Дали факултетот го прави човекот, човек?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mickey_k
  • Време на започнување Време на започнување
факултетот може само да те оттупи, еве на економски факултет сум, трета година, немам никаква прктична настава и да се вработм во сметководствена фирма, ќе ме избркаат за една недела, нема да знам да работам, плус цело време трчај по професори, за една ебана наједноставна, најглупа работа, и пак нема да ти помогнат, и после сакаш да станеш човек, е нема
 
Според мене човекот ја гради својата личност за време на пубетретот,тинејџерството бидејќи тогаш му се отвораам многу можности и може да си одбере по кој пат ќе продолжи и до факултет треба да има оформено ставови и да поседува сопствено гледиште на светот и тоа што се случува.Ако на факултет уште ја нема стекнато свои ставови и размислувања...џабе му е.Така да,според мене факултетот не го прави човекот,човек.
 
Човекот може да стане човек само ако тој така сака, а ако спие на тоа уво дека факултетот може да го направи човек нека продолжи да спие. Железото се кова врело а чорапите се сушат додека се мокри нели, епа човекот може да се изгради во оние „рани„ години, години во кои се среќава со многу работи и од кои автоматски учи, сега јес да се учи цел живот и се учи од грешките, ама патот на човекот се дели на два дела во тоа средно образование. Едниот е успехот а друиот е неуспехот, така да човек може да биде човек и без факултет а може и со факс да биде морон кретен расипикуќа
 
Ако забегаш на факултет за нешто што не те интересира и не го сакаш,дефинитивно е губење време.Ако го сакаш тоа што го учиш,и спремен си да се надградиш тогаш прави "човек" од тебе.
 
Диоломата не го прај човекот човек туку она што го носи во себе.
 
Факултетот не го прави човекот.Знам многу луѓе со факултет работат за 7-10 000 плата.Треба да ти работи кликерот :toe:
 
Факултетот ама нема баш никакво влијание врз тоа дали ќе очовечи една личност или не.Тоа претставува како една установа замислена за надградување на веќе стекнатите знаења.Ако не си бил воспитан правилно од своите родители, ако веќе не си ги создал своите ставови и не си се изградил како личност нетреба да се очекува со тоа дека ако се записал на факултет ке бидеш попаметен далеку од тоа.Никој нетреба да се ослонува на тоа:toe:
 
Не го прави човек, туку само го дообразува во некој поглед и правец кој го одбрал за студирање. Само повеќе искуства и тренирање на живци. Факултетот не е мерило за човечност.
 
Не само што немора да го направи човек, туку немора да значи и дека ќе му најде работа. Се почести се примерите на факултетџии без работа, а средношколци со работа. Едноставно - ако си снаодлив и способен, секогаш ќе има работа.

За мене... Факултет = губење на време и пари.

Се согласувам, со мало надополнување.
Не само што се многу чести примерите на факултетџии без работа. Страшно голем е бројот на факултетџии што појма си немаат од својата област.

предност=подобро работно место,некогаш ќе се добие,предност да запишеш постдипломски студии и дополнително да се дообразуваш со истражувачка дејност,...)

Подобро работно место паѓа одма во вода (барем во мојата струка) ... предолга е да објаснувам што како и зошто... Останува...
Најголема предност на факултетската диплома е можноста да се запишеш на постдипломски студии? Недоволно, нели ?

pozdrav do site.
pretpoatavuvam deka site ste srednoskolci i ne vi se uci i zatoa davate takvo idgovori.
samo da ve informiram deka za kratko vreme bez fakultet nema da se vrabotis i kako higienicar.
kako za informacija vo site oglasi za vrabotuvanje baraat visoko obrazovanie .zal mie no takva e situacijata.
bidete pozdraveni i ucete
sasence

Поздрав и до тебе сасенце... ке одбијам на глупостите од муабети и ќе ти кажам директно ... До лани кога некоја фирма бараше програмер, бараше со диплома од ПМФ или ЕТФ... Сега во ниеден оглас не пишува ВСС или нешто слично, сегде пишува Х години искуство. ДИПЛОМАТА НЕ СЕ СПОМНУВА!

За учење, не ти треба факултет, ти треба желба, столче што ќе го загрееш и малку ум...

<-- -->

Во принцип, факултетот порано имал многу поголемо значење, поради многу помалата достапност на информациите. Денес, кога секоја информација е "just a few clicks away" ... се останува на тоа што и колку те интересира...
 
Да го праеше човек, немаше да има толку дипломирани мајмуни. Еволуцијата и факултетот не се меѓусебно зависни.
 
Факултетот не го прави човекот човек, тој си е човек уште од самото раѓање (а можда и пред тоа). Факултетот го прави човекот образован човек (па добро сега, за кого како), го прави човек со можност за вработување а со тоа и човек кој е во можност да создаде и да издржува семејство.
 
Арно велат старите ум со инка не се тура, ништо неможи да те направи човек, ако ти самиот не си човек.
 
Факултетот може да те направи од пијаница во боем,
а дека може да те направи човек ако веќе неси тоа тешко.
 
Абе како средношколец не можам да кажам за факултет, ама можам за средно. Срање. Губење време. Да не ме тераа моите, немаше да седам 4 години на школо. Се што сум научил (за однесување зборувам) сум го научил по своја иницијатива, а најмалку сум го научил од учебници. Ако ти не сакаш да бидеш човек, нема сила на земјата што ќе те премисли.
 
Дипломата можеби го прави еден човек поквалитетен, пообразован и слично, но дека го прави подобар како човек, не се согласувам. Дипломата многу често се смета за статусен симбол, и има случаи каде луѓе со средно образование се сметаат за инфериорни.

Според мене, многу поважни се тривијалните знаења. Ете, се соочивме со ситуација да студент на медицина, и потенцијален академски граѓанин не знае што е космополит, додека пак еден “обичен“ рибар го надмина во знаење.
Снаодливоста е многу поважен адут за еден човек отколку едно парче хартија. На пример, имам познаник кој живее во Америка, и на тамошните “интелектуалци“ со не знам какви си дипломи им наплаќа по 100 зеленки само за да им смени сијалица.

Но сепак не се согласувам со тоа дека факултетот е беспотребно трошење на време и пари, затоа што како и да е, при вработување најчесто предност имаат кандидатите со диплома...или не?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom