Дали е можно да се живее само од љубов?

  • Креатор на темата Креатор на темата [zEUs]
  • Време на започнување Време на започнување
е ај живеј само од вода, колку можеш да издржиш. Така и ова, не бива само љубов, треба и пари, и секс, и здравје...
 
Љубов, што беше тоа...?
Ова можеби било поизводливо во социјализмот, кога горе-доле сите имаа работа, стан и слично. Да, тогаш луѓето се вљубуваа поискрено, бидејќи сите беа со сличен општествен статус. Денес е борба за опстанок, а љубовта е веќе издевалвирана до немајкаде. Нема веќе љубов, бидејќи секој мисли само на себе, а се стреми да ги оствари своите лични интереси преку партнерот (ова особено жените кои сакаат богат маж;)
Додуша, може ако сте на некој пуст остров, па да изигравате Робинзон Крусо со партнерот/ката. Во цивилизација, каде што сте роб на парите/престижот/егото/успехот, не, не е можно во никој случај.
 
Со љубов се живее, но само од љубов не.
Кога имаш љубов и разбирање, ќе створиш се што ти треба понатака во животот, но мораш од некаде да почнеш, мораш да ги имаш барем основните работи за живот. Не може да немаш каде да жвееш, што да јадеш, каде да спиеш и да бликаш од среќа бидејки со со љубениот. Не оди тоа така, самата беспарица и немаштија носи проблеми, па колку и да се сакаш нема да бидеш среќен, а пак ако немаш и да си го прехраниш семејството, нема и долго да живееш.
 
Не е можно и не би се согласила
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom