Дали би одбрале вечен живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

Dali bi odbrale vecen zivot?

  • Da

    Гласови: 169 43,3%
  • Ne

    Гласови: 221 56,7%

  • Вкупно гласачи
    390
Јас не би одбрал. Освен ако има повеќе светови, повеќе универзуми кадешто има живот, и така натаму. Значи вечен живот на Земјата, цело време како човек, не.
 
Не мислите дека вечниот живот би бил досаден..
Што ќе се случи ако една третина од населението на Земјава се вечни а притоа да се раѓаат нови млади деца... Би настанал хаос. Преголема населеност, издржувањето на пензионерите...
Дали да се биде вечен се подразбира да се биде вечно млад?!
Јас не би одбрала вечен живот...
 
Не само што да го имам како избор ме прави среќе, туку, би дал бубрег, јајце и 3 прста.
 
Како може да бираш вечност кога си веке вечен , како можеш да умреш ако не си се родил?
Кога тоа инсталираа компјутери во матките на жените?
Или на мобилен си?
Пошо не ми е јасно како пишуваш ако не си се родил -.-

Не мислите дека вечниот живот би бил досаден..
Што ќе се случи ако една третина од населението на Земјава се вечни а притоа да се раѓаат нови млади деца... Би настанал хаос. Преголема населеност, издржувањето на пензионерите...
Дали да се биде вечен се подразбира да се биде вечно млад?!
Јас не би одбрала вечен живот...

Кој рече дека сите ќе бидат со вечен живот?
Прашањето е специфично...само ти да имаш вечен живот.
Всушност прашање е дали би можел/а да живееш и откако сите твои блиски ќе ги нема?
Добро ќе можеш пошо ќе бидеш вечна али дали сеуште ќе сакаш?
Ја би можел.
 
Јас не би сакала, да би можела ама не би сакала...
Прашањето не е така едноставно...што ќе се случи со стареењето на организмот...Дали ќе можеме да ја одбереме и возраста на која би останале вечни?!?!?!? Затоа имам кажано еднаш вечен живот не значи вечна младост..
 
Јас би живеела вечен живот но и оние што ги сакам и тие да имаат вечен живот...само мене не ми треба затоа што не ми е потребен ако ги немам околу мене оние кои си ги сакам.....
 
Јас би живеела вечен живот но и оние што ги сакам и тие да имаат вечен живот...само мене не ми треба затоа што не ми е потребен ако ги немам околу мене оние кои си ги сакам.....
Ама и да немаш вечен живот и во обичниот живот ги губиш тие што ги сакаш...
Тие трагедии како така се случуваат...
 
Јас би одбрал едно 900 години, до 950. :) Доста ми се нека има и за другите од тоа вечниот живот. :D
 
Животот тогаш би ја изгубил секоја смисла за мене. А и неговата вредност. По некое време се би ми станало рамно, исто, секојдневно, изживеано и тогаш би почнале главоболките.
 
Муабетот е ВЕЧЕН живот а не животен век по избор

Мислиш вечен живот од кој нема спас, да претпоставиме дека не е можно ни самоубиство? Тоа не знам дали некој би го сакал. Може да ја помине цела вечност барајќи начин како да се самоубие. А вечно млад со опција за умирање... може. :)
 
^Под ВЕЧЕН се подразбира бесконечен нели..иако тоа се малку несфатливи зборови...но дали вечен живот значи вечна младост:toe:

И имам кажано погоре дека не би избрала вечен живот..
 
^Под ВЕЧЕН се подразбира бесконечен нели..иако тоа се малку несфатливи зборови...но дали вечен живот значи вечна младост:toe:

И имам кажано погоре дека не би избрала вечен живот..

Претпостави си дека значи и вечна младост, по твој избор на возраст. :) А тогаш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom