Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За 1. не си во право.Во секој електроенергетски систем колку што струја се произведува точно толку и се троши.1Можеби никој не ви објаснил, но централите и дистрибуцијата за да испорачаат континуирано на пример (да речеме паушално) 10-20-100 Mw/h тие се приморани постојано да имат производство на цца 30-40% повеќе струја како не би испаднал системот.
2.Така е и овде и секаде во Светот....
3.Секаде е така, само што во ‘‘демократските земји‘‘ тој трошок е вкалкулиран во цената.... Зошто до ден денешен никој не го направи тоа и кај нас, навистина не ми е јасно... Но, веројатно за да имаат за што да дискутираат пензионерите и да добиваат вака смешни петиции... секако највеќе не го прават тоа (не ги калкулираат 33-те во цената), за да манипулираат со нас, како тоа ние сме имале најевтин Kw/h - струја во Европа у Свет можеби!
За 1. не си во право.Во секој електроенергетски систем колку што струја се произведува точно толку и се троши.
Електроенергетските системи немаат можност поинаку да работат. Во турбините постојат регулатори кои ја одржуваат фреквенцијата на струјата и ако се појави намалување или покачивање на потрошувачката тие веднаш реагираат и го прилагодуваат производството
За 2. исто не си во право. Ангажирана моќност за домаќинствата се пресметува само во Македонија и никаде на друго место.
Пред неколку месеци читав напис во хрватски весник и таму пишуваше ... замислете, во Македонија пресметуваат ангажирана моќност.
Еве обиди се да најдеш друга земја каде што се пресметува ангажирана моќност за домаќинствата.
За 3. си во право. Манипулираат со нас дека струјата е ефтина.
Во ЕУ струјата е поскапа но само за домаќинствата бидејќи на тој начин собираат средства за изградба на обновливи извори на енергија. Но и во ЕУ струјата за индустријата е поефтина од колку што е за домаќинствата кај нас.
Какво е ова волшебно броило? Ако имаш дома електромотор што троши 90% енергија за механичка работа и 10% оди во топлина, колку ќе измери броилото?Броилото мери само активна енергија односно онаа ел. енергија што се претвара во топлина.
Без потреба се впуштате во употреба на техничките поими „ активна моќност “ „ реактивна моќност “, „ ангажирана моќност “ „ енергетска ефикасност “, „ механичка работа “ и слично. А забележав дека некои учесници не го знаат значењето на овие поими
За нашава дискусија е битно дали „ ангажираната моќност “која ја плаќаме 33% е оправдана. Односно дали за тие пари возвратно добиваме нешто
Одговорот е не.
Плаќајќи „ ангажирана моќност “ ние не добиваме ништо.
Тие пари ги наплатува ЕВН иако ништо возвратно не добиваме, ниту ЕВН нешто дала ниту ние нешто добивме
ЕВН вика дека од тие пари не гледа ништо бидејќи завршувале кај државата. Па најповикан да одговори е ВМРО.
каЈ МЕНе и тебе сигурно нема да завршат...хахахСтварно незнам точно каде завршуваат 33%
Еден вработен во МЕПСО ми рече дека завршуваат во ЕВН, друга информација немам