Дали е можно да мразиш некого што воопшто не го познаваш?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
На пример колку пати имам прочитано : Го мразам 50 сент, го мразам Џорџ Буш или некои слични примери. Како може да мразиш некој а воопшто не го ни познаваш? Како е можно тој човек ти нема ништо згрешено лично, ниту пак повредено,а да кажеш толку јак збор - омраза.
Не е потребно некој да те има повредено тебе лично,па за да го мразиш.
Едноставно,ги знаеш неговите дела,знаеш дека нанел штета на многу луге и едноставно,тоа е повеќе од силна причина за да мразиш некого.
Мислам,сигурно не го мразам Хитлер од љубомора,нели:).
Дали сепак станува збор за некој вид љубомора? Не ми е јасно навистина како може некој да мрази некој друг што воопшто ни лично не го познава, ниту пак таа особа му има лично наштетено.
Да,понекад станува збор за љубомора.
Али никој не би кажал:Леле,колку сум љубоморен на овој,бидејќи така ќе изгледа како инфериорен идиот.
Многу полесно ќе искажеш чувства и ќе ослободиш негативна енергија,ако речеш дека мразиш некој,без разлика дали тоа е вистина или само преносна смисла.
И нема поента да се чудиш поради тоа,неминовно е во нашето општество.
Како може некој да развива толку јаки негативни чувства кон личност со која нема контакт.Дали е тоа возможно и која би била причината за тоа?
Да,тоа е многу возможно.
Едноставно,аурата на некои луге е одбивна за нас,субјективно гледано.
Не треба да ги познаваме,не треба да знаеме ништо за нив,а сепак да имаме негативни чувства и да гаеме омраза.
Исто како што,не треба да го познаваш некој човек,за на прв поглед да развиеш симпатии спрема него.Истата појава,само во спротивна насока.
 
Ме интересира што мислите : дали е возможно човек да мрази некој што воопшто не го познава лично?
На пример колку пати имам прочитано : Го мразам 50 сент, го мразам Џорџ Буш или некои слични примери. Како може да мразиш некој а воопшто не го ни познаваш? Како е можно тој човек ти нема ништо згрешено лично, ниту пак повредено,а да кажеш толку јак збор - омраза.
Дали сепак станува збор за некој вид љубомора? Не ми е јасно навистина како може некој да мрази некој друг што воопшто ни лично не го познава, ниту пак таа особа му има лично наштетено.
Или поминува некоја особа од градот, седат две другарки и едната и вика : Леле како ја мразам оваа, ама дигнато се однесува.

Како може некој да развива толку јаки негативни чувства кон личност со која нема контакт.Дали е тоа возможно и која би била причината за тоа
?
Овој збор е прејак и несоодветен за чувството кое го имаме кон "омразената"личност. Кога ќе се каже "Го мразам___________(име на телевизиска личност)", всушност се мисли на недопаѓање на неговите постапки или творештво, или изглед или појава или изјава ... Тогаш ирзазуваме апатичност кон личноста и едноставно не сакаме да ја гледаме повеќе. Е сега... Во однос на тоа дали се работи за љубомора или не, мислам дека понекогаш е тоа.. Понекогаш е навистина немоќ да се спротивставиме на успехот на некого на било кое поле, па го честиме со "леле ама те мрзам", но најчесто се работи за вистински иритирачки однос. Некое поведение кое не кореспондира со нашите очекувања, а нечесто и неквалитет. Да речеме, јас би рекла дека мразам певаљки од Планета. Иако морам да признаам дека изгледаат убаво(која помалку,која повеќе мајклоџексонета, да не речам испластифицирана), тие не ми се симбол за она што го очекувам јас од една пеачка. "Омразата", се однесува на недопаѓањето.:smir:
 
Мислам дека е невозможно
- Невозможно е поради тоа што ние можеме да ја мразиме личноста која си ја замислуваме а не вистинската личност откако ќе се запознаеме може нашето мислење да се потврди но може и да се промени :wink:
 
Го мразам ѓаволот иако не го познавам (тој сигурно мене ме познава) мислам дека ја има заслужено омразата на целото човештво. Кај лугето ги мразам гревовите но нив не.
 
Го мразам ѓаволот иако не го познавам (тој сигурно мене ме познава) мислам дека ја има заслужено омразата на целото човештво. Кај лугето ги мразам гревовите но нив не.
i jas im vikam zemete go grevot osudete go na kazna zatvor, a ne mene.
 
За некој е можно да мразиш некој пред да го запознаеш, но тоа не е така во мојот случај:nenene: и да ми згреши човек нешто, и да ме навреди, и да ме понижи и слично неможам да го мразам тоа не му е својствено на мојот карактер, а не па пред да го запознаам некој да го мразам :toe:
 
Дали станува збор за вистинска омраза или за несоодветно употребување на термин? Омразата е едно од најинтензивните чувства и не можам да сфатам дека може да биде испровоцирано од некој кого не го познаваме. Честопати луѓето лесно, без размислување "мразат" или "сакаат" некого на збор, вербално, без емоционално покритие, а всушност она што сакаат да го кажат е дека нешто/некој им се допаѓа или не им се допаѓа. Значи, не верувам дека е можно да мразиш некого без да го познаваш.
 
Овој збор е прејак и несоодветен за чувството кое го имаме кон "омразената"личност. Кога ќе се каже "Го мразам___________(име на телевизиска личност)", всушност се мисли на недопаѓање на неговите постапки или творештво, или изглед или појава или изјава ... Тогаш ирзазуваме апатичност кон личноста и едноставно не сакаме да ја гледаме повеќе. Е сега... Во однос на тоа дали се работи за љубомора или не, мислам дека понекогаш е тоа.. Понекогаш е навистина немоќ да се спротивставиме на успехот на некого на било кое поле, па го честиме со "леле ама те мрзам", но најчесто се работи за вистински иритирачки однос. Некое поведение кое не кореспондира со нашите очекувања, а нечесто и неквалитет. Да речеме, јас би рекла дека мразам певаљки од Планета. Иако морам да признаам дека изгледаат убаво(која помалку,која повеќе мајклоџексонета, да не речам испластифицирана), тие не ми се симбол за она што го очекувам јас од една пеачка. "Омразата", се однесува на недопаѓањето.:smir:
Значи, овде станува збор за погрешно сфаќање и употребување на терминот омраза... Мислам дека за да мразиш некого треба да бидеш многу стабилна личност... Сепак кога ќе речеме: “ЛЕЛЕ АМА ГО/ЈА МРЗАМ ..... (некоја си личност)“, може да се случи оној чист парадокс по само 3-4 дена да станете многу добри пријатели... Така, кога ќе видиш треба да имаш цврст карактер, па кога едноставно ќе замразиш некој, од било која причина, си го мразиш до крај...
Мислам дека лично јас не мразам никого, посебно не некој што не го познавам, туку само преку одбивноста се манифестира некое друго чувство. Чувство кое е некаде помеѓу омразата и несогласувањето на моралните вредности...
 
Прашањето може и да гласи "Дали можеш да сакаш некого што воопшто не го ни познаваш лично !?".

Јас сакам многу личности со кои немам остварено физички контакт, а сум се поврзал духовно или преку песна, книга, говори и семинари. Многу од нас добиват поголемо разбирање и емотивна поткрепа од песните шо ги слушаме отколку од средината околу нас.
Мајкл Џексон е една од личностите што не знам дали некогаш ќе ја запознам, но знам дека ќе го сакам засекогаш, неговата порака кон светот, кон мене, his spirit smiley face
Како личност напаѓана од голема маса наивни луѓе и таблоиди, Мајкл на оваа тема има да каже "PREJUDICE IS IGNORANCE" (незнам точно да ја преведам).

Повеќе не би трошел ни енергија ни време да МРАЗАМ, може само да САКАМ или ДА НЕ САКАМ нешто smiley face again
 
When people you don’t even know hate you…you know you’re the best
 
јас мразам некои луѓе иако не ги познавам... ама барем си викам отворено: од кај знам можи е добар... сепак не вервам дека со него можам да станам другар ако навистина го мразам.
 
Јас мислам дека не можеш да мразиш некога а да не го познаваш . Тоа е само говорна форма за некој кој ти е антипатичен а никако дека навистина го мразиш. ми се случило да неми се бендиса некој на прв поглед или нема никакава хемија меѓу нас, ама да го мразиш, тоа не може да биде .Тоа е многу тежок збор дури и за некој кој го познаваш и ти направил нешто лошо не можеш да кажеш дека го мразиш а камо ли за непознат човек. Впрочем што е омраза ??????
 
Ме интересира што мислите : дали е возможно човек да мрази некој што воопшто не го познава лично?
На пример колку пати имам прочитано : Го мразам 50 сент, го мразам Џорџ Буш или некои слични примери. Како може да мразиш некој а воопшто не го ни познаваш? Како е можно тој човек ти нема ништо згрешено лично, ниту пак повредено,а да кажеш толку јак збор - омраза.
Дали сепак станува збор за некој вид љубомора? Не ми е јасно навистина како може некој да мрази некој друг што воопшто ни лично не го познава, ниту пак таа особа му има лично наштетено.
Или поминува некоја особа од градот, седат две другарки и едната и вика : Леле како ја мразам оваа, ама дигнато се однесува.

Како може некој да развива толку јаки негативни чувства кон личност со која нема контакт.Дали е тоа возможно и која би била причината за тоа?[/quote]
Вака сега Џорџ Буш направи толку немири во светот и толку мн погано се однесуваше што не остава простор за позитивни чувства...
50цент е толку мн одбивна фаца а башка мразам рап и уште повише комерцијала и сега кажи ми ти како да изразам позитивни чувства кога се искомбинирале двете нешта кои доживотно ќе ги мразам..
Нема врска љубомората пошто некој сака нормални луѓе,некој сака дигнати луѓе,некој сака со мн пари,некој мрази со мн пари,некој мрази нормални,некој мрази дигнати и немора да ми згреши ако јас мразам емовци ги мразам...
Мразам педери и сега ти викаш дека е Љубомора????:tapp:
 
Poentata e deka 'omrazata' ti e apstraktna. Poenta na temata e toa, mislam. Mozno e slikata na umetnik, ili pesna na peach da ne ti se dopadne, toa ne znachi da ti go mrazish umetnikot. Glavno zashto ne go znaesh. A od antipatichni faci, se deshavaat i stvarno dobri drugarstva.:wink:
 
Значи тоа беа само примери...ај Буш ок направил лошо, ама да го МРАЗИШ 50 сент затоа што е мразиш рап и комерцијала е апсурдно. Може да ти е одбивен, ама да развиваш толку силни негативни чувства спрема некој, а ништо ЛОШО НЕ ТИ НАПРАВИЛ ВО ЖИВОТОТ, не те ни знае, ниту пак влијае на тебе и ти да го МРАЗИШ? Па чудно е.

А за хомосексуалците... не сакам да наметнувам ништо, ама едноставно, можеби не ја сакаш појавата и си против тоа, сепак сметам дека прво треба човекот да се запознае, да поминеш некое време па да го процениш, а не да мразиш некој врз основа на стереотипи и да го судиш а не си го ни запознал.

Убаво е кажано во овој пост.

Poentata e deka 'omrazata' ti e apstraktna. Poenta na temata e toa, mislam. Mozno e slikata na umetnik, ili pesna na peach da ne ti se dopadne, toa ne znachi da ti go mrazish umetnikot. Glavno zashto ne go znaesh. A od antipatichni faci, se deshavaat i stvarno dobri drugarstva.:wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom