Зависи што се случило меѓу нас. Ако некој ме повредил многу или сум се осетила навредена или сум имала чувство дека не ме почитува, не, нема да останам во никаков контакт затоа што нема никаква причина.
Ако личноста била ок, ама еве не ни одела врската, тогаш дефинитивно би отишла. Не значи дека нешто уште чувствувам кон таа личност, ама ако не ни идело да бидеме во врска, не значи дека не можеме да бидеме пријатели. Ако приметам дека има чувства од негова страна, ондак би нашла начин да му дадам до знаење дека кафето е чисто пријателски и ако мислам дека нареден пат ме вика пак за да ете проба нешто, веројатно не би отишла.