Се разбира дека не им верувам.
Како може со гледање на мојот талог од кафето, или по линиите на дланката да ми ја каже судбината?
Никогаш не сум била кај гатачка, ниту пак планирам да одам. Ќе ми каже некоја глупост само колку да ме уплаши, а ништо од тоа нема врска, и не дека верувам, ама знаете како е кога ќе ви кажат нешто, и да не верувате, некогаш ќе се ставите во мисла.
Не верувам дека некој оди денес на такви глупости (без навреда до тие што одат ако ги има), ако некој оди мора да е навистина очаен, или да не знае што со парите.
Јас би отишла на такво нешто (на гатање или баење) само ако често ми се случуваат лоши работи и тоа почнува веќе да ме загрижува и да не изгледа нормално, т.е. да делува како натприродно.
Како што спомнав погоре, треба да сум очајна за такво нешто да ми падне на памет, со обзир на тоа што не верувам во такви работи, ама кога си очаен се ќе направиш.