Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.167
- Поени од реакции
- 705
- Возраст
- 40
Вас, како архитекти ви се есенцијални тие знаења поврзани со архитектурата. Јас веќе реков дека самата струка е рамна на уметност, само меѓу редови, ама правењето згради не е уметност, како што не е веб дизајнот кој бара исто толку креативност. За да биде уметност, треба да пренесе порака, а архитектите градат за доброто на општеството, никој не направил куќа за да му каже на светот како се чувствува, а ако го направил тоа, тогаш тоа дело се смета за инсталација, за проект, и во него не се живее и не се пали ќумбе на дрва у зима.
Не ми е поентата да ја деградирам архитектурата, бидејќи и сам ја сакам, ама ти сакаш да ја издигнам на ранг на божество.
Во тој случај и дневниот печат, флаерите за реклами, и некролозите по дрва се уметност, пошто се ставени на хартија.
Уметност е Кипот на слободата, Ајфеловата кула, Катедралата во Барселона, Исус на шеќерното брдо во Рио, ама не и твојата зграда во која живееш.
.
Kипот на слободата и Исус во Рио во друштво на Гауди? Нејсе, јас деновиве ќе си го кажам моето по темава
Ја отворам за да го поставам на јавен увид прашањето кое лебди низ муабетов со едно врапче кој ете го продолжуваме тука, наместо онаму каде не мора 
Дали е архитектурата уметност?

Ако е функционалноста примарна, тогаш дефинитивно не е. Да не си ја забораил негацијата?