Дали имате некој вреден предмет, но по никоја цена не би го продале?

  • Креатор на темата Креатор на темата асфалт
  • Време на започнување Време на започнување
Имам неколку омилени играчки од детството со кои сум многу приврзана ,првото моливче со кое научив да пишувам и уште си го чувам:pipi: една икона од Св. Богородца која ми ја подари една пријателка на мајка ми на мојот прв школски ден во прво одделение:pipi: исто и работната маса си ја сакам многу и не ја давам за никој пари на светов ,абе има многу работи ,јас уствари сум многу посесивна личност и не подарувам/трампам/продавам ништо што е мое!:kesa:
 
Сите венчиња што ги имам...за НИШТО на светов не би ги продала.Дел си се од мене,не би можела да се одделам од нив.Можеби не се којзнае колку вредни,ама за мене си се од посебно значење затоа и ги сакам олку.:pipi:
 
За ниедна цена не би ја продала трзалицата од Сантана, не би ја продала мајцата од David Coverdale, огромниот постер од Pearl Jam кој ми го краси ѕидот,оригинал ЦД-ња, прстен од мајка ми кој го имам од кога знам за мене и моменталниот процесор.
 
Ништо, можеби мојов стар компјутер. Колку и да ме нервира некогаш, колку и да ми кочи, тоа е почестен дел од мојата фамилија :pos:
 
имам виолина стара 300-400 години и е совршена копија од страдиварди односно е градена како страдиварди со некој оргинални делчиња и вади незамисливо магичен звук. совршено е сочувана и одржувана и ако ја продавам можам да земам многу пари :) само заљубена сум во неа така да потешко дека би ја продала
 
Никогаш не би дала некој мали ствари алки ланчиња обетки сувенири мечиња и такви ситни работи кои сум ги добила на поклон од многу драги личности или сум ги купила од некаде кај шо сум идела за спомен. Исто така за ниеднаа цена не го давам моето кученце шо го обожавам и не можам да живеам без него! Незнам што ќе правам коа ќе го нема!?:toe:
Ондак не би продала книгата за готвење зашо увек коа сум сама за да не јадам лебче и нешо намачкано имам книгица да си напраам нешо за јадење:pos2:
Ондак не би ги дала за ниедна цена тетратките од осмолетка зашо ептен ме потсеќаат! Па ете тоа не би давала претежно работи кои се сентиментално поврзани со мене и шо мајка ми ги мрази зашо и зафаќале простор!:baeh:
 
Нешто што не би го продала ни за сите пари на светов е една алка.. дрвена со пеперутка на нејзе.. мн ми е драга.. си ја купив пред една година во охрид.. ми се сикна и сеуште си ја чувам и секаде си ја носам со мене.. :)
 
Компјутериве не ги давам :)
И тастатурата :)

Имам многу коцки од детство и тие не би ги продал дефинитивно.
 
Оригинален дрес од Јохан Кројф(тој го носел), некако ми го дадоа за роденден и не би го дал никако, ми пречи само што е од Манчестер и не сакам да го носам иако има значење за мене.Телевизор од пред триесетина години одсекогаш сум го чувал горе всоба кај мене.Иако треба да станам да менам програма тевето си е во боја и не би го дал...
 
Ништо не би продала. Едноставно се што е мое си го сакам.
 
хехехе освен компјутерот...уствари освен хардискот се би продал...
 
Обетката на увово :vozbud:..нема шанси ..со години ја немам извадено
 
се што имам добиено за подарок не би го подал по ниедна цена. и најмала ситница да е, ако ми е подарок не би ја продал.....а нешто посебно да издвојам сега не ми текнува
 
Па еве прво што ми падна на памет е кутијата со амблеми. Кога бев помал собирав амблеми од кошаркарски и фудбалски клубови. Имам преку илјада кои ги чувам во една кутија. Сега веќе подолго време не сум ставил некој нов (иако е многу лесно со интернетов), но сепак многу ми значи и не би ја продал (рака на срце и нема некоја вредност :)) за ништо на светот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom