Мразење за мене е тежок збор. Не мразам некој што го знам, а и не ни сакам да мразам. Има луѓе што ги познавам, а не можам да ги поднесам...ама да ги мразам? Не, не... Значи чим не мразам некој што го познавам, не можам да мразам и некој што не го знам лично. Има едноставно фаци што не можам да ги поднесам, не можам да ги сварам...ама тоа е се. И мислам дека не е поради љубомора. Зашто како можам да му љубоморам на некој што не го знам? И на што да љубоморам? На некоја што има дечко, или се облекува во некојаси марка? Ма дај...Апсурд! А за мразење на јавни личности... тоа па уште поапсурдно ми изгледа. Сите знаеме дека има мн.јавни личности што едни се претставуваат пред тв, а др. се зад камерите..така да...дур не го знам лично...не можам да судам.
И никогаш немам кажано, лелеее ја/го мразам. Може да кажам не можам да ја/го поднесам, ми иде на нерви, одвратен/на ми е, ми се гади од него/неа...ама да мразам некој...НЕ!