Дали човек може да побегне од сопственото минато?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Минатото е сенка на иднината.
Без минато нема сегашност, без сегашност нема иднина.
Сите периоди од животот оставаат трага која не се брише која ќе биде клучна за понатамошниот развиток на животот. Акција - реакција - така гледам на работите кои се поврзани со минатото и иднината.
 
Mоже и треба.
Живот во минатото е поттиснување на сегашноста и отпор кон сегашниот момент.
Што е иронија сама по себе - за да побегнеш од сопственото минато, научи да живееш во сегашноста, затоа што тоа е се што имаш.
Многу луѓе се идентификувале себеси со минатото и го живеат животот како што го живееле во минатото.
На пример луѓе кои што биле посрамени и често зезани во средно, се плашат да се истакнат во било што и после триесетата година и фактички го поминуваат цел живот живеејќи по туѓи стандарди и реагирајќи на глупостите на општеството.
 
Не се срамам од своето минато а не се трудам ни да побегнам, нели човекот се учи на грешките а ние можеме да научиме само од минатото а не од иднината, во неа може само да не ги повторуваме!
Кога ќе размислам подобро па и нема од што да бегам, немам некое лошо минато?
 
Нема бегање од минатото...претставува составен дел од човекот и од моментот на раѓање,минатото започнува.
 
Moze. samo dokolku ti se izbrise memorijata pri trajna amnezija.No sepak dlaboko vo potsvesta seuste ima sekavanja za minatoto.
 
Ок, јасно е дека секогаш ќе се сеќаваме на него, но наше е дали сме доволно способни да го оставиме каде што му е местото: во минатото. Самите ја кроиме својата судбина, а што се однесува на надворешните фактори коишто не можеме да ги контролираме....пак ние сме изоворот на сите проблеми што ни се случуваат. Со самиот тек на настани сами одлучуваме како ќе ги прифатиме, со добро и со насмевка или со лошо и со солзи. Не треба им се дозволи на лошите работи да надвладеат во однос на добрите. Треба да се оди напред и да се гледа напред, а минатото да се остави зад нас.
 
OK Fedella .Ubavo. sekoja cest ako mozes da gi nadvladees sekavanjata od minatoto. :smir:Jas iskreno Ne mozam taka:D
 
Kaко, witness protection program? Sure.

Oнтопик, јес да се согласувам да е возможно, али не би требало. :toe:
 
Дали човек може да побегне и да го избрише сопственото минато?

Хммм, го имам проклетството да се обидувам да побегнам од нешто целиот свој живот, дали од минатото од пред два дена или она од пред две години не ми менува на тежина зошто предобро се сеќавам, а се додека човек се сеќава со автентичен мирис тоа нема да си замине мирно во заборав, но можеби тоа и не е толку лошо.
Често размислувам на темата, луѓето велат дека најдобро за да се продолжи понатаму е се да се закопа, но кога би закопала тогаш не би ни знаела, ако заборавам исто како да не сум го живеела, колку и да е лошо она што се случило.
Крајно животот не почнува сега во овој момент иако во овој момент се живее.Парадоксално е да се бега од она што поминало, уште попарадоксално е да се живее во него, оној што успеал да компензира е веројатно многу мудар човек.Сите имаме коски и скелети, каде човечки, каде животински, но си ги носиме со нас без разлика на каков кревет ќе спиеме вечерта пак ќе бидат под него, единствено имаме избор дали ќе ги чистиме секој ден или ќе ги оставиме да соберат прашина.
Неуспешното бегање боли повеќе и од сеќавањето.

 
не можам да побегнам од него но тоа ќе побегне од мене кога ќе го погледнам цврсто и рамнодушно
 
Човек може на се да заборави ако е психички спремен,јас правам селекција се секавам само на тоа што ми било убаво се што не ми се допаѓа ми е избришано од глава....најубаво
 
Колку би сакала да го заборавам моето болно минато,моите 4 години пропатени...би сакала се тоа што ми се случувало во минатото да било лош кошмар од кој би се разбудила и ке заборавам на него...но тоа постојано ме прогонува и колку и да се обидувам да не мислам на него сепак тоа ми иде тешко.Имаше денови кога и воопшто не ни мислев на тоа но по некој ден повторно ми навираат тие спомени и се прашувам што би се случило доколку(не) сум го сторила тоа.Се друго што ми се случило сум заборавила но како што спомнав тие 4 години беа пеколни за мене.Се прашувам како издржав толку мачење.
 
сеќавајќи се на минатото ја пропуштаме сегшноста...со живеењето со лошите спомени ги бришеме сите радости, прилики кои ни доаѓаат и нудат задоволство и среќа...стравот дека она од минатото ќе се повтори не прави несигурни, неодлучни едноставно не враќа назад.Секогаш треба да се запомнат убавите моменти (кои ги има прилично мноооогу), а за оние лошите или помалку убавите со еден збор незначителни да се тргнат на страна и да му се остават на заборавот.Абе луѓе уживајте си во животите и не му ја мислете многу:helou:
 
Не верувам дека може да се избрише минатото,но верувам дека може да се гледа со други очи.Ако некоја случка,момент,загуба,пред 5 минути личи како најстрашното што може да му се случи на човек,за 5 години и не изгледа толку страшно,а за 10 дури изгледа и смешно.Минатото какво такво служи за потсетник,каков бев,а каков сакам да бидам во иднина.Најдобрите поуки се од нашите чекори,како треба да се поставиш кон луѓето,што да одбегнуваш,кој да го прифатиш,од што да внимаваш.Секое време си носи свои убавини и тежини,ако нешто во моментот ти изгледа најстрашно и сакаш да го заборавиш,само помисли дека има нов ден...се е поинаку после неколку години.
 
од судбината не се бега ни вака ни така ни онака ни никако....
така неможеме да избегаме ни од своето минато.. едноставно тоа е врежано во нашиот мозок и се памти помалку или повеќе... болно е кога минатото е лошо односно кога минатото е исполнето со неуспеси порази паѓања и слично.. но како и да е неможеме да го избегнеме во никој случај.. можеме некои работи да ги чуваме длабоко во себе но тоа веќе прераснува во психа.. друг муабет...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom