Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Само да ве потсетам, ако небевме ние просветарите сега вие што ве цитирам немаше да знаете да пишувате на форумов...
Како е можно една медицинска сестра да биде повеќе платена од еден професор, еден работник во македонија пат со основно училиште зема поголема плата од еден професор...
П.С можеби оваа е вака поради тоа што учителот што го учел на Никола Груески не го научил дека македонската азбука има 31 буква...сигурно кога требало да ја изучуваат буквата Р и тогаш штрајкувале просветарите...
Ова со споредбите на платите не си во право. Секој нека зема колку може да зема. Ами рударите треба ли да земаат по 5000 денари само затоа што се рудари со четврто одделение. Тука грешат сите образовани лица со споредбите. Ова е пазарна економија и секој ќе зема толку колку што ќе успее да се договори со работодавецот. Школото и нивото на образование нема врска. Па половина од бизнисмените се со осмо одделение па која пара ја замаат тие. Што се однесува до просветние работници тие треба да си се борат за своите права и да ги остваруваат на начин дозволен со нормите запишани во законот без да правиш ваква споредба со друга категорија на луѓе и работници. И на крај како и многу нешта легитимното барање за овој штрајк се претвори во борба на политичките партии пред локалните избори. Мислам дека Дојчин или свесно или несвесно или пак наивно влета во ова и неможеше да процени дека штрајкот го контролираат политичките партии, барем јас сум сведок во мојата општина која е под контрола на опозицијата се растурија мобилните агитацијата, свикувањето на советот на родители кој е составен од членови на родители од опозицијата и кој треба да оди по домовите и да објаснува на другите родители за оправданоста на штрајкот. Од друга страна пак опозицијата ги мобилизира своите капацитети. И што настанува штрајкот се претвори во предизборна кампања, па како и секогаш губитници ќе бидат децата и нивните родители. Замисли си во мојата општина водачи на штрајкот се директорите, оние кои ја претставуваат државата. Ете затоа штрајкот не го подржувам. Контролата не е синдикална, штета за легитимното барање на СОНК.