Алтернатив Ф мојот риплеј беше одговор до Амнезијак за неговата теза дека современите земји не го форсираат високото образование ,јас само му одговорив со аргумент дека тоа не е вистина и вака не знам зошто ми реплицираш?
Точно е дека има приватни универзитети и дека голем дел од нив се рекламираат меѓутоа има и државни универзитети кој истото го прават и нема ништо вулгарно во тоа да заработуваат од образованието.
Искрено не можам да ти одговорам соодветно зошто твојот коментар ми е неповрзан логички и во тоа што можам да го прочитам се согласувам со тебе дека современите земји ги валоризираат способностите за разлика од кај нас каде што може да помине само диплома.
Мојот коментар е сосема логички поврзан затоа што кога спомнуваш конкретни земји, треба да знаеш и конкретни податоци. Кога веќе ја спомна САД како современа земја (значи ВЛАДАТА и раководството на земјата) не се претргнуваат од фаворизирање на високо образование. Повеќе пари даваат за кампањата за приклучување во армијата, отколку за образованието. Рекламите и кампањите се од приватните факултети кои искрено, баш и не се многу заинтересирани за процентот на образувани луѓе, туку се позаинтересирани за заработката која тие би ја имале од луѓето кои ќе се образуваат баш на нивниот колеџ. значи, it's all about the money. Владини кампањи за високо образование баш многу и нема.
Значи, делот кој се однесуваше на твојата изјава беше во првиот пасус. Другите пасуси беа коментар на други изјави, ама ме мрзеше да ставам мулти-цитат

Мистичен, не ги дискриминирај докторските деца, јас сум докторско дете и апсолутно ниеден испит ни на факултет, ни една оцена во средно немам добиено така :smir:
Иначе и приватен медицински факултет е во припрема. Кај и да е, очекувајте го да се појави, и очекувајте наезда на непрофесионални доктори кои завршиле на принципот погоре наведен "платив за да пројдам". Форумџиска генерацијо, кога ќе остарите мислете му се за на доктор, нае**вме од идните доктори.
И доста трубите за тоа дека само богатите имаат шанса за високо образование, баш за сите да добијат шанса за образование сега би требало да послужат овие матурски испити што ги полагаат средношколците, порано за тоа беа приемните, не знам што кокодакате толку околу тоа, СИТЕ имаа и ќе имаат шанса за високо образование. Системот по кој функционираше образованието го овозможуваше и уште го овозможува тоа, за разлика од тие толку "опеани" западни земји, во повеќето од кои образованието е луксуз на тие што имаат пари. Цивкаме дека ни се скапи книгите, после истите тие кои цивкаат за тоа, одат на кеј и трошат по 500 денари на пијачки (а толку чини прескапата книга). За тие што се навистина социјално загрозени, мислам дека постојат намалувања на партиципацијата на факултет, еве сега има и факултети скоро во секој град, книгите се копираат/позајмуваат, има начин да се снајдат.
За жал, полагањето со врски не го уништува ни ектс, ни плаќање ни неплаќање, постоело и секогаш ќе постои

За приватните факултети, кој сака нека повели да си плати, ама сега за сега се уште го немаат достигнато нивото на државните, па и да си платат нема да добијат повисоко ниво на образование. Кога ќе ги достигнат и престигнат, секогаш постојат стипендии за талентирани студенти, кредити, ако баш толку сакаат да бидат на приватен факултет има начини да студираат таму.
И не треба по секоја цена (како што пробуваат сега со кампањите) да се натераат сите средношколци да се запишат на факултет. Еве хипотетска ситуација, Македонија функционира совршено, има достапни работни места за секого, во сите бранши. 85% се со завршен факултет затоа што откако се запишале во прво гледале на телевизија реклами дека е најфраерски да завршат факултет, нема ни во обзир да земат да работат како земјоделци, шофери, што-и-да-е, или ќе поминат 4 години на факултет за да работат како високо образувани земјоделци, совршено, нели.
Со ова само се прави да се запишат на факултет и тие што не сакале, а ги мрзи да работат, па си имаат изговор дома "остај ме мамо, не можам да работам, студирам".