Имам пари од игри на среќа од странски кладилници и онлајн покер сајтови. Сите пари ми се на Мoneybookers. Е сега сакам да ги пуштам на банка. Кога ќе ми стигнат на банка несмее да пишам дека се од странски игри на среќа поради законот кој е на сила од септември 2011 година. Дали некој може да ми каже како да ги пишам и да немам проблеми? Инаку не е проблем и да си платам данок од 10% колку што е по закон данокот за дополнителни приходи само сакам да немам проблеми никакви?
Што да направам?
				
			Што да направам?
	
 Бидејќи трансферот оди преку Moneybookers таму во извештајот за кредитната/дебитната картичка ќе ти пишува дека си ги добил од Moneybookers, а тоа не значи по default дека се пари добиени од игри на среќа и обложување. Јас имам вадено пари директно и од онлајн сајтови за обложување, мислам дека никој не може да ти забрани како ќе ги користиш твоите пари на интернет. Нашата влада да не го контролира интернетот??? Законот за обложување важи само за тероторија на Р.Македонија, а јас тој закон го почитувам, значи не се кладам и коцкам онлајн на било која страна во Македонија, од проста причина што таква страна не постои. 
 Ако сакаат да спречат луѓето да си бараат екстра профит и среќа преку странски компании за кладење, нека го забранат и тоа (иако тешко ќе им оди), ајде ќе бидеме Северна Кореја!!! 
 .