ОК, ако сите мислат како тебе дефинитивно келнер ке останев
Тоа е проблемот во Македонија:
не
се
цени
образованието
Кое образование ти го имаш? Зошто си одбрал да бидеш учител/професор во основно/средно?
Не те терал некој, сам си бил свесен колку пари можеш да земеш со таква работа.
И 15000 да се и 20000 да се, тие ти се маргините горе долу.
Зошто не пробаш со факултетот (ова под претпоставка дека не е педагошка или некоја насока за предавање) да се вработиш на место на кое сметаш дека ќе си платен колку што заслужуваш.
На темава.
ВМРО не само што не ја намали администрацијата, дали преку отпуштања или приватизирање на нејзини делови, туку им зголеми плати, зголеми и пензии, почна со идеи за задолжително средно, компјутер за секое дете и слични расходи кои не кореспондираат со движењата на македонската економија.
Не можеш да зголемуваш расходи за буџетските корисници секоја година по 10%, ако растот ти е 4-5%. Од каде ќе дојдат тие пари? Преку поефективно оданочување, преку зголемен извоз, преку што?
Следната година Македонија ќе издвојува само за администрацијата пари колку што и бил целиот буџет пред 10 години.
Тоа е лудило, кое зема се поголем замав и е како гледам тука за да остане, бидејќи нема да се најде силен реформатор кој и е неопходен на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ се декларира како десничарска партија, делумно поради тоа јас и ја подржувам на избори. Но ова се левичарски испади и тоа во загрижувачка форма.
Па тоа е и главната поента на целата работа,разликите кој се појавија во парите за плати на администрацијата и платите во реалноста,не е до оние 1000 денари разлика за хранарина или патарина.Владата објавува буџет во кој платите на просветните работници им ги определува на 1000 евра,а во реалноста им дава 300 или 500 евра.Е сега кога СОНК сака барем малку да ја порамни таа разлика која очигледно министерот Трајко Славевски им ја определил со буџетот за 2009та,наеднаш се појавува истата таа влада која им вели на просветарите дека се многу алчни.Па дај не заебавај бе,гледаш и сам дека исчезнува скоро 1 милјарда евра пари од буџетот кога ќе се согледа реалноста.Тоа се мои и твои пари,јас не можам да ги преболам од партијски интереси како “слепец“ во некоја партија,затоа што тоа не сум,ама изгледа дека некој овде сака да ги забошоти,како да се 100 евра ебаго.
Ова не го знаев. Уште побетар и позаглавена е значи работата.