Дали би седнале на кафе со некој/а бивш/а?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zbratko
  • Време на започнување Време на започнување

Dali treba da se ostane vo kontakt so bivsh/a

  • DA treba da se ostane vo kontakt

    Гласови: 209 37,0%
  • NE ne netreba (nikako) da se ostane vo kontakt

    Гласови: 82 14,5%
  • ZAVISI (od sto?)

    Гласови: 274 48,5%

  • Вкупно гласачи
    565
Ништо, се заљубуваат ко тинејџерки.
После проблеми во фамилија ти реков ми рече.
 
Зависи што се случило меѓу нас. Ако некој ме повредил многу или сум се осетила навредена или сум имала чувство дека не ме почитува, не, нема да останам во никаков контакт затоа што нема никаква причина.
Ако личноста била ок, ама еве не ни одела врската, тогаш дефинитивно би отишла. Не значи дека нешто уште чувствувам кон таа личност, ама ако не ни идело да бидеме во врска, не значи дека не можеме да бидеме пријатели. Ако приметам дека има чувства од негова страна, ондак би нашла начин да му дадам до знаење дека кафето е чисто пријателски и ако мислам дека нареден пат ме вика пак за да ете проба нешто, веројатно не би отишла.
 
Зависи како завршила приказната меѓу нас. Ако завршило се коректно и никој не излегол повреден зошто да не. Иначе сум била на кафе со бивш и тоа на многу повеке откако сме раскинале, се дружеја мојата и неговата екипа па пиевме кафе сите заедно. И не само кафиња, имало и излегувања по кафани, дискотеки, заеднички викенди и тоа траеше со години додека двајцата не влеговме у сериозни врски. Сега едино паѓа по саат време муабет ако случајно се сретнеме на улица.
 
Ако дојдам до степен со некоја да сум завршил (доколку сум имал нешто со неа), никако нема да седнам на кафе :)
 
До пред некое време мислев дека е ова можно.
Бившиот никогаш не сум го сметала за лош човек и мислев дека таква особа, иако нема да ми е повеќе толку блиска, дека може да ми остане во круг на контакти.
Грешев.

И ова ми е пречкртано од листата. Контакти и кафиња и слични срања со бивши - никогаш.
 
Не знам имам некои бивши што многу сакам кога зборам со нив на фб, али не знам дали би можела на кафе.
Бидејќи ако веќе идам на кафе, сто посто он би пробал да се смириме итн..
 
Зависи од тоа кој што нашол во мешувреме :)
 
Зависи колку сакаат обете страни да останат во контакт. Но би излегла, не знам зошто тоа би се гледало чудно, ако е веќе преболена љубов едно кафе нема ништо да уништи.
 
Сум седнал само една, сега и да сакам не можам. Сите се мажени и зафатени со менување пелени, а првата јаде кисели краставички.
 
Кон крајот на минатата недела седев на кафе со една бивша.
Тоа е една од оние две со кои имам професионални контакти, па така, службено, мора...
Инаку, самото кафе поминува како со секоја друга со која не сум имал ништо. Било оддамна и поминало она што било. Секој си има сопствен живот кој си го гради независно од тоа што било.
Е, сега, патиштата се испреплетуваат понекогаш, дали професионално или на друг начин. И, тоа е тоа што сите мораме да го прифатиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom