Јок. Џоа другарка ми е забарката. На улица муабет си правиме, ме тинтра, ме гушка, ме кара, ме бацува, ми се дере, не ме издаде кога имав со кретеноидниот пирс проблеми, ме спаси од лежење болница еднаш, ми дава да си играм у ординација, да мавам печати, добива желба да ме истепа кога и` се инаетам на тема протези, иако јас носев кога бев мала, како и желба да ме убие кога чачкам по книшки и картони.
Имав страв. После тоа ми лупнаа мобилна на долната вилица, и мамата нивна, ме лажеа како ајкула дека ќе сум била ако не ја носам, па пази Кристино да не голтнеш нешто, пази клучот да не загубиш, оди секои две недели на проширување, носи ја, носи ја, не ја вади, не ја вади, добро, вади ја пред спиење, носи ја, вади ја, НОСИ ЈА КОГА ТИ ВИКАМ!, и слично... Фала шо ме терафте. :kesa:
Кој страв бе, најредовна сум си.
