Дали го одобруваме штрајкот организиран од СОНК?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа е веќе друга работа, ако е навистина така. Ти реков дека и мене ми е чудна цифра од 1,5 милијарди. Ако намислил некој такви гадни пари да пере преку наш грб, треба да се примени за него Хамурабиев законик.:)

Па еве така барем пишува:

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=30008
 
Министерот за образование, Перо Стојановски,вчера беше во обиколка на училиштата, овој пат во Битола, каде што отворено се закани со казни за непослушните просветари кои штрајкуваат.

На што ни асоцира ова?
Режим!!! Одговор?

ШТРАЈК!!!!
 
ОК, ако сите мислат како тебе дефинитивно келнер ке останев :)

Тоа е проблемот во Македонија:

не
се
цени
образованието

Кое образование ти го имаш? Зошто си одбрал да бидеш учител/професор во основно/средно?
Не те терал некој, сам си бил свесен колку пари можеш да земеш со таква работа.
И 15000 да се и 20000 да се, тие ти се маргините горе долу.
Зошто не пробаш со факултетот (ова под претпоставка дека не е педагошка или некоја насока за предавање) да се вработиш на место на кое сметаш дека ќе си платен колку што заслужуваш.

На темава.
ВМРО не само што не ја намали администрацијата, дали преку отпуштања или приватизирање на нејзини делови, туку им зголеми плати, зголеми и пензии, почна со идеи за задолжително средно, компјутер за секое дете и слични расходи кои не кореспондираат со движењата на македонската економија.
Не можеш да зголемуваш расходи за буџетските корисници секоја година по 10%, ако растот ти е 4-5%. Од каде ќе дојдат тие пари? Преку поефективно оданочување, преку зголемен извоз, преку што?
Следната година Македонија ќе издвојува само за администрацијата пари колку што и бил целиот буџет пред 10 години.
Тоа е лудило, кое зема се поголем замав и е како гледам тука за да остане, бидејќи нема да се најде силен реформатор кој и е неопходен на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ се декларира како десничарска партија, делумно поради тоа јас и ја подржувам на избори. Но ова се левичарски испади и тоа во загрижувачка форма.


Па тоа е и главната поента на целата работа,разликите кој се појавија во парите за плати на администрацијата и платите во реалноста,не е до оние 1000 денари разлика за хранарина или патарина.Владата објавува буџет во кој платите на просветните работници им ги определува на 1000 евра,а во реалноста им дава 300 или 500 евра.Е сега кога СОНК сака барем малку да ја порамни таа разлика која очигледно министерот Трајко Славевски им ја определил со буџетот за 2009та,наеднаш се појавува истата таа влада која им вели на просветарите дека се многу алчни.Па дај не заебавај бе,гледаш и сам дека исчезнува скоро 1 милјарда евра пари од буџетот кога ќе се согледа реалноста.Тоа се мои и твои пари,јас не можам да ги преболам од партијски интереси како “слепец“ во некоја партија,затоа што тоа не сум,ама изгледа дека некој овде сака да ги забошоти,како да се 100 евра ебаго.:toe:

Ова не го знаев. Уште побетар и позаглавена е значи работата.
 
Abe kolku sto znam im zgolemija platite kolku tolku....so placat samo ko samo oni da se vo drzavava!
 
Министерот за образование вчера отворено се закани со санкции за непослушните просветари кои го прифатија штрајкот на СОНК, притоа напоменувајќи дека не треба да се сфати тоа како притисок.

„Најжестоко се притиснати околу осум илјади вработените со договор на дело, на кои им се закануваат дека се водат списоци и дека или ќе работат или ќе добијат откази. Тоа е најизразено во подрачни училишта, каде што има малку ученици, а наставниците со нерешен статус и мал број часови се плашат да не го изгубат работното место. Со тоа сакаат да создадат атмосфера дека штрајкот не се поддржува и дека е издишан балон“, вели Дојчиновски. Од скопските општини најголем притисок бил забележан во Гази Баба, каде што во едно од училиштата не му бил дозволен влезот на регионалниот лидер на СОНК. Сосема обратна е ситуацијата во општините Ѓорче Петров и Карпош, каде што силните притисоци од понеделникот попуштиле, па во штрајкот се приклучиле и училишта кои претходно одржувале настава. Слична е состојбата и во останатите градови во земјава.

Море ШТРАЈК!!! :)
 
- Просечната плата не е 18.000, зашто највисоката плата во средно образование е 15.600 денари - рече претседателот на СОНК.

Професор од скопските училишта, кој поради настаните сакаше да остане анонимен, вчера беше дециден:

- Работам 30 години во образованието и платата, заедно со храната и превозот, ми е 18.000 денари. Прашајте колку за превоз и храна земаат во Министерството.
 
Министерот за образование, Перо Стојановски,вчера беше во обиколка на училиштата, овој пат во Битола, каде што отворено се закани со казни за непослушните просветари кои штрајкуваат.

На што ни асоцира ова?
Режим!!! Одговор?

ШТРАЈК!!!!

Кој плаќа.....тој и ги одредува условите..
Секој незадоволен..треба да си го побара чарето на друго место..има приватни училишта..а ако нема можат и да се отворат..
пс
Секое барање за мене е легитимно..ако е според важечкиот тогаш Закон..
Во спротивно..тоа е насилие..каде учениците се средство за принуда...
ппс
Гледај до каде ги доведе цицијашлукот (ама само кон оваа категорија административци) на вечната сдсм-овска машинерија..а која е сега „искорната„ од тлото..и венее..
:pop:
 
Лав земи ја во предвид реалноста или просечната плата во образованието и провери колку зема владата за хранарина и превоз плус удри ја скапотијата и поскапувањата па види колку биле реални покачувањата а не СДСМ крив, Бранко крив.Буквално се самоуби од глупости тресење по форумиве.
 
Па тоа е и главната поента на целата работа,разликите кој се појавија во парите за плати на администрацијата и платите во реалноста,не е до оние 1000 денари разлика за хранарина или патарина.Владата објавува буџет во кој платите на просветните работници им ги определува на 1000 евра,а во реалноста им дава 300 или 500 евра.Е сега кога СОНК сака барем малку да ја порамни таа разлика која очигледно министерот Трајко Славевски им ја определил со буџетот за 2009та,наеднаш се појавува истата таа влада која им вели на просветарите дека се многу алчни.Па дај не заебавај бе,гледаш и сам дека исчезнува скоро 1 милјарда евра пари од буџетот кога ќе се согледа реалноста.Тоа се мои и твои пари,јас не можам да ги преболам од партијски интереси како “слепец“ во некоја партија,затоа што тоа не сум,ама изгледа дека некој овде сака да ги забошоти,како да се 100 евра ебаго.:toe:

Кој плаќа.....тој и ги одредува условите..
:pop:

Тој што плаќа т.е Владата ги одредил условите, прочитај го АБЦ погоре. А потоа тие услови не ги почитува.
Луѓето само си го бараат тоа што им следува. Сте се запнале сите овде дека професорите не заслужуваат. Па и да речеме дека не заслужуваат, сепак тие се извисени од Владата и со сосема легален штрајк си го бараат тоа што им се ветило.
Не гледам никакви нејаснотии овде, освен глупиот начин на кој што Владата се обидува да ги оцрни наставниците како нелојални граѓани за нешто кое што самата го ветила а не го остварува.
 
Na seto ova ke ti odgovoram so nekolku recenici- ZAVISI OD KARAKTEROT I MENTALNIOT SKLOP NA SEKOJ OD NIV! Samo edno ke ti kazam - NE SE SITE ISTI I NE GI STAVAJ SITE VO IST KOS!
P.S. i jas kako srednoskolka bev razocarana i revoltirana za odnesuvanjeto i kriteriumite na odredeni nastavnici, pa cesto bev vo konflikt so niv.

Навистина џабе објаснуваш.
Муабетот што се врти е во смешна конотација,како јас да видам сметководител што спие на работа,и одма сите сметководители се заспани и го предремуваат работното време.

Ама џабе,некои комплекси набиени од одреден професор ги заслепуваат децата да гледаат објективно.
Никогаш нема да ја видат големата слика:helou:
 
Badluckgay,
Zboruvam za osnovno! Prvo, megu casovite ima pauza od 5 min. a golemiot odmor e 15 min. pa ako togas se napijat kafe. Vtoro, za vreme na zimskiot raspust se sreduvaat dnevnicite (ocenki, izostanoci, realizirani poseti i sl.), se odrzuvaat nastavnicki i oddelenski soveti, se pisuvaat ucenickite kniski. Treto, letniot raspust za ucenicite pocnuva na 11 juni, a na nastavnicite letniot odmor im pocnuva kolektivno od 10 ili 15 juli, a sekoj se vraka na rabota po resenieto za odmor (20 rabotni dena). Cetvrto, bar vo onie ucilista vo koi sum bila se odelo na ekskurzija vo dogovor so ucenicite ( kade ke odlucat poveketo) - a za takvi dogovori licno neznam...mozebi za nekoja godina ke iskusam...ke vidam kako e vo srednite ucilista od idnata ucebna.

1. 20 минути
2. Какви ученички книшки, ги укинаа нив лонг тајм агоу.
3. Официјалниот одмор им почнува тогаш, а на одмор се и ние кога сме на одмор. Кога кафе пиењето и трач муабетите ќе се сметаат за работа, тогаш ќе можете да кажете дека работите(не дека ова не е работноте време на поголем број луѓе во државава)

Види, јас навистина ти посакувам да се вработиш, ама тогаш ќе согледаш дека многу работи се сменети. Поготово тоа со екскурзиите. Никаков договор нема. :smir:
Во Арсениј Јовков исто така децава одбрале некоја дестинација, директоркава на разглас им рекла, вие сакавте овде - онде ама ние како кадар одлучивме дека Атина ќе е најдобро. Фала многу, пријатно.


Сфаќам дека има професори кои си ја заслужуваат платата и на кои лично јас сум им благодарна што за мене останувале после часови и би им дала повеќе, но поголемиот процент се обични паразити кои на час и пијани доаѓаат. Шпиц читаат на час. По некои предмети да ми ја видиш тетратката ќе паднеш во несвест. Не сум стигната ни до пола, од прва година ми е истата, а сега сум трета. :toe:
 
Главен извисен излезе Дојчин Цветановски кој ДПМНЕ го фалеше на последните избори а по него сите работници и работнички права.

Преродбата продолжува :helou:
 
Сфаќам дека има професори кои си ја заслужуваат платата и на кои лично јас сум им благодарна што за мене останувале после часови и би им дала повеќе, но поголемиот процент се обични паразити кои на час и пијани доаѓаат. Шпиц читаа бла,бла,бла итн...:


Факти,факти,факти


Значи јас ова очекувам од тебе во следен пост на темава.

1.Колку професори знаеш.
2.Колку од нив се алкохолици или едноставно не ја исполнуваат својата работа (секако,пресметај и процентуално).
3.Споредба на тоа колку знаеш ти/колку вкупно има во МК (секако,пак процентуално)


Па јас ќе ти направам еден статистички модел (не се секирај,бесплатно е),и ќе ја изанализираме оправданоста на твојата генерализација.
 
Апсолутно го поддржувам штрајкот на просветарите, од најмалку две причини.
Прво, легитимно и законско е правото на штрајк.
Второ, од една страна два пати зголемување по 10% никако не даваат 41% (ниту збирно ниту кумулативно), од друга страна луѓето си бараат зголемување на надоместот за храна и превоз кој за разлика од 5200 кај здравството кај нив е 3200 веќе со години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom