Ти ја разбирам поентата Ванлок, но морам да констатирам дека има неколку грешки, кои се за мене многу битни бидејки се главен дел на причините зашто јас не одобрувам вака формулиран закон.
Да тргнеме од генезата односно генетиката. предците на ДА претпоставувам ги пренесе најверојатно од википедија и на база на тоа (претпоставувам) тврдиш дека се многу блиско сродни, малтене иста група со бул тип расите (?). ДА не е бул тип, сродството со пит бул првенствено е преку мастиф типот, и ДА спаѓа во мастифи. Така да поблизу се сродни Јоркширскиот териер со Пит бул териерот (иста група, исти особини) отколку Пит бул териер и ДА. Ако веќе одиме на тоа која раса како и за што била создадена, пред да се донесе заклучок за една благородна раса како што е ДА треба мислам малку подетално да се разгледа нејзината историја. Да не должам многу, ќе те замолам да го отвориш и прочиташ следниот линк, каде имаш нешто подетално објаснето за историјата на расата, исто така и детална листа на раси кои влегле во ,,составот,, на ДА, како и видувањето на ,,таткото,, на расата за тоа што го постигнал, и насоката во која треба понатамошната еволуција на расата да се движи. Не е толку просто и едноставно како што ти изгледа.
http://www.huntingdogos.com/dogo_history.asp
Исто така сите кои ја споменуваат генетиката и генезата на пит бул типовите - напаѓањето им е вродено, создавани се за борби и напаѓање итн, итн.... прават една кардинална грешка. Имено, сите овие раси, се стари од стотина, до неколку стотини години.При создавањето многу повеќе се внимавало на особини како што е стабилноста на карактер, темперамент итн, бидејки овие раси се создавале со некоја цел - било да е тоа за работа, лов, заштита итн., што ги направило евентуално и погодни кандидати за борби.Но, битното е што при создавањето на овие раси се создала могу добра генетска основа во однос на карактерот на ваквите раси (за секоја раса посебно) па поради тоа иако во светот има милиони и милиони пит бул тип и мастиф тип раси , но нема секоја година милиони луѓе убиени од такви кучиња.Е сега, далеку од тоа дека сега овие раси ги имаат сосема истите особини како и кога биле создадени, но постојано се испушта од предвид една битна работа - како што и самите статистики кажуваат бројот на напади од кучиња (и напади од пит бул раси) секоја година е се поголем, но генезата на расите во тоа нема скоро никаква улога, туку проблемот може првенствено да се најде кај неодговорните одгледувачи, односно штанчаци на кучиња каде не се внимава на никакви особини, па излегуваат кучиња со нестабилен карактер и нерви.Овој проблем не води потекло од настанокот на расите, тој потекнува од последниве 30-40 години.
Исто така кога сме кај конкретниов случај со водителкава, ете пректичен пример. Зошто куче од раса која е опасна, на која и е генетски вродено да напаѓа и да биде агресивна, како што тврдат повеќето противници на овие раси, зошто не изврши напад како што се тврди дека само овие раси можат да извршат - искасапена или убиена водителка, откинати раце, нозе итн... Зошто тоа не се случи овде,туку кучето само еднаш ја касна водителката ??? Е тоа е генетиката на дело. Ова куче всушност не покажа никаква различна реакција од било која друга раса на куче ставено во таа позиција. Всушност како што покажав на минатата страна, сосема ист таков случај имаше и со полициски германски овчар кој го касна водителот за лицето при едно интервју. Значи дека и овчарските и пит бул тип расите се поблиски сродници отколку што се чини.
Ванлок, дали би се чувствувал побезбеден ако на кеј или во парк сретнеш некое од овие кучиња на пример?
Сликиве ги поставувам само за да ти покажам дека нема ништо полошо од одредување на агресивноста за расата на база на тоа како таа изгледа, тоа е погрешно и неуко, и апсурдно.
За да не се мачиш, на првите две слики кучињата се мешавини од лабрадор... и пит бул, третата е мешавина од хаски... и пит бул и последната е мешавина од германски овчар ... и пит бул. Значи секое е потенцијален убиец... ама не личи на такво.
И во основа пак за случајот со водителката цел низ на познавачи на кучиња рекоа дека тука се работи за човечка грешка.
Ако имаш куче кое на кеј или во парк би ги вознемирувало шетачите, или велосипедистите или било кој, треба да биде на поводник и под контрола - па од било која раса и да е - толку е просто.
Да оставиш мало дете само со било кое куче е неодговорно - па макар кучето било и пекинезер - толку е просто.
И на крај, уште една од причините што мислам дека вреди да се бориме против вакви закони се луѓе кои не бираат средства поради нивната омраза кон некои кучиња, луѓе со ,,многу високи,, морални и етички вредности

и елоквенција и едуцираност на ,,завидно,, ниво

кои прават борбата против BSL да стане global effort.
http://cravendesires.blogspot.com/2010/09/weekly-frankenmauler-roundup-x2-91110.html
сајтов е ,,чедо,, на основачката на dogsbite.org и написите се лично нејзини - навистина личност за пример.