Дали е добро 85 % од младите да се запишат на факултет?

  • Креатор на темата Креатор на темата alek34
  • Време на започнување Време на започнување
И доста трубите за тоа дека само богатите имаат шанса за високо образование, баш за сите да добијат шанса за образование сега би требало да послужат овие матурски испити што ги полагаат средношколците, порано за тоа беа приемните, не знам што кокодакате толку околу тоа, СИТЕ имаа и ќе имаат шанса за високо образование.
Продаваш демагогија. Еве зошто:

Факт 1: Само одреден дел од оние кои се одлични ученици а кои не можат да си дозволат да плаќаат ќе се запишат така, едноставно затоа што за сите нема место во државна квота. Не дека тие другите што ќе отпаднат не се одлични - едноставно, нема место за сите. Џабе ти се сите петки, кога за тебе место нема. Ако има место за тебе, ќе нема за друг кој бил исто така одличен и има желба да студира.

Факт 2: Богатите, без разлика на поените од средно ќе се запишат. И тоа на факултетот каде што сакаат. Имаш пари, плаќаш, запишан си.

Системот по кој функционираше образованието го овозможуваше и уште го овозможува тоа, за разлика од тие толку "опеани" западни земји, во повеќето од кои образованието е луксуз на тие што имаат пари.
Факт 3: Системот не го овозможуваше тоа ни пред десетина години (и тогаш оние кои имаа да платат партиципација или да фрлат мито се запишуваа таму каде што сакаат), а куп одлични ученици остануваа незапишани или во најдобар случај се запишуваа на неатрактивни факултети.

За тие што се навистина социјално загрозени, мислам дека постојат намалувања на партиципацијата на факултет, еве сега има и факултети скоро во секој град, книгите се копираат/позајмуваат, има начин да се снајдат.
Факт 4: Постојат професори за чии предмети не можеш да позајмиш книга, ниту да ја копираш, туку кои те уценуваат да ја купиш по екстра цена од неколку илјади денари, а притоа те евидентираат во нивен список дека си ја купил. Ако не ја купиш - ќе положиш никогаш.

За приватните факултети, кој сака нека повели да си плати, ама сега за сега се уште го немаат достигнато нивото на државните, па и да си платат нема да добијат повисоко ниво на образование. Кога ќе ги достигнат и престигнат, секогаш постојат стипендии за талентирани студенти, кредити, ако баш толку сакаат да бидат на приватен факултет има начини да студираат таму.
Факт 5: Приватните одамна ги имаат престигнато државните. Начинот на предавање не се споредува. Ако на државен ти прават тортура со книги дебели ко библија, и учиш (пардон, бубаш) секакви глупости на кои никогаш нема да им најдеш реална примена во идната професија, додека професорот глуми незнам каков бог - не значи дека се поквалитетни. Или ако те бута на испит 16 пати за банални работи само за да те изрекетира за неколку стотки евра - не значи дека се поквалитетни. Ако на приватен место катаљарда глупости учиш стриктно тоа што ти треба (наместо на градежен да учиш нуклеарна физика јеботе и мораш сите формули за фисија и фузија да ги пееш на памет ко да полагаш тест за вработување у Меѓународна агенција за нуклеарна енергија, ало ненормални) не значи дека не е квалитетна институцијата. Напротив.

И не треба по секоја цена (како што пробуваат сега со кампањите) да се натераат сите средношколци да се запишат на факултет. Еве хипотетска ситуација, Македонија функционира совршено, има достапни работни места за секого, во сите бранши. 85% се со завршен факултет затоа што откако се запишале во прво гледале на телевизија реклами дека е најфраерски да завршат факултет, нема ни во обзир да земат да работат како земјоделци, шофери, што-и-да-е, или ќе поминат 4 години на факултет за да работат како високо образувани земјоделци, совршено, нели.
Со ова само се прави да се запишат на факултет и тие што не сакале, а ги мрзи да работат, па си имаат изговор дома "остај ме мамо, не можам да работам, студирам".
Да те прашам нешто. Ти зошто сакаш да студираш? И зошто мислиш дека си специјална и поинаква од другите кои сакаат да студираат, дека ти треба да студираш а некој друг не, и дека баш ти нема да бидеш вишок? Разликата помеѓу тебе и чистач може да не биде во интелектот или во успехот од средно или во желбата за студирање и подобар живот, туку само затоа што твоите имале средства да те запишат на факултет, а неговите - немале. Судбини.
 
Оние кои мислат дека не е добро, најверојатно мислат дека тие се "посебни" и само на нив им припаѓа правото на високо образование затоа што:

- Дека ептен се паметни и способни и другите се глупи
- Дека ептен ги бива, сите други се глупи и треба да им се потчинети на нив
- Дека треба да бидат со високо образование, затоа што сите од нивното семејство се. Како може традицијата да се наруши.
- Како може "провинцијалец" или некој од сиромашно семејство да дипломира и утре да им биде шеф

Шанса за упис во високо образование треба да добие секој. Кој не сака да студира - не мора. Кој има желба - треба да добие можност за упис. Има многу со желба, но без финансии кои остануваат без високо образование. Плус, ко да не знаеме богатите дечиња кои имаат парички да се запишат колку врски фаќаат и нивните родители колку курови пушат и во основно, и во средно, и за упис на факултет и за полагање испити. Леллееееее, професорке татко ми е доктор, ако ви треба нешто само кажете.

Ама не бееее, вие сте посебни : ) Треба и чистачи да има, и работници, вие сте предодререни за директори.

Јас, еве, мислам дека не треба 85%, АМА све што е со болд погоре НЕ ГО МИСЛАМ!

Со италик-андерлајнот се сложувам целосно.

Е, сеа, не само до Мистичен, него до сите што се за 85%:
(Пошто глеам нагоре се пцуе, а ја сум голем фан на истото)
Пичка му лепа материна, па погледнал ли некој на форумов некогаш номенклатура на занимања па да види за колкав број од постоечките професии, работни места, позиции, како сакате, се бара високо образование?!?!? Што к*р ќе работат?!?!?!

Знаете ли дека институцијата премногу-квалификуван (overqualified) само што не се појавила кај нас?!? За која година нема да можеш да се вработиш на позиција за средно со завршено високо!

И уште еднаш, убаво е што годинава можат сите матуранти да запишат факултет. Смешно е и тажно што кај нас нема начини и критериуми кои ќе ги извлечат (а богами и привлечат) оние кои најмногу заслужуваат да го добијат тоа образование.

Инаку, fyi, приказната јас-многу-сакав-ама-моите-немаа-пари е најчесто користениот изговор за личниот неуспех. Не само кај нас. Секаде.
 
А знаеш ли дека има чистачи и работници,продавачи/чки во маркети и на пазари,сезонски работници во странство со факултетски дипломи,магистратури и докторати?Да не зборувам за фактот со одлевањето на кадрите..

Токму поради фамозното "знаењето е сила,знаењето е моќ".

Јас сум за тоа секој да се образова според своите афинитети,можности и интелектуален капацитет..

Во право си дека сите сакаат да бидат директори..А зошто? Бидејќи денеска тоа е многу лесно да станеш.Партиска книшка+длабок џеб+приватен колеџ(Фон,европски,американски..) и ети ти.
Оние од приватен полесно земаат "дипломи" и баш тие утре ќе се вработат на работно место каде што ти нема..Ти ќе се мачиш и убиваш од учење а на приватен гола вода е..Уште да направат и медицински приватен факултет и отиде све јабана..

Затоа и ги подржувам приемните испити.Тестирај се ако те бива,ако си го положиш ќе те примат.
А сега баш тие "умни на мама и тато" си плаќаат на приватен.. оти тешко е положиш приемен,треба некој да учи нели..

:toe:
браво,и само ова ќе го додадам +ВРСКИ(било роднински,пријателски) зашто НИКОЈ од децава во основно и средно не учат зашто знаат дека МАМА и ТАТО им се јаки луѓе и ќе им завршат работа,и тоа на сметка на другите,т.е. тој што учел и САМИОТ ЗНАЕ што САКА ќе биде понатаму ќе го јаде(лично искуство):nerv:,додека другиот к..р ќе си прчи и мама и тато ќе му ја диктираат иднината.......па затоа нека има и 100% млади на факс но СО ВОЛЈА и НАДЕЖ за учење,.т.е. самиот знае што сака и колку сака,а не ТАТО и МАМА да ми ја кажуваат мојата идна професија тато правник,јас правник,мама докторка јас доктор,дедо удбаш јас УБК,баба секретарка јас економист итн
п.с. КАЈ НАС ЏАБЕ е и да завршиш и 2 ФАКС КОГА НИКОЈ НЕ ТИ ГО ЦЕНИ ЗНАЕЊЕТО и ТРУДОТ ШТО ЌЕ ГО ВЛОЖИШ

Јас, еве, мислам дека не треба 85%, АМА све што е со болд погоре НЕ ГО МИСЛАМ!

Со италик-андерлајнот се сложувам целосно.

Е, сеа, не само до Мистичен, него до сите што се за 85%:
(Пошто глеам нагоре се пцуе, а ја сум голем фан на истото)
Пичка му лепа материна, па погледнал ли некој на форумов некогаш номенклатура на занимања па да види за колкав број од постоечките професии, работни места, позиции, како сакате, се бара високо образование?!?!? Што к*р ќе работат?!?!?!

Знаете ли дека институцијата премногу-квалификуван (overqualified) само што не се појавила кај нас?!? За која година нема да можеш да се вработиш на позиција за средно со завршено високо!

И уште еднаш, убаво е што годинава можат сите матуранти да запишат факултет. Смешно е и тажно што кај нас нема начини и критериуми кои ќе ги извлечат (а богами и привлечат) оние кои најмногу заслужуваат да го добијат тоа образование.

Инаку, fyi, приказната јас-многу-сакав-ама-моите-немаа-пари е најчесто користениот изговор за личниот неуспех. Не само кај нас. Секаде.
а фразата јас-не-се-секирам-многу,-факсот-ми-е-завршен-т.е.ќе ми го завршат-и-ме-чека-работа-е честиот изговор за НЕКФАЛИФИКУВАНАТА работна сила што го зафаќа местото на тој што САКА да учи и ДА работи
 
Продаваш демагогија. Еве зошто:

Факт 1: Само одреден дел од оние кои се одлични ученици а кои не можат да си дозволат да плаќаат ќе се запишат така, едноставно затоа што за сите нема место во државна квота. Не дека тие другите што ќе отпаднат не се одлични - едноставно, нема место за сите. Џабе ти се сите петки, кога за тебе место нема. Ако има место за тебе, ќе нема за друг кој бил исто така одличен и има желба да студира.

Факт 2: Богатите, без разлика на поените од средно ќе се запишат. И тоа на факултетот каде што сакаат. Имаш пари, плаќаш, запишан си.

Факт 3: Системот не го овозможуваше тоа ни пред десетина години (и тогаш оние кои имаа да платат партиципација или да фрлат мито се запишуваа таму каде што сакаат), а куп одлични ученици остануваа незапишани или во најдобар случај се запишуваа на неатрактивни факултети.

Факт 4: Постојат професори за чии предмети не можеш да позајмиш книга, ниту да ја копираш, туку кои те уценуваат да ја купиш по екстра цена од неколку илјади денари, а притоа те евидентираат во нивен список дека си ја купил. Ако не ја купиш - ќе положиш никогаш.

Факт 5: Приватните одамна ги имаат престигнато државните. Начинот на предавање не се споредува. Ако на државен ти прават тортура со книги дебели ко библија, и учиш (пардон, бубаш) секакви глупости на кои никогаш нема да им најдеш реална примена во идната професија, додека професорот глуми незнам каков бог - не значи дека се поквалитетни.

Да те прашам нешто. Ти зошто сакаш да студираш? И зошто мислиш дека си специјална и поинаква од другите кои сакаат да студираат, дека ти треба да студираш а некој друг не, и дека баш ти нема да бидеш вишок?

Приватните факултети ги имаат престигнато државните само по тоа што се помали групите за предавање и им ги даваат испитните прашања на студентите.
Ако нема место на еден факултет, ќе има на друг, не мора да се запнат сите за економски и правен и кога нема да ги примат да плачат после. Ако веќе се инсистира на толкав број студенти, ќе мора нешто да се жртвува, некој ќе мора да биде запишан и на неатрактивен факултет.
А иначе, баравте капитализам, тражили сте-гледајте (ова не е конкретно упатено кон тебе, Мистичен, општо е кон сите кои плукаат по стариот систем). Во современо општество во кое владеат правилата на капитализмот, не сите стигаат до високо образование и не секој има шанса да го добие тоа што сакал.
Не мислам дека треба јас да студирам на сметка на некој друг. Немам ништо против никој, ниту потценувам некого. Сум имала доволно поени, сум се запишала. Ако не ме примеа таму, ќе одев на друг факултет, немаше да сечам вени зашто не ме примиле. А, размисли подобро, најголем број од тие што скокаат дека не ги примиле, немале доволен успех или не поминале добро на приемните/матурските испити. Кога 4 години во средно сите збореле дека треба да се учи, они седеле и гледале во пајажини на таван, сега никој не им е крив што не може да се запишат.
Знам дека нема да бидам вишок затоа што не сум се запишала на факултет само колку да не седам дома, и не планирам после да мољакам некој за работа, ни да седам и да викам дека владата е крива ако немам работа.
Она што го пропушти во мојот пост е следново-не велам дека јас сум подобра од другите, не велам дека само тие што имаат пари треба да се запишат, велам дека МОРА да постои некој критериум за продолжување на образованието и дека исто така мора да престане тоа запишување со врски (тие што ги тегнат врските и земаат туѓо место се воглавно оние кои немаат доволен број поени). Секаде постојат критериуми, секаде постои страшна конкуренција. Тука веќе мора да важи принципот-нека победи најдобриот, тоа е природата на нештата не само за образовниот процес, него и за секој животен процес. Не може и не смее 85% од средношколците да се запишат на факултет, прво повеќето и немаат доволно знаење (факт е тоа, средношколците се помалку и помалку знаење имаат, гледам има еден куп теми на кои се бунат дека учеле предмети што не им требаат, а ако ги прашаш нешто од општа култура те гледаат како да си им убил родител). Второ, се стремиме кон современост, а земјата ни е во толкава економска криза и рецесија што не само што не се отвараат нови работни места за високо образуван кадар, туку и ќе почнат да се намалуваат веќе постоечките. Каде е логиката да се инвестира време и пари во нешто неисплатливо?
Јас се запишав на факултет затоа што сакав да учам. Само немој да ми кажеш дека 85% од средношколците сакаат да учат затоа што тоа би било веќе с.ф.
А, ако толкав број ги исполнуваат условите, стварно се заинтересирани за учење, ќе го завршат факултетот и после ќе работат добро, нека повелат сите нека се запишат, немам јас ништо против тоа. Но тоа едноставно се противи на било каква логика. :toe:
И уште едно нешто, најдете ми ЕДНА земја во која 85% од било која генерација е со завршено високо образование и веќе збор нема да кажам против оваа ингениозна замисла :smir:
 
На факултет за да влезеш, ти бараат бодови. Ако имаш бодови ќе влезеш. Ако немаш, бараат пари(приватен). Ако ги имаш, ќе влезеш. (1) Искуството покажало дека 85% од учениците исполниле еден од овие два услови. Сите 85 проценти од нив, нема да завршат. Што не значи и дека тие што ќе завршат ќе работат по струка. (2) Важно е дека образованието е лична еманципација, социјализација и вградување во општеството. Овој фактор кој ти го занемаруваш, е неповрзан со егзистенцијалниот мотив. Умре комунистичкото (3) ,,Работи синко, да не аргатуваш". Овде во земјава, владеат поинакви правила. (4) И не си ти MENSA да проценуваш интелегенција на поединци. (5) Зарем мора да си совршен студент за да знаеш? (6) Полни сте предрасуди значи...:smir:

Е, значи, полни раце работа уште од првиот работен ден:

(1) Искуството не го покажало тоа. Тоа, владава и прдна да експериментира, па отвори катаљарда места за студирање (без да си ги исполни условите од законот кој сама го напиша)
(2) Тоа е важно. Ама ти зборуваш за образование воопшто. Не за високо. Ако сакаш да се еманципираш, можеш и самата да си научиш. Сурфај, читај книги, советувај се... има многу други начини. Не биди статистика! (i.e. ја студирам у тие 85%, па сум еманципирана)
(3) Ова не го разбирам... ваљда мислеше „учи синко да не работиш“, ама тоа толку е вон контекст да мора да е нешто друго у случајов, незнам...
(4) Ниту сум МЕНСА, ниту пак МЕНСА и IQ нешто посебно значат - особено за успех во животот. Инаку, има една работа што се вика нормална крива на дистрибуција. Се користи во статистика, проекции, анализа на податоци и такви ствари. Оттаму, прифатливо е тврдењето дека од која било популација, на 20% натпросечно интелигентни има исто толку потпросечно интелигентни. Тоа се веќе 40%. Оттаму јас магично предвидувам дека овие 85% се шуто и чопаво во друштво на нормални надежни деца кои им се восхитуваат на оние стварно турбо-интелигентни кои, за жал најверојатно ќе бидат понесреќни во животот окружени со луѓе (над 80% од останатите) кои не можат да ги разберат.
(5) Ова не го разбирам.
(6) Е, а ова е стварно смешно. Те молам објасни.

а фразата јас-не-се-секирам-многу,-факсот-ми-е-завршен-т.е.ќе ми го завршат-и-ме-чека-работа-е честиот изговор за НЕКФАЛИФИКУВАНАТА работна сила што го зафаќа местото на тој што САКА да учи и ДА работи

:)

Точно! Со ова неможам да не се сложам.

Само нешто да добацам. Незнам сега како ви изгледа, ама да го поминеш работниот век како нив, непоткован, ненаучен, неизборен е пекол! Особено кога туркачите (родителите и сл.) ќе ги снема.

И уште нешто... Ако некој сака да учи - ќе учи. За учење не требаат пари. За диплома - да. За учење не.
 
Факт 2: Богатите, без разлика на поените од средно ќе се запишат. И тоа на факултетот каде што сакаат. Имаш пари, плаќаш, запишан си.

Богатите и просечните луѓе.Па дури некогаш и посиромашните.
Вие како направивте дека којзнае колку треба да си богат па да се запишеш во приватна квота:):)
 
Е, значи, полни раце работа уште од првиот работен ден:

(1) Искуството не го покажало тоа. Тоа, владава и прдна да експериментира, па отвори катаљарда места за студирање (без да си ги исполни условите од законот кој сама го напиша)
(2) Тоа е важно. Ама ти зборуваш за образование воопшто. Не за високо. Ако сакаш да се еманципираш, можеш и самата да си научиш. Сурфај, читај книги, советувај се... има многу други начини. Не биди статистика! (i.e. ја студирам у тие 85%, па сум еманципирана)
(3) Ова не го разбирам... ваљда мислеше „учи синко да не работиш“, ама тоа толку е вон контекст да мора да е нешто друго у случајов, незнам...
(4) Ниту сум МЕНСА, ниту пак МЕНСА и IQ нешто посебно значат - особено за успех во животот. Инаку, има една работа што се вика нормална крива на дистрибуција. Се користи во статистика, проекции, анализа на податоци и такви ствари. Оттаму, прифатливо е тврдењето дека од која било популација, на 20% натпросечно интелигентни има исто толку потпросечно интелигентни. Тоа се веќе 40%. Оттаму јас магично предвидувам дека овие 85% се шуто и чопаво во друштво на нормални надежни деца кои им се восхитуваат на оние стварно турбо-интелигентни кои, за жал најверојатно ќе бидат понесреќни во животот окружени со луѓе (над 80% од останатите) кои не можат да ги разберат.
(5) Ова не го разбирам.
(6) Е, а ова е стварно смешно. Те молам објасни.

:)

Точно! Со ова неможам да не се сложам.

Само нешто да добацам. Незнам сега како ви изгледа, ама да го поминеш работниот век како нив, непоткован, ненаучен, неизборен е пекол! Особено кога туркачите (родителите и сл.) ќе ги снема.

И уште нешто... Ако некој сака да учи - ќе учи. За учење не требаат пари. За диплома - да. За учење не.
Идејата на владата да отвори факултет во секој град, е чинам единственото нормално нешто што го направи во образовната експанзија. Убаво што секаде ќе постојат технички можности да се учи.Да студираш во друг град, а не твојот, чини големи дополнителни трошоци кои на овој начин ќе бидат анулирани. Глупости. Можам тоа да го правам паралелно со стекнувањето на факултетското образование. Кога се запишувам на факултет, не го правам тоа затоа што бројам колку статистички населението оди на факултет, туку затоа што сакам да се надоградувам. Уште малце што не пиша дека оние кои одат на факултет се шупци... Не ме чуди.
Шуто и чопаво?! :uvo: Објасни ни`, каква е оваа квалификација? Кои услови треба да ги исполни еден студент за да стане шут и чопав? И како предлагаш да ги селектираме и делитираме шутите и чопавите?

1. Идејата е повеќе од одлична. Изведбата е подстандардна.
2. Жалам што напишав така. Не сакав да ти се обратам тебе лично :( Сериозно немав намера на те навредам.
3. Шуто и чопаво, како метафора. Како карактерна црта или интелектуална рефлексија на „шутиот“. Не како физички опис.

инаку... негледам зошто некој би сакал да исполни некој услов со цел да стане шут и чопав...?! И зошто мислиш дека јас би требало да предлагам избирање, делење или бркање? Да не си заинтересирана за позицијата? :P

Секој треба сам да си одлучи што ќе прави. Не некој да му каже или да прави како што прават другите, само затоа што е in.

Една година пиперот ќе роди и ќе се продаде арно. Идната, сите ќе посеат пипер. Ќе никне, ама ќе им скапе, непродаден. Оти многу пипер, на пазар. - Мала аматерска проекција состојбата на пазарот на трудот со високообразованите кадри во земјата за првата петолетка на проектот „факултетско образование за секое дете“.

Каков процент е тоа 85%?!? Батали што е глупо и времетрошечко. Се арчат години, за полно од нив можеле нешто да пробаат, па кога ќе го најдат тоа што стварно им лежи, го сакаат и им треба навистина во животот и/или кариерната патека, ќе си запишат право школо, за свои пари. И ќе го научат и завршат. Со насмевка.

Сигурен сум дека оние студенти кои се активни на форумов се во голема мера нетипични претставници од студентската заедница во земјава. Сакам да мислам дека повеќето од нив ќе се сложат со мене ако кажам дека, иако верувам дека секој е вреден и секого го бидува за нешто, не секого го бидува за се.

Или, не сите 85% се материјал за теоретски егзалтации или научна дејност. Далеку од тоа.

... или можда сме биле ужасно интелигентен, ама за жал, од злонамерните соседи, интелектуално потиснуван народ со милениуми, но ете, конечно, успеавме да процветаме, па годинава 85% ни се запишаа на факултет. Чудесии.

Убаво е да може секој што сака. Ама и глупо е. И за Тито беше така. Од таму ни е.
 
Е, значи, полни раце работа уште од првиот работен ден:

(1) Искуството не го покажало тоа. Тоа, владава и прдна да експериментира, па отвори катаљарда места за студирање (без да си ги исполни условите од законот кој сама го напиша)
(2) Тоа е важно. Ама ти зборуваш за образование воопшто. Не за високо. Ако сакаш да се еманципираш, можеш и самата да си научиш. Сурфај, читај книги, советувај се... има многу други начини. Не биди статистика! (i.e. ја студирам у тие 85%, па сум еманципирана)
(3) Ова не го разбирам... ваљда мислеше „учи синко да не работиш“, ама тоа толку е вон контекст да мора да е нешто друго у случајов, незнам...
(4) Ниту сум МЕНСА, ниту пак МЕНСА и IQ нешто посебно значат - особено за успех во животот. Инаку, има една работа што се вика нормална крива на дистрибуција. Се користи во статистика, проекции, анализа на податоци и такви ствари. Оттаму, прифатливо е тврдењето дека од која било популација, на 20% натпросечно интелигентни има исто толку потпросечно интелигентни. Тоа се веќе 40%. Оттаму јас магично предвидувам дека овие 85% се шуто и чопаво во друштво на нормални надежни деца кои им се восхитуваат на оние стварно турбо-интелигентни кои, за жал најверојатно ќе бидат понесреќни во животот окружени со луѓе (над 80% од останатите) кои не можат да ги разберат.
(5) Ова не го разбирам.
(6) Е, а ова е стварно смешно. Те молам објасни.

:)

Точно! Со ова неможам да не се сложам.

Само нешто да добацам. Незнам сега како ви изгледа, ама да го поминеш работниот век како нив, непоткован, ненаучен, неизборен е пекол! Особено кога туркачите (родителите и сл.) ќе ги снема.

И уште нешто... Ако некој сака да учи - ќе учи. За учење не требаат пари. За диплома - да. За учење не.
верувај откако ќе ги снема нивните родители тоа е веќе касно,тој си фатил позиција,ако не и некоја повисока со текот на времето,познанствата му се широки.... така да НЕМА шанси него да го избркаат, а да вработат некој кој сепак има поголемо знаење од него и сака тоа да го работи,а пред тоа поминал 10/20 години како таксист,малтерџија,3 смена во тобако итн.............значи пак тој што ЗНАЕ го јаде т.е. не му е пишано.:kesa:
-да точно е тоа ако сака некој ќе учи.........и онака има голем број на родители што земаат кредит и се задужуваат од роднини и пријатели само за нивното дете да заврши факс.....но што правиме со тие кои немаат пари а имаат волја за учење,,за местата од државна квота,зборам,зашто скоро секој родител некако ќе се снајде да му обезбеди на неговото дете 200 евра за партиципација на факс,но сепак тие места се зафатени/РЕЗЕРВИРАНи за одредени лица кои сепак имаат пари и можат да платат и поскапо за да студирааат на одреден факс,но можноста да завршат ПОЛЕСНО и ПОБРЗО им е на тој факс,.:toe:
значи сепак НЕМА ПРАВДИНА,колку има само еве ќе ги наречам недоквакани муфтаџии кои ИЧ не ги БОЛИ к...р за факсот и можноста да се стекне со знаење,во право еден напиша во претходните ппостови дека ЗНАЕЊЕТО е пред се на моја страна,но дали кај нас некој ти го цени тоа???сепак тој ќе си се вработи т.е. си го чека работа а ТИ ќе си останеш со знаењето што сепак е предност и не знаеш кога ќе ти се укажа шансата,но се до тогаш ќе викаш ЗА КОЈ К..Р ФАКС завршив????????за некоја будала неписмена да ми ја земе работата,вака ли ќе градиме успешна и цврста држава,тешко на СИТЕ нас кои немаме некакви врски а сепак повеќе имааме едукација итн.......кога ќе ти се увртата ови прашања во глава ..верувај.не е лесно да се носиш со нив.........
 
Богатите и просечните луѓе.Па дури некогаш и посиромашните.
Вие како направивте дека којзнае колку треба да си богат па да се запишеш во приватна квота:):)
Не бе, ич. Само минимум 10.000 евра до диплома за партиципации, материјали и пријавување испити. Иди заштеди ги како просечен со просечна плата за да му ги дадеш на дете. А ако си од друг град...двојно.
 
само да се надоврзам додајте минимум по 8-9 000 денари на месец ако сте од друг град
па нека видат колку е лесно да се студира
 
Значи, доаѓаме до "цифриче" од отприлика 15 иљадарчиња вкупни трошоци за да ги избуткаш студиите ако си од друг град.

Али, ехеј, хехе, таму некој погоре што рече дека тие што викаат дека не можат да се запишат затоа што немаат средства, дека на тие тоа им е само изговор, затоа што не им се учи. Абе пушти ги, мрзи светски, што се 15.000 евра во денешно време, само желба за учење треба. Нека бидат после чистачи и малтерџии. Ќе им фаќаат места за со факултет на докторски деца. Сарказам нормално.
 
па нека видат колку е лесно да се студира
И ефтино. Ма кој сака нека студира, 100% ако сакаат. И така за во семкарница више бараат диплома и потврда за јазик...сопствено возило и желба за работа, креативци...

Бројката за запишани не е релевантна, освен како показател за можностите на младиот средношклски кадар да се вработи поштено и фер. Затоа сега пак е скокната побарувачка на кредити -кратко и среднорочни.
 
Не бе, ич. Само минимум 10.000 евра до диплома за партиципации, материјали и пријавување испити. Иди заштеди ги како просечен со просечна плата за да му ги дадеш на дете. А ако си од друг град...двојно.

Па добро тие 10.000 евра не ги даваш одеднаш туку по 2000 на година:)
Нема ми 200 евра месечно.Не е многу.
Брат ми студира во Бугарија и едно 4-5000 евра троши годишно,а сме просечни во финансиска смисла.
Ама добро не е битно темата секако не е тоа:)
 
Ако можете 5.000 годишно да тргнете за брат ти (500 месечно) и да останете просечни - тогаш не ќе да сте баш просечни : )

Пола држава не работи. Од другата половина која работи, пола од нив работат за 8.000 до 12.000 денари. Државна администрација пичи околу 25.000-30.000. Заедно со некој мал процент на менаџери во успешни компании кои зимаат над иљадарче и сопствениците на бизниси кои имаат месечни примања по неколку иљадарчиња (евра нормално) се стига до статистичка бројка за некоја просечна македонска плата од нешто над 20.000 денари. Ај сега, колку од овие "просечни" со плати со кои не може да се преживее, ќе можат да тргаат по 500 евра месечно за да им овозможат на своите деца да студираат?

Ама океј, се е релативно, па дури и како некој го поимува просекот. Али, што знае дете што е просек или колку е просечна плата: )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom