Дали би заминале во странство?

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би прифатиле да одите во странство?

  • Да

    Гласови: 485 77,7%
  • Не

    Гласови: 139 22,3%

  • Вкупно гласачи
    624
Би заминал за странство на ако најдам добра работа со компјутери, ама сепак че ми друштвото. А иначе мислам дека секој кој ќе најде добро работно место , ќе се смести ,да најде некојку пријатели, мислам дека нема да сака да дојде после вамо (ова е само мое мислење). Зашто мислам вака заш сум бил во Русија и знам каков е тамо животот,а кога би ги рамњал , што е многу тешко да се направи, тамо е подобро. Но како што реков пред ова бев сам , немав познаници,немав работа ,немав ништо ,па затоа ме фати носталгија за МК. Еееееее Сепак како сто викаат сите "Дома си е дома " нема подобро од дома.:pos2: Од мене тоа. Поздрав
 
Би заминал, ама на кратко време...без јазик, без пријатели тешко е....
 
Јас би заминал ама за 2 до 3 години да спечалам нешо:)
 
Би заминал затоа што полето во кое што сакам да напредувам тука за жал се уште не е развиено.
Како што ни кажа еден професор " вие многу повеќе можете да направите за Македонија надвор одколку внатре"
Планот ми е во секој случај да заминам, а кога ќе дојде време ќе се вратам.

Сум живеел долго време надвор сум видел како е што е. Оние тези дека ние сме паметни а сите(успешни се глупи) се без-везе. Нема попаметни поглупи, едноставно многу фактори играле улога зошто некој држави се поуспешни а некој не, интелигнеција на народи е ретардиран поим.
 
Па да...
:toe:
Дур трае ова кампањата на политичариве...
Искрено би заминал некаде надвор овие два месеца.
 
Би заминал, немам иднина тука, што џабе :nesum: ама секако би се враќал тука на посета и такви работи, би се залагал за Македонија, али кога нема иднина за мене тука, кога на никој не му е грижа за помладите генерации, што тогаш?! Би заминал, без размислување...
 
За сите што се занесувате дека на Запад било подобро, многу сте во заблуда. На Запад веќе настапува сериозна економска криза која не е циклична и која долго ќе трае. Се повеќе (ќе) страдаат ниската и средна класа, се поголеми раслојувања има, а се помалку можности за работа.

Целото производство на Запад се сели на Исток, во Азија. Западот се помалку произведува, и се помалку се размножува, па мора да увезува евтина работна рака од Бликиот Исток на која вие ќе сте им конкуренција. Западот се повеќе е зависен од финансискиот и други услужни сектори кои не произведуват ништо туку цлужат или шпекулираат, а тие сектори се сега под страшен притисок да отпуштаат од работа. Само како пример, невработеноста во САД сега е 12% (неофицијално) со тенденција и понатаму да се зголемува. За ЕУ не сакам ни да дискутирам. За да се преброди кризата мора да се врати производството,а тоа може да трае со години.
 
..дааааааа:vozbud: и не би сакала да се вратам...заш?? заш сакам живот..слобода...забава...:pipi:
 
Би заминал, ама на кратко време...без јазик, без пријатели тешко е....

дојдов во странство како шо пишав на кратко, и се предомислив тука ќе останам да живеам...болдираното е вистина сега ми е малку тешко без пријатели, иако имам некој роднини овде
 
/

Јас мислам дека треба да си останеме овде.... ама кој како сака, мозете и во Занзибар да одите :pos2:
 
не би одел странство..

овдека сум сосема среќен.. пријатели.. убава клима.. чиста околина..прекрасно езерце :) и финансиски топ обезбееден.. Ајм Хеппи вер ај ам :wink:
 
Ооооооо, да!! Како би заминала сега...некаде фар фар авееееј....Пример Калифорнија...или на некое пусто ост’рво, далеку од све....Мхм мхм мхм, мераци....
Иначе да, планирам, да потпораснам уште малце и да се селам Калифорнија...California here we come :)
 
Не , носталгичар сум голем и мислам дека не би издржала далеку од земјава каква и да е!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom