Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто мислиш дека не ја согледувам целата слика? Не те разбирам.Точно е ова што го пишуваш и јас тоа и претходно го кажував, со нагласок дека тоа важи за сите кучиња од 800 грама тежина па до 80 кила тежина.Но, чувањето на кучиња не е егзактна наука и не треба да имаш докторат на науки за кучешка психологија :) или да бидеш ветеринар или кинолошки судија. Точно, кучињата како чопоративни животни зависат од хиерархиските правила на чопорот и тоа е таканаречен бонтон кај кучињата односно правила на добро однесување кои ги имаат исто и луѓето.Алфа статусот, или повисоко хиерархиско место на човекот спрема кучето не е нешто недостижно - тоа е нешто што можеме да го видиме кај секое добро воспитано куче кое сопственикот го има под контрола. Такви кучиња можеш да видиш насекаде,кога шеташ по кеј, низ парк, на улица... тоа се тие културните кучиња кои си поминуваат без да ти обрнат внимание. Алфа статусот во основа е тоа - добро воспитување. Не треба да се меша со агресивност, доминацијата и агресијата се различни поими. Алфата е доминантен, и тој кажува кое однесување е прифатливо а кое не е во дадена ситуација - ова важи за целокупното однесување на еден пес. Значи исто како што велиме дека не е прифатливо кучето да се тегне по велисипедисти, да скока по пешаци, не е прифатливо и да ржи по луѓе или кучиња или да се обиде да касне некого. Затоа постојат часови по дресура, за да го научиме кучето на добро однесување и притоа да го воспоставиме и зацврстиме нашиот алфа статус спрема него.Со тоа сме ја завршиле половина од работата. Доброто однесување има и правила за луѓето спрема кучињата, и скоро насекаде во цивилизираните земји, животните и кучињата маѓу нив, се почитувааат како единки кои имаат свои права. Затоа во многу земји децата се едуцираат како правилно се пристапува на ено куче. Тоа не се научни правила, тоа се само правила на здрав разум - да не се вознемирува куче кога јаде, кога спие, кое не покажува јасно знаци дека е пријателски настроено, и се учат дури и како се подава рака на куче за да се погали и како да се однесуваат ако на улица сретнат непознато куче кое шета слободно (живеев еден период во Австралија, таму ова им се објаснува на децата во второ или трето одделение) и што е според мене најважно, децата се учат дека пред да му се пристапи на било кое куче, правилно е прво да се праша сопственикот односно тој што го води кучето дали тоа може да се погали.
Што се однесува за кај нас јас мислам здрав разум е ако родителот му покаже или објасни на своето дете, барем да не се затрчува да го погали секое куче што ќе го види, или пак (друг екстрем кој што се сретнува) здрав разум е да не ги учат децата панично да бегаат од патот на секое куче. Исто така, за мене здрав разум е дете на 1-5 години кое неможеш да му објасниш некои работи и да те разбере, родителот односно старателот да не го става (особено не само) во ситуација која може да биде опасна бидејки дете само неможе да биде одговорно за себе, но возрасните можат.Затоа што на крајот на краиштата кучињата социјализирани или не, агресивни или не, контролирани или не, не се играчки кои служат за забава на секого.Затоа што да бидеме реални, голем број од ,,новинарските сензационализми,, се случуваат со кучиња не само од опасните раси, и не само кога сопствениците се ропуци во тренерки со дебели златни ланци, со подебели криминални досиеа туку и луѓе кои немале никакви проблеми со законот и кои не се насилни - едноставно кога има лоша проценка на ситуацијата и од страна на сопственикот, и од страна на жртвата.
На пример конкретното ДА кое ја касна водителката (ја касна а не ја нападна) во емисијата беше откако беше спасено од замрзнато езерце, при што пожарникарот исплива до него и го зема во раце за да го изнесе на безбедно на брегот.И во сиот тој страв и паника кучево во ниеден момент не се обиде да го нападне, потоа, според медиумите, конкретново куче немало историја на агресивност и можеби неговиот сопственик немал 30 годишно искуство со кучиња, па така се случило тоа што се случи. Да нагласам, ова не значи дека тоа треба да се оправда, но ете така сплетот на околности довел до таква ситуација. Сигурно никој немало намерно да донесе агресивно куче во студио и да дозволи водителката да му се пика во лицето на пренос во живо.
Поентава ми е, затоа служи законот за поводник и маска, кој ние од 2008 година го имаме, само што не се спроведува ригорозно - затоа што немила ситуација може да се случи со секакво куче и секаков сопственик, немора тоа да биде невнимание или негрижа за безбедноста на другите, сосема е можно да се случи заради лоша проценка.Тоа не значи дека е оправдано, но сепак некои околности можат да се спречат.
Еве на пример хипотетичка ситуација, мислам дека сите ќе се сложат дека следното сценарио е можно да се случи: ако во парк родител со дете се шета, а детето сака да погали некое куче, и родителот сакајки да му удоволи на детето, одбегнува кучиња како питбул, германски овчар, боксер итн, и се упатува кон златен ретривер на пример. И сега што ако тоа куче инаку обожава деца, секогаш е пријателски настроено, но дента пати од например акутно воспаление на увото. И детето галејки го, со дозвола на сопственикот, го закачи или случајно го потегне за болното уво и кучето реагирајки на болката се сврти и го касне детето? Значи сопственикот кој иако си го знае сопственото куче неможел да знае дека тоа ќе изреагира така како што изреагирало, и неможел да го тргне. Тоа е едноставно таков сплет на околности кој довел до таа ситуација. Ситуација која на пример можела да се спречи ако кучето имало маска.
Затоа се сложувам со тебе Ванлок, луѓето какви се такви се, треба да бидат заштитени, ама законот треба да важи за сите.
 
Argentine Mastiff (also known as the Dogo Argentino) не е случајно ставено во листата на Опасни раси на кучиња, таму каде чувањето е регулирано со закон.
Во генезата на оваа раса, влегуваат неколку Бул раси, од кои најдоминанти се тие на Бул териерот. Директен предок е изумрениот Кордоба фајтинг дог, кој е крос меѓу Бул Териер, Мастиф и Булдог.
Намената на овие раси а и на Дого Аргентино, е ловење на крупен дивеч и полудив добиток, како бикови на пример кои некогаш ги чувале како полудиви и постојано на испаша. Овие бул раси често гравитираат кон касање на муцката на бикот (и понекогаш на водителките) со што ја анулираат опасноста од роговите.

Поентата е дека Питбул и Дого Аргентино се повеќе сродни одколку што мислиш.
072410++Ocho+-+Argentine+Dogo+Headshot+ss.JPG
white_pitbull_greeting_card-p137491906789966226z85cd_400.jpg
Не, ова не се слики од истото куче. Едно е Аргентино Дого а другото Питбул.​
Ајде погоди кое е од која раса?​


Тоа што познавачите (поточно љубителите) на ваквите раси на кучиња не можат (или не сакаат) да разберат е дека генералната човечка популација не ја познава кучешката психологија, говор на телото и слично. Кога една водителка не ја подготвиле пред емисија (макар од сопственикот), тогаш што да очекувате од 99% од луѓето што се шетаат со децата во парк или покрај кеј?
Како на 2-3 годишно дете кое само што проодело ќе го научите тоа?

Во случајов со каснувањето на водителката, што прави сопственикот? Па зарем тој исто не испеал да ги прочита знаците на нервоза кај кучето?


Како веќе кажа Улуру, сите кучиња треба да се со маска и на ланец. Со тоа што јас мислам дека за расите кои потекнуваат од Бул расите, како и за сите кучиња над одредена килажа треба да постојат построги регулации. Како во регулациите кои постојат во повеќето земји и кои пред се, се состојат од одредување на тоа кој се може да чува вакви раси, како и строго евидентирање и следење на таквите кучиња. Со строги санкции за кучето и за сопственикот кога ќе има екцесна ситуација, макар и без последици.

Од сите твои постови, официјално со овој можам да се сложам. Мислам дека поентата на темата е постигната. Построги сакнкции кон сопствениците на овие раси, поголема заштита од истите со користење на додатна опрема, ќе реши се! Сепак, мислам тека темава ја постигната својата кулминација. Да не се биде против кучињата, туку против неодговорните сопственици.:cuc:
 
Оние муабети за черепна коска што растеле кај одредени кучиња, што е тоа уствари?
Не сум се заинтересирал да побарам да видам од каде тие тврдења како што има пишано во клипов. Некој на кратко да каже :)
 
Оние муабети за черепна коска што растеле кај одредени кучиња, што е тоа уствари?
Не сум се заинтересирал да побарам да видам од каде тие тврдења како што има пишано во клипов. Некој на кратко да каже :)

Што е? мит што може да биде.

Како веќе кажа Улуру, сите кучиња треба да се со маска и на ланец. Со тоа што јас мислам дека за расите кои потекнуваат од Бул расите, како и за сите кучиња над одредена килажа треба да постојат построги регулации. Како во регулациите кои постојат во повеќето земји и кои пред се, се состојат од одредување на тоа кој се може да чува вакви раси, како и строго евидентирање и следење на таквите кучиња. Со строги санкции за кучето и за сопственикот кога ќе има екцесна ситуација, макар и без последици.

Aпсолутно на место, неможе кој сака каде сака да пушта кучиња бе, дури и на ланец маска да се користи ако е некоја по силна раса, или пак склоно на агресија, нема причина да се ризикува, или пак да се предизвикува страв кај случајните минувачи, колку и да е мирно кучето.

Физиономијата на човекот, и неговите нагли покрети, може да доведат до лажно чуство кај кучето за загрозување, при што може да напнаднат, најстроги казни, дури и затвор за оние кои во јавност нема да ги почитуваат горенаведените критериуми, има луѓе кои се плашат од кучиња или пак не сакаат, неможеш ти да си играш со чуствата/безбедноста на луѓето кога толку лесно може да се среди све тоа.

Обавезно носење на маски, и шетање со ланец! никако пуштање слободно да трчаат на јавни места! ако нападне кучето, 10 години затвор за сопственикот, па да видиш дали ќе се опуштаат така.
 
Оние муабети за черепна коска што растеле кај одредени кучиња, што е тоа уствари?
Не сум се заинтересирал да побарам да видам од каде тие тврдења како што има пишано во клипов. Некој на кратко да каже :)
Да расне не, ама со староста може да се задебели,мислам дека некаде го имав читано тоа.
--- надополнето: Dec 28, 2012 6:14 AM ---
Што е? мит што може да биде.



Aпсолутно на место, неможе кој сака каде сака да пушта кучиња бе, дури и на ланец маска да се користи ако е некоја по силна раса, или пак склоно на агресија, нема причина да се ризикува, или пак да се предизвикува страв кај случајните минувачи, колку и да е мирно кучето.

Физиономијата на човекот, и неговите нагли покрети, може да доведат до лажно чуство кај кучето за загрозување, при што може да напнаднат, најстроги казни, дури и затвор за оние кои во јавност нема да ги почитуваат горенаведените критериуми, има луѓе кои се плашат од кучиња или пак не сакаат, неможеш ти да си играш со чуствата/безбедноста на луѓето кога толку лесно може да се среди све тоа.

Обавезно носење на маски, и шетање со ланец! никако пуштање слободно да трчаат на јавни места! ако нападне кучето, 10 години затвор за сопственикот, па да видиш дали ќе се опуштаат така.
И би надополнила,секое куче што се шета надвор,мора да биде социјализирано и да има научено барем основни команди, како поред, седи,лежи може не толку,ама да се врати на команда обавезно! Најглупаво нешто што ме нервира е кога кучето ќе ме влече т.е. тоа ќе ме шета мене, а уште подебилно е кога ќе ги видам „фраерите„ што всушност дозволуваат да бидат влечени,најчесто од бул тип расите :facepalm:

Јас шетам две кучиња од еднаш, ни едно од нив не ме влече,замислете да не ми се под команда,па треба да скијам на суво. Сите ми се чудат кога ќе ме видат со две кучиња,а највеќе полицајците. Ако се лабрадори во прашање, ама куче е куче,плус кога се повеќе од едно секогаш е потешко да се контролираат.
 
Vanlok, не ги суди кучињата по изгледот. Имав доверено на чување 2 месеца баш такво куче како што го имаш ставено на втората слика и можам да ти кажам дека помило нема. Не ми правеше проблеми дома а очекував дека нова средина и непознати лица околу него. Ме чекаше мене да си легнам за да легне до мене, кој и да ми влезеше во соба веднаш стануваше за да не ми направи нешто, не цвичеше, не рикаше, не лаеше без потреба. Само го шетав 2 пати дневно и толку беше се.

А дедо ми чуваше порано на времето два пекинезера кафеави за кои не сум сигурна ама уште сумљам дека Сатаната беше навлезена во нив. Тие две суштества не се воспитуваа никако. Мајка и син беа.

не ги судете кучињата по изгледот, тоа сакам да кажам.


Фората е шо не се суди по изгледот, туку проблемот е изгледот. Секое куче за себе нали.
Ама јас би сакал пикенезер да ми полуди неголи питбул. Океј, сите се мили, онака.

Али како што реков, радо би сакал да ме нападне куче кое би го соберал со шутови, неголи питбул кој физички има x2 сила повеќе од мене.
Нова средина, лошо дресирано, каков бил човечки фактор за вина еве, но пример кучето агресивно нападне, кое куче би сакала ти тогаш да ти било доверено, слика 1 или 2? :)

Во урбана средина треба ипак со усул раси чување, ја поддржувам акцијата.
До вчера шетав стално волчјак, и знам дека е ретардирана и мила и неспособна да напдне некој, let alonе сама по себе, ама ја гледам несигурноста кај другите, затоа секогаш каишка и тотална контрола. И некој ќе ми каже не се плаши, ако е 200 кила, мирно е.. да, оти е твое. Јас секогаш со резерва ќе бидам, иако ретко да одминам куче, големо/мало и да не го погалам, али не ми продавај пријателе магла. :)
 
Обожавам кучиња,од било која раса,ама особено добермани и ротвајлери.Мислам дека можам со секакво куче да искочам на крај,но со секаков човек неможам.Но колку и ти да мислиш дека кучето е во ред,неможеш да предвидиш што може во одреден момент да го исклучи.Ние и самите некогаш неможеме да се контролираме.Куче во урбана средина се знае,на ланец и маска.Дома како сакаш чувај го,на твоја одговорност и штета е.
 
Нема потреба, потреба имаат да земат куче тие што се плашат од нив питбул по можност од мало, тогаш и да го нападне куче ќе знае дека нема потреба од страв туку треба да се одбрани. Куче ако те збрка не се бега него ќе застанеш и соочиш со него и готово нема проблем.
 
Куче ако те збрка не се бега него ќе застанеш и соочиш со него и готово нема проблем.
Ваков фраер од мал си, а?

Тешко дека децата, посебно тие најмалите кои само што прооделе, било кој може да ги научи на железна самоконтрола. Деца се „соочат„ со израснат примерок на дого аргентино, ротвајлер, доберман или питбул?
Од кај знаеш кој го чувал, како го воспитал... Дури и возрасен човек тешко ќе се одбрани од кучиња од овие раси, еднаш кога ќе нападнат. Зошто тие кучиња некогаш напаѓаат, па ти колку сакаш анализирај зошто се десило тоа, дали нападнатото дете/човек бегало (однесување на плен, демек) или не знаел да се „соочи„ и да се „постави како алфа„ кон кучето.


Ма остај вакви ретардирани муабети, „да се соочиш„, не сме во џунгла јеботе, град е урбана средина. Преживување против опасни животни е за во џунгла.

Закон треба. Кој сака да чува вакви кучиња ќе си одговара ако има последици од нивните страња. Ќе се регистрира, ќе го чипуваат кучето и нема после питбул нападнал деца во градинка, полицајци го застрелале ама газдата не се знае кој е. Чип кога има ретардираниот газда нема кај да се крие.

Ако не ти се јасни 1000-те други валидни причини, еве ти една едноставна причина зошто треба ваков закон.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
А бе и да има ваков закон јас нема да го почитувам, исто како што не почитувам и маска не носи, и мислиш ќе дојде некој казна да ми пише за тоа?
Го шетам пред нив му викам џандар ела погали го, се смеат вика бегај бегај :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Мојне гајле немаат. Посебно кога се шетаат со Дена. Таа јаде магариња, а не други пцишта. Штета Дин умре. Тој навистина удави магаре. Па....не се плашат. Дена плаши се околу за нив.
 
А бе и да има ваков закон јас нема да го почитувам, исто како што не почитувам и маска не носи, и мислиш ќе дојде некој казна да ми пише за тоа?
Го шетам пред нив му викам џандар ела погали го, се смеат вика бегај бегај :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Ајде бе? и ние сега треба да ти веруваме така?
 
Абе јасна е работата. Кај нас тука за многу работи мачките се криви.

Пошто кога мачката ја нема глувците коло водат. (или џукели без ланци и маски)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom