Да сум градоначалник на мојот град би...

  • Креатор на темата Креатор на темата Кирца
  • Време на започнување Време на започнување
Би средил велосипедски патеки да имат многу ко на пример во Белгија. Ем не е ич скапо, ем е исплатлива работа.
 
:icon_lol:

993531_10151550052348492_1695312518_n.jpg

 
ДА сум градоначалник на мојот град Куманово бидејќи од таму сум има да покрадам се живо и диво градот лично мој ке биде.Да се знае кој е кметот ке си ставам мои луѓе од поверење и има да си свиркам и да си ставам пари во сметка
 
......нема да садам скапи цвеќиња по Партизанска, а да остаам ѓубре и некосена трева лево и десно од нејзе т.е нема да го крадам народот глуп што ме гласал со некои глупи цвеќиња - барем ......други ствари, ај да не зборам поубаво....
 
Да сум градоначалник на било кој град во Македонија на прво место и тоа веднаш и консеквентно би го средил урбаниот хаос и менаџментот со ѓубре и отпадни води а со тоа и хигиената.
Тоа е прво и основно. Секогаш пред да почнеш нешто да работиш прво и основно е да си го средиш и исчистиш работното место.
 
Да сум градоначалник на мојата општина... ќе ја направам македонскиот Лас Вегас :D
 
Видете го примерот на Илчо Захариев со Штип.Едноставно човекот има храброст радикално да постапува и рационално.
Дај боже сите да се како него,тогаш ќе цветаме.Човекот ќе успее да го среди целиот хаос кој Коцев и Алексов пред него го имаат направено.
Захариев не е градоначалник на владејачката партија,тој е независен градоначалник подржан од овие кои видоа дека тој е најдобар,и дека имаат 100% победа,Захариев во Штип ќе го победи и Обама да му е противкандидат.
А да сум градоначалник во мојата општина,прво на советниците платата ќе им ја ставам 7-8 илјади денари,ќе оставам онолку вработени колку има потреба општината.Средувања на селата со канализации и водоводи,искористување на топлатата вода,давање на ридовите под концесии за ветерници.
Партерни уредувања,терени за спортување.Брендирање на некои производи.
 


:eek: Внатре има двајца рамковни што ги редат вака? :D
Да сум градоначалник на Скопје? Кхм... Би го направила целиот комплекс факултети во барок. Стадионот исто. Пошто во времето на барокот фудбалската репрезентација на Македонија имала најдобар пласман, па во чест на тоа...
 
би го обоил градот ;)
ќе организирам еден европски( ај да не е светски) фестивал со сите талентирани уметници на графити и стрит-арт
кои би го разубавиле целиот град- а не она постоечкото лудо сивило кое ги депримира граѓаните
 
Би ќутел би ги слушал овија од врвот и би си гребел миљончиња. Е саа ке треба ке се прошетувам низ пазари, паркови, фабрики, села со Николае ама кога ке ме тргнат од престолот ке имам зимница. Шала на страна и на помалите општини градоначалниците како на пр. Берово, Виница, Кочани, Св. Николе во текот на мандатот за себе успеале да фатат и до десетина милиони... А замисли тек кај големите општини, градови.
 
На кеј кај шо се шипките би направил импровизирана теретана со сите справи направени од старо железо, затворена со висока жица ко на игралишта и еден чувар од општина таман работно место ќе ќари
 
Да сум градоначалник на Тетово и да имам пари што сакам да правам неколку работи би направил и сменил а
  • Би забранил засекогаш возење секаков вид возила кај кафиќите Ул. “Борис Кидрич” Бр.18 до некаде последните кафиќи што се и тука би се направила пешачка зона, кај што ќе има згради, исклучиво кафиќи, паркови и со плус голема патека за точаци.
  • Би наредил јавното комунално претприатие на секој час да ги чисти кантите со ѓубре иначе нема ни плата ни работа и нема мрчење од тие вработени ама ова ама она има да работа и точка.
  • Би забранил плоштадот да е луна парк т.е количња да возат таму деца. Би се изградила фонтана на плоштад, многу клупи и паркче.
  • Ќе се изгради посебен луна парк а спортскиот центар ќе добие нови игралишта за тенис, фудбал, кошарка плус ќе се формираат клубови за секој од наведените спортови што ги пишав, исто секоја година ќе се организираат турнири. И да не заборавам да се знае ќе има камери и редари цел ден да казнуваат ако некој уништува.
  • Ќе се реновира целосно градскиот стадион и салата кај спортски центар слично како Борис во Скопје што е.
  • Ќе се руши културниот дом и на негово место ќе се изгради нов културен центар со три кино сали, една театар сала и една сала за концерти плус дел за конгреси и поромоции одржување.
  • Градби дивоградби ќе се рушат и наново ќе се градат куќи и згради за социјални семејства и други семејства. Еден дел ќе биде целосно плански направен само за изградба на куќи со дворови и таму згради ќе биде забрането.
  • Ќе се руши целот пазар и на тоа место ќе биде изграден голем Mall , а пазарот ќе се лоцира кај што е сега Шик Јелак зградата уреден по сите нишани и стандарди и со закон ќе се забрани продавање на роба блузи, кондури, патики и триста други тракатанци :D
Ова кога се би направил нешто има да џапнам од пари нешто и би си купил куќа некаде на море со моја приватна плажа да си го прчам ку**т секое летен одмор со жената ми (ако дај боже тогаш ја имам). Другото од пари ќе чувам за да раководам со градот.

Лажеш...Секој би крадел, посилно е од нас.
Јас да не се лажеме не би крадел премногу како што ти викаш, да лакоми сме на пари ама би ми било страв и срам тоа да го правам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom