Дали би простиле неверство?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
а љубовта е во човекот, во неговото срце, љубовта и човекот стануваат едно исто :sun: .

Сфаќам што сакаш да кажеш, но има разлика.
Јас може да му простам за тоа што го направил и да продолжам да го сакам, секако љубовта нема да исчезна, но тоа не значи дека и ќе му се вратам и ќе прејдам преку тоа.
 
Не би го простил тоа никогаш, ако сака друг нека ми каже и слободно нека оди, ама ако прави магаре од мене нема теорија за простувње, се што можам да направам за неа од кога ќе зезне е да го избришам нејзиниот број од мојот мобилен.
 
~*~

Колку само ми се интересни луѓе кои што категорично ги одбиваат работите, а на крајот завршуваат сосема поинаку.
Се на се, зависи колку го сакам бре, ако ме боли душата без него, ако знам дека се кае и дека ме сака, да уништам се за една вечер што ја ебел некоја, не е вредно.
 
Не е проблемот во тоа да простиш срцка што ебел некоја една вечер и да преминеш преку тоа.Проблемот е што ќе се случува подоцна.Можам да бидам со него потоа,но он нема да може да биде со мене:)познавајќи се или секој божји ден ќе му трубам и префрлам за тоа што го направил или ќе му ги ебам другарите(во краен случа).Не сум уништила јас се за една вечер,туку он уништил,дали вредеше?!
Затоа е најдобро да се прекине тоа веднаш после сознавањето,бидејќи секако ќе се прекине подоцна,напорна сум:)
 
Терминот "да простиш" можеби не е најсоодветен. Посодветно би било дали би "прифатил".

Зависи од многу работи, но јас се надевам дека сум широк човек. Тоа на многумина ќе им делува наивно, но има подлабока позадина и причини.

Проблемот е што мажот мами со пенисот, жената со срецто. Ако знам дека не е срцето, веројатно би прфатил.

Не би сакал да имам пристап кон животот како тој изразен од leandra погоре (го ценам нејзиниот избор), иако ми е совршено јасно дека повеќето луѓе така реагираат и дека врз таков однос се заснова прогрес.
 
Сфаќам што сакаш да кажеш, но има разлика.
Јас може да му простам за тоа што го направил и да продолжам да го сакам, секако љубовта нема да исчезна, но тоа не значи дека и ќе му се вратам и ќе прејдам преку тоа.

знам дека боли душата, боли се, но најчистото што срцето може да го стори за човекот што го сака од себеси по силно е да не прекори ништо:sun:.
 
А ако ја ебел две вечери по ред?

И да ја ебел 20 вечери по ред, тоа што мене ми е важно е дали ја сака.
Ако ме сака мене, ако е искрен, ако сака да му простам и нема намера пак да ме изневери-ќе му простам.

Знам дека не беше прашањево за мене но, сепак...:)
 
Aко човек искрено сака, нема ни да му падне ни на крај на памет да изневери!
 
И да ја ебел 20 вечери по ред, тоа што мене ми е важно е дали ја сака.
Ако ме сака мене, ако е искрен, ако сака да му простам и нема намера пак да ме изневери-ќе му простам.

Знам дека не беше прашањево за мене но, сепак...:)

Па ако те сака тебе нема да те изневерува,туку моментите што ги поминал со неа во неверство би ги поминал со тебе.:smir:

Едит:Е Крејзи ме претекнала :)
 
Па ако те сака тебе нема да те изневерува,туку моментите што ги поминал со неа во неверство би ги поминал со тебе.:smir:

Едит:Е Крејзи ме претекнала :)

Ха, знаев дека ваква реплика ќе имам.

Не мора да значи, можеби сум била далеку, можеби не сум можела од икс причини...Не ми текнува сега нешто поконкретно но, доказ за љубовта не е секогаш верноста.Може да ти биде верен а да не те сака и обратно.:)
 
Па мислам дека ако си била далеку можел да се воздржи ако ништо друго,барем од љубов кон тебе.(не мислам лично за тебе)
Точно,верноста не секогаш е доказ за љубов,ама не е ни неверството.
 
Ха, знаев дека ваква реплика ќе имам.

Не мора да значи, можеби сум била далеку, можеби не сум можела од икс причини...Не ми текнува сега нешто поконкретно но, доказ за љубовта не е секогаш верноста.Може да ти биде верен а да не те сака и обратно.:)

Дека може да ти биде верен, а да не те сака - може, ама обратно не.
Ајде ако не, нека оди нека спие со пола град, ама битно ќе ти купи цвеќе, ќе те погледне мило, ќе ти каже те сакам, ќе те гушне и тоа значи дека те сака?

Да, не е само верноста критериум дека некој е заљубен, но дефинитивно е еден од нив и ако не го исполнува тој критериум - Goodbye my lover, goodbye my friend!

Љубовта се докажува постојано, преку било какви постапки. Верноста е една од нив.
 
Зборуваме за простување на неверство, а не давање дозвола на партнерот да ни биде неверен, да спие со пола град...
Јас лично можам да простам, еднаш, можеби и двапати но третиот пат сигурно дека не.
Можел да се воздржи-велите, но понекогаш човек не може да ги контролира своите нагони па колку и искрено да е заљубен.Да-треба да се контролираат нагоните, треба да се воздржуваме но ако некогаш утнеме во тоа, мислам дека заслужуваме да ни биде простено.
 
Секогаш може да ги контролира своите нагони - нели сме затоа различни од животните.
Ете видиш, да се работеше за животни ќе разберев, али да ми каже некој дека човек не може да се воздржи да легне или да се мува со некоја таму - за мене се чисти глупости, а тој што ќе опрости, за мене е наивен човек кој многу розево ги гледа работите и живее во облаци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom