Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Мало морген. Јас да сум газда на тоа куче. слободно има да го пуштам кучето. Такви разглаени деца има многу.
Лесно се нервираш Гачо? Ти иде некогаш да ја стиснеш педалата до крај, а?

Ќе научат тие кој е газдата тука. Нема циле миле со Гачо кога е кучето со него, тогаш се чувстува силен, важен, полн со самодоверба. А деца и онака има премногу. И разгалени се.
 
Немора да значи дека само кога е кучето до него е таков.

Такви кај мене у маало нема,сите си го знаат редот,а за тоа не е заслужно кучето што е до мене :pos:
 
Не сносиш одговорност доколку кучето нападне човек во двор,без твое присуство ако има уредно обележано со знак дека има опасно куче и доколку кучето ги има примено сите вакцини.
 
За кучињата што се направени за агресивност и борба, не може да има ист третман како за другите кучиња.

images
 
Сеедно кој ќе е „логички„ крив, формално правно Ти ќе одговараш за бељите на твоето куче.
Не знам како одат постоечките закони во случај да имаш непобитни докази дека куќето било испровоцирано, ама одговорност во некаква форма мислам дека ќе сносиш во секој случај.

Наравоучение на твојот пример е дека колку и да е провоцирано твоето куче од деца (минус напади со катани и ножеви врз него, карикирам), не би смеело да ги растргне на парчиња истите.
за тоа дека јас правно би одговарал, тоа го знам
а за тоа дека кучето не би смеело да ги растргни додека тие го дразнат...е за тоа ќе го прашаме кучето
 
Направи разлика, не зборувам дека не е нормално кучето да се брани. Да лае и да гризне ако мора. Ама не да ги растргне на парчиња и да ги убие децата што го закачале.

Тука е еден од главните проблеми со овие раси, кога ќе почнат да гризат тешко застануваат. Кај повеќето кучиња кога се бранат доволно е едно гризнување и престанување на агресивното однесување на противникот. Примерот со овчарските кучиња од бачило, ќе се приближат и ќе лаат на тебе ама додека стоиш мирно нема да нападнат, едноставно ќе го почекаат газдата да дојде.
Значи едно е кучето да нападне и да гризне кога е во опасност а нешто сосема друго да растргне и да убие. Како што покажуваат илјадниците документирани случаи, баш питбулот (и во помала мера ротвајлерот) е расата која убива или растргнува кога напаѓа.

Сакате уште статистики дека ова е вистина? Има потреба да пренесам уште документирани случаи на убиства направени од питбул и ротвајлер?
 
Ванлок дали има потреба за забрана?Напади од питови врз луѓе во Македонија?Смртни случаеви од питови во Македонија? НЕМА!

Нема потреба од закони против нив.

Затвори тема
 
Светската статистика покажува дека напади има и и ќе има и понатаму секаде што овие опасни раси на кучиња не се законски регулирани. Тоа што кај нас не се прави статистика за нападите од кучиња не ти дава за право да кажеш дека напади нема. Напади има и те како, но тоа што слушаш во медиуми се само случаите како убиството на човекот во Прилеп од сопствениот ротвајлер. Баш тоа убиство и ти покажува дека Македонија е иста како и сите други држави по ова прашање. Разликата е само што заради малиот број на жители, ваквите случаи изгледаат поретки иако тие всушност се на исто ниво, односно процент во однос на генералната популација во светот.

За (наша) среќа Вие (љубителите на опасни раси на кучиња) не сте ниту законодавци па да го спречите носењето на законот, нути пак администратори на форумов па да ја затворите темата затоа што не ви одговара да слушате мислења против вашите кучиња од дефакто опасни раси, па згора на тоа и поткрепени со факти за кои немате ама баш никаков аргумент освен демагогија од типот „моето куче е толку мило".
 
Ајде Ванлок,поднеси петиција,собирај потписи,прави кампањи против овие кучиња со цел да се банираат.Ајде доста трубиш на форуми да те видиме на дело до каде ќе стигнеш.
 
Тек сега ми текнува да прашам,ванлок,тебе те има нападнато ,,опасна`` раса,па си толку против нив?
 
@Димитри

До каде ќе стигнам со некаква петиција... најверојатно до никаде, својствено на приликите тука. Овде законодавците менуваат нешто со вакви закони во два случаи. Првиот е ако побараат од ЕУ, вториот ако јавното мислење достигне точка на вриење, што со нивото на јавната свест кај нас може да се случи само по ужасен несреќен случај. Дури и тогаш, тука секое чудо за три дена - нели лошите работи секогаш им се случуваат на други луѓе.
Еве и Несреќникот ме прашува дали јас лично сум бил нападнат од куче од опасните раси. Зошто нели, додека не те нападнат лично тебе нема за што да се буниш по фаталистичката логика. (додуша голема е веројатноста дека ако те нападне питбул/ротвајлер под „прави„ околности... секако нема да можеш да се буниш). C'est la vie... кај нас.

Статистиката покажува дека под овие околности, еднаш ќе бидне ваква беља и кај нас. Мое e само да се надевам дека директивата од Еу ќе стигне пред нападите со непоправливи последици.
 
Според тебе,све е кај нас заебано,и све не ти е по ќејф ? иди у друга држава ако толку не ти се свиѓа тука.
--- надополнето: Nov 9, 2011 10:14 AM ---
http://www.youtube.com/watch?v=c6HQ1jPuKoQ&feature=share
 
Според тебе,све е кај нас заебано,и све не ти е по ќејф ? иди у друга држава ако толку не ти се свиѓа тука.

Ex, до каде дојдовме. Целава поента на темава е да укажам на опасноста од оваквите кучиња.

И се избацува смешен лик што ме тера надвор од сопствената држава... хаха па уште и името му е „Не дискриминирај".
Види, на државава можеби и смрдат чорапите ама каква е -таква е, моја е. Ќе се среди и ова, само треба малку свесност и едукација за проблемот кој дефакто постои.

П.С. Како за трол, доволно те хранев... ајде поздрав и желби дека нема (наскоро) да се читаме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom