Дали е можно да мразиш некого што воопшто не го познаваш?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Можам само да ги мразам работите што таа личност ги прави,а самата личност за да ја мразам морам мнооогу добро да ја познавам.
Сепак омразата е грев..."не ми се допаѓа" е многу подобро од "омраза".
Е сега секако дека можам да ги мразам оние кои убиваат невини луѓе иако не ги знам.Друга работа е тоа што со тоа што мразиме некого можеби потсвесно мислиме дека знаеме нешто за него.За луѓе што не ги знаеме обично се водиме според стереотипи или според некојси минимум информации што ги знаеме за нив.И не знам колку имате приметено ама обично НЕ НИ СЕ ДОПАЃААТ луѓето кои се различни од нас.
Сепак секој према секого мора да биде фер.Не можеш да донесеш одредено мислење за некого само затоа што некој/а ти зборува лоши работи за луѓето.
Најнепријатно е чувството кога некој не ти се допаѓа па после откако ќе го запознаеш ти станува најдобар пријател (од искуство знам),на секого треба да му се даде шанса.
 
не можам да го мразам тој шо не го знам,може само да осеќам одбивност,незнам да мразам,знам само да кажам дека не ми се допаѓа некоја личност и толку-повеќе не се замарам.
 
не е да мразам туку едноставно некој да не ви се бендисува...и да ми се случува тоа зашто од она што го гледаме и сме го слушнале за личноста ние ствараме лажна слика...всушност секогаш си ствараме некаква слика за некого а тоа е некој вид одбранмен механизам за кога таа личност ќе направи нешто грешно според нас да можеме да кажеме-ти ме разочара зашто едноставно неможеме да си признаеме дека погрешно сме ја процениле таа личност. ми се случува и тоа мнпати да кажам такво нешто, но и да се уверам дека тоа не е точно.
 
da bideme objektivni ne mozam da mrazamnekojkoj ne go znam..KAKO...a za poznative licnosti-pa tie si imaat i fanovi..ama i :vozbud:mrazaci
 
Se slucuva nekoj surat da mi e odbiven kako pojava , ne deka go mrazam - ama ne mozam da go gledam :) Nejkam nisto loso da mu bidi , mu posakuvam mnogu zdravje , srekja , ljubov , pari i se so go praj sreken vo zivotot samo da mi iscezni od pred oci :)
 
Ме интересира што мислите : дали е возможно човек да мрази некој што воопшто не го познава лично?
На пример колку пати имам прочитано : Го мразам 50 сент, го мразам Џорџ Буш или некои слични примери. Како може да мразиш некој а воопшто не го ни познаваш? Како е можно тој човек ти нема ништо згрешено лично, ниту пак повредено,а да кажеш толку јак збор - омраза.
Дали сепак станува збор за некој вид љубомора? Не ми е јасно навистина како може некој да мрази некој друг што воопшто ни лично не го познава, ниту пак таа особа му има лично наштетено.
Или поминува некоја особа од градот, седат две другарки и едната и вика : Леле како ја мразам оваа, ама дигнато се однесува.

Како може некој да развива толку јаки негативни чувства кон личност со која нема контакт.Дали е тоа возможно и која би била причината за тоа?

Јас мислам дека често иаме проблеми со правилното дефинирање на зборот омраза. Сигурна сум дека во овие случаи луѓето не мислеле буквално дека ги мразат тие личности туку не им се допаѓаат, ги нервираат. Ми се има случено и мене порано (бидејќи Бијонсе не ми се допаѓа како изведувач, начинот на настап и спотовите, појавата, онака е као бичи шмизла), да кажам дека ја МРАЗАМ Бијонсе, и потоа вујна ми кога ме слушна ме праша како е можно да ја мразам ако не ја знам? И тогаш си размислив и сфатив дека тој збор сум го употребила во несоодветен контекст, зашто воопшто не ја мразам, туку само не ми се допаѓа.
 
НЕМОЖЕ АЛИ кај нас секад има некој што го марзиме а сепак не го познаваме!
 
Јас воопшто не разбирам како некој може да мрази некого, а уште помалце ако и не го познава тој некој. По некоја логика на нештата за да имаш за некого било какво мислење, дали позитивно или негативно треба прво да ја запознаеш индивидуата.
 
Oние што не ги знам (не ми се блиски) научив да ги игнорирам, т.е. да не дозволувам нивното его и споротивниот став од мојот да ме допрат. Така да не, тешко дека мрзам (т.е. осеќам одбивност од некој што не го знам)

Се она што не ни се допаѓа кај другите, ни помага да се разбереме себеси.
 
Не би рекол дека е само нашата слика за нив во прашање, потсвеста знае се, или shadow knows :) но сенката никого не би мразела, тоа само егото може. Сенката само предупредува да се завземе став према некого, омраза не.
 
Јас мислам дека често иаме проблеми со правилното дефинирање на зборот омраза. Сигурна сум дека во овие случаи луѓето не мислеле буквално дека ги мразат тие личности туку не им се допаѓаат, ги нервираат. Ми се има случено и мене порано (бидејќи Бијонсе не ми се допаѓа како изведувач, начинот на настап и спотовите, појавата, онака е као бичи шмизла), да кажам дека ја МРАЗАМ Бијонсе, и потоа вујна ми кога ме слушна ме праша како е можно да ја мразам ако не ја знам? И тогаш си размислив и сфатив дека тој збор сум го употребила во несоодветен контекст, зашто воопшто не ја мразам, туку само не ми се допаѓа.

Се согласувам. И плус за да мразиш некој, тој некој, треба да ти има направено нешто лошо, едноставно да има причина за таа омраза. А за некоја позната личност, скоро сите користат израз: 'Ја МРАЗАМ (личноста)', иако со тоа сакаме да кажеме 'не ми се допаѓа'.
 
тешка филозофија.
Мислам дека можно е ама што знам.
 
Да ! Многу пати мразиме некој уште пред да го запознаеме, а тоа мразење се темели на размислувања од некои трети луѓе :3:
 
Да разграничиме „познавање“ и „познавање“.

Ако некого го познаваш премногу добро, нема да доволиш да има потреба да го мразиш.

Можеш да мразиш само некого што не го познаваш. Или барем малку го познаваш.

А она, online мразење
Нема везе ...
 
А како мразите?Што е тоа што ве тера да мислите дека ги мразите тие луѓе?Има луѓе кои поради некои карактеристики не ми се допаѓаат и едноставно се обидувам да комуницирам да понаков начин со нив...Има луѓе кои многу ме повредиле во животот и едноставно сум се тргал и сум продолжил без нив.Да, болело многу ама што и да направам нема да се промени а крајот е секогаш ист.Се знам себе си.Неможам да се лутам повеќе од ден.Неможам ни толку.Немам никаква желба за карање со луѓето ниту пак одмазда и секогаш сум наоѓал добро во лошото.Секогаш сум се убедивал дека тоа е само една особина нивна која го предизвика ова и тоа нема да предизвика промена на моето мислење за таа личност.Да се сум се лутел, сум плачел и сум.....ама како да ги мразам?Вчера ми беа другари а одеднаш се се смени и не им бев повеќе важен.Можеби никогаш и не им бев а сега само го сватив тоа.Ме повредија како никој до сега и целиот живот ке се сеќавам на тоа, и проблемите кои ми настанаа после тоа.Ама дури и во оние моменти кога се случуваше тоа ниту после тоа ниту ден денес не сум почуствувал омраза.Незнам какво е тоа чуство.Сватив дека такви луѓе не се за мене и почнав да барам нови пријатели и уште барам.Ама никогаш не го сменив ни мислењето за нив и нокогаш не сум рекол збор за нив лош после тоа.Тие беа супер.Можеби јас не одговарав во нивното друштво ама сега гледам дека си најдоа соодветни за нив и среќни се.Пак почнав да комуницирам со нив.Life goes on.Никогаш нема да мразам што и да ми имаат направено.И неможам да сватам како некој може да мрази некој што не го ни познава.Денес на многу зборови им е дадено погрешно значење.Не го мразиш оној што те нервира, не го мразиш оној кој на youtube има поголема гледаност од твојот омилен пејач, пејачка или група.Не го мразиш братчето кое ти ги кубе косите на барбиките или сестрата која несакајки ти го скинала постерот од омилениот фудбалски клуб иако секогаш како по навика се вели те мразам.Не ја мразам ни онаа која виде подобар од мене уште пред да ме запознае вистински и ме вараше незнам колку пати зошто да ја мразам? Тој можеби и е подобар од мене во оние работи кои ги барала таа во мене?Не го мразам ни него.Не ја мразам ни онаа која ме сакаше најмногу на свет па по некое време како се премисли или светот нејзин се преполни со љубов и искрени чуства па пукна и се исчезна а и не ме интересира.Уште се сеќавам на убавите моменти и ке се сеќавам секогаш.Како да ја мразам?Ја сакав...to be continued...out of inspiration...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom