи забот само доколку површински се нанесе на него, замислете. Без разлика дали станува збор за поголема или помала штета на забот, овој протеин може да го излечи не само забот, туку и целиот забен венец од помали или поголеми заболувања.

Станува збор за молекула која ги насочува бактериите кон неа и така се избегнува оштетувањето на забот. Со текот на времето, оваа молекула успева да ги истреби бактериите.

Колку и да звучи неверојатно, вистински луѓе се на пат да го остварат ова. Па можеби така ќе стекнеме навика да посетуваме заболекар почесто!
 
Аааахххх тие заболекари како човекојадци ми се, имам голем страв.
Најчесто страв ми е да земам телефон да закажам, а после тоа полесно.
Али како мала кога ми вадеа три здрави 4ки заради проотеза, е тогаш уплав имав од нив.
 
сум преживеала се кај еден забар и имав страв од него да не ми уништи уште некој заб:tapp:
сега имам супер заболекар, од кого немам ич страв и дури и се радувам кога ке треба да идам:toe:
 
Јок. Џоа другарка ми е забарката. На улица муабет си правиме, ме тинтра, ме гушка, ме кара, ме бацува, ми се дере, не ме издаде кога имав со кретеноидниот пирс проблеми, ме спаси од лежење болница еднаш, ми дава да си играм у ординација, да мавам печати, добива желба да ме истепа кога и` се инаетам на тема протези, иако јас носев кога бев мала, како и желба да ме убие кога чачкам по книшки и картони. :pipi:

Имав страв. После тоа ми лупнаа мобилна на долната вилица, и мамата нивна, ме лажеа како ајкула дека ќе сум била ако не ја носам, па пази Кристино да не голтнеш нешто, пази клучот да не загубиш, оди секои две недели на проширување, носи ја, носи ја, не ја вади, не ја вади, добро, вади ја пред спиење, носи ја, вади ја, НОСИ ЈА КОГА ТИ ВИКАМ!, и слично... Фала шо ме терафте. :kesa:

Кој страв бе, најредовна сум си. :pipi:
 
До пред година дена да. Но кога ги извадов долните четворки(поради фиксната), стравот исчезна.

*Ко реклама на Топ Шоп јеботе:).
 
Imav mal strava ama porano a sega retko odam skoro ic samo na pregled odam ama stravot mi projde pred mnogu vreme.
 
Порано се плашев многу ептен зошто имав лошо искуство со забари. Таа една неписмена ми ја набута инекцијата и нос ја осетив и од тогаш ги мрзам, сега не векам дека веќе не се плашам ама после се тоа што сум прошол на забари ако има полошо значи баксуз сум.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom