Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
- Возраст
- 39
Вас, како архитекти ви се есенцијални тие знаења поврзани со архитектурата. Јас веќе реков дека самата струка е рамна на уметност, само меѓу редови, ама правењето згради не е уметност, како што не е веб дизајнот кој бара исто толку креативност. За да биде уметност, треба да пренесе порака, а архитектите градат за доброто на општеството, никој не направил куќа за да му каже на светот како се чувствува, а ако го направил тоа, тогаш тоа дело се смета за инсталација, за проект, и во него не се живее и не се пали ќумбе на дрва у зима.
Не ми е поентата да ја деградирам архитектурата, бидејќи и сам ја сакам, ама ти сакаш да ја издигнам на ранг на божество.
Во тој случај и дневниот печат, флаерите за реклами, и некролозите по дрва се уметност, пошто се ставени на хартија.
Уметност е Кипот на слободата, Ајфеловата кула, Катедралата во Барселона, Исус на шеќерното брдо во Рио, ама не и твојата зграда во која живееш.
.
Kипот на слободата и Исус во Рио во друштво на Гауди? Нејсе, јас деновиве ќе си го кажам моето по темава


Дали е архитектурата уметност?