Дали Братот Љубе го “преобратија“ во Хаг?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Овој се штрекнал или го имаат преобратено во Хаг:

„Јас и уште еднаш ви тврдам доколку јас одам со моја политичка партија или со независна листа, каде што ќе го преполовев членството, каде што ќе имав можеби 15-20 градоначалници и не знам колку советници, јас сакам да останам доследен“, рече Љубе Бошкоски.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103084
 
Брат Љубе ја ужива довербата на огромен дел од членството на она што беше ВМРО.
А после стана дпбне.
:toe:
Јас максимално ги ценам и подржувам неговите напори да ја врати партијата на правиот колосек и да ја тргне од канџите на врховистите.
 
Очигледно, ако не се истоштиш психички или се “разболиш“ од лековите што ти ги даваат или па комбинација од претходниве две, тогаш останува само да МУТИРАШ во новиот експеримент за поставување на “свои“ луѓе во конкретни држави.
Од страна на истите оние кои и си ги прибраа пациентите во “преобратилиштето“ наречено Хаг.

Бошковски, тотално разочарување во однос на ставовите кои досега ги презентираше:

1. Бошковски не се согласува со власта околку сорот за името и во преговорите со Поранешна Отоманска Покраина Грција заговара помек став.

2. Најшокантен е одговорот околу враќањето на четирите хашки случаи, раковдството на ОНА, мавровските работници, липковската брана и киднапираните македонци.
Иако на времето прв човек кој раководеше со македонските безбедносни сили, сега Бошковски за овие случаи бара политички договор, без притоа судот во нормална судска процедура да утврди вина или не на обвинетите.
-Не невлегувам дали некој е виновен или не. Но, доколку не се најдат некои разумни решенија и не се постигне политички договор, а се се остави на правосудството да решава, тоа може да ја дестабилизира Македонија, вели Бошковски во интервјуто за неделникот Фокус.



Се гледа дека целосно ја поминал “обуката“ за идните задачи во Хаг.

Ко што викаат рударите кога се симнуваат во јамите... С.Р.Е.Ќ.Н.О. !
 
Овој се штрекнал или го имаат преобратено во Хаг:

„Јас и уште еднаш ви тврдам доколку јас одам со моја политичка партија или со независна листа, каде што ќе го преполовев членството, каде што ќе имав можеби 15-20 градоначалници и не знам колку советници, јас сакам да останам доследен“, рече Љубе Бошкоски.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103084
Нема спас од изроди брее... Токму тројански коњ е овој братов Љ! Не треба да си гение да ја сватиш играта околу неговото враќање. Токму на време и со точно одредена цел ТИЕ го вратија братот Љ во Македонија, Да биде тројански коњ и да го расплини патриотското гласачко тело. Очигледно братот Љ има задача да ги одлее оние гласови на не-баш-образовани Македонци кои по дифолт гласаат за оној кој им се чини “најнационална“ опција. При тоа иронијата ќе биде уште поголема што гласовите на простите националисти ќе отидат на контото на јудата искариотски, овојпат реинкарниран во ликот на братот Љ!
 
Брат Љубе ја ужива довербата на огромен дел од членството на она што беше ВМРО.
А после стана дпбне.
:toe:
Јас максимално ги ценам и подржувам неговите напори да ја врати партијата на правиот колосек и да ја тргне од канџите на врховистите.

Абе еден огромен дел што е,планина,што да ти зборувам.Не бе овој се има шизнато,дефинитивно.:tapp:
 
Не бе околу БЦ, ебате!

Сакаш да речеш дека “патриотското гласачко тело“ што порано беше окулу Б.Ц. сега се собра окулу Н.Г. па лесно може да замине кај Љ.Б.?
 
Сакам да кажам дека тие што сега се претставуваат за вмро а уствари се дпбне претходно беа у Д.А или у Радко,а Бога ми има и од сдсм (Боцевски,оној Еленовски со сателит партијата :) )
 
Љубе има шанси да добие мислам дека членството ќе се подели на ДПМНЕ барем на пола и во новата партија. Груевски не е свесен за тоа.
 
Сакаш да речеш дека “патриотското гласачко тело“ што порано беше окулу Б.Ц. сега се собра окулу Н.Г. па лесно може да замине кај Љ.Б.?
Добро, што не е јасно човече? Јасно е дека во моменто ВМРО, во целина, ги добива избориве, макар и со десната рака врзана назад! Е сега, тука влетува тројанскиот коњ, братот Љ, со јасно определена цел: да ги одлее од таа целина гласовите на оние дваесет проценти не-баш-образовани Македонци, кои по дифолт гласаат за оној кој им се чини “најнационална, најпромакедонска опција“, во случајов секако, братот Љ! А “реалнион“ нешо у патетично-комуњарски стил ми вади зборови од контекст, као со цел да ја разводни дискусијата. Ај ти, кумровечка школа е тоа не е шала бе. А ја инаку иронизирав со постот за БЦ :)
 
Љубе има шанси да добие мислам дека членството ќе се подели на ДПМНЕ барем на пола и во новата партија. Груевски не е свесен за тоа.

Your wildest wet dreams :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom